Monday, July 1, 2013

TWELFTH AND FINAL ADDRESS TO ALL LIONS

Драги пријатели lions-и,

Дојдовме до крајот. Измина и дванаесеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година. Ова е дванаесетто месечно, но и последно обраќање за оваа фискална година преку кое ви велам благодарам на довербата за изборот за гувернер; благодарам на поддршката низ годината; беше задоволство да се служи како гувернер оваа година на така прекрасни lions-и како вас.

Ова беше за мене најинтересната година. Така и започна уште на 21 мај 2012 кога само два дена откако ми ја укажавте довербата да бидам гувернер во фискалната 2012/2013 се роди мојот првороден син. Оттогаш па се до сега имав задача успешно да ги менаџирам своите редовни работни обврски, обврските кон моето семејство и оние кон моето пошироко Lions семејство. Направив се што можев за никој да не се почуствува запоставен, се надевам дека бев успешен во напорите.

Во годината што измина интензивно работевме со клубовите и во дистриктот.
Низ годината организиравме три посебни состаноци за координација за работата во GMT и GLT; четири состаноци на Кабинетот на дистриктот; неколку средби на Советот на гувернери (Почесен комитет на гувернерот на дистриктот); одржавме средби на Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот; ги посетив или одржав средба , моја замена во неколку наврати беа моите вице-гувернери, со повеќето од клубовите во дистриктот и ми беше чест да бидам во друштво со сите членови на моето Lions семејство.

Во годината што измина го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во текот на годината иако не толку видливо упорно работевме на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. Оваа година за прв пат здружно го прославувивме новото членство и на сите им посакавме топло добредојде во нашата асоцијација. За прв пат во нашиот дистрикт организиравме прослава на Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day).
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме ПЕТ нови клубови, Lions клубот Битола БАС КАМПУС, Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ, Lions клубот Скопје LUX AETERNA, Lions клубот Скопје ЗОГРАФ и Lions клубот Тетово SEEU. Морам да напоменам дека успехот не е целосен и искрено жалам за загубата на два од нашите клубови Lions клубот Скопје ВОДНО и Lions клубот СТРУГА. На крајот на годината нашиот дистрик брои 42 клубови.
Низ годината во сиот наш напор за проширување на членството успеавме да воведеме нови 356 lions членови во сите категории на членство. Повторно, за жал, успехот на GMT тимот неможе да биде потполн, бидејќи во истото време додека воведувавме во членство нови членови загубивме дури 301 од постоечките членови. Сепак, низ овој процес на обнова на членството успеавме најпрвин да постигнеме нето пораст од 55 членови. Успехот е далеку позначаен поради фактот дека во процесот урнавме една бариера; после четири години напори во таа насока ја надминавме фамозната илјадарка. НАШИОТ ДИСТРИКТ ДЕНЕС БРОИ 1003 LIONS ЧЛЕНОВИ!!!

Во годината што измина го истакнавме дистриктот во рамките на Меѓународната асоцијација.
Благодарение на иновативноста, како и благодарение на упорноста оваа година дистриктот го истакнавме во рамките на Меѓународната асоцијација. Имплементиравме активности во речиси сите области на меѓународната програма: ја пилотиравме програмата Lions Quest; по втор пат, овој пат само по масовно, го спроведовме изборот за најуспешен Постер на мирот; по втор пат, повторно поуспешно, го спроведовме и изборот за најуспешен Есеј за мирот; по прв пат го спроведовме изборот за најубава еко-фотографија и станавме дел од финалистите; за прв пат избравме свој претставник на Lions European Music Competition и Lions European Young Ambassador Competition. Најмасовно учествувавме во имплементацијата на кампањата на нашиот меѓународен претседател за промоција на писменоста и читањето, а ќе бидеме и домаќини на пилот проектот за соработката помеѓу Lions Clubs International и United States Agency for International Development. Верувам дека по овој проект веќе ќе нема такви што нема да знаат за нашата асоцијација и за нашето служење на заедницата.
Благодарение на неговата наклоност, се разбира и на нашата гостопримливост, оваа година дури два пати гостин на нашиот дистрикт беше Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН и неговата сопруга Линда МЕДЕН. Почеста беше дотолку поголема бидејќи заедно ги одбележавме нашите два јубилеи, меѓутоа и поради фактот дека во нашата мала Македонија и малиот дистрикт оваа година пристигнаа првиот Lions Ambassador of Good Will Award, три International President’s Medal, два International Leadership Medal и дури тринаесет International President’s Certificate of Appreciation.

Во годината што измина служевме на заедницата, добиравме во срцата на нашите корисници го менувавме општеството во кое живееме.
Годинава клубовите на нашиот дистрикт, сите lions-и, сите офицери во клубовите и во дистриктот најангажирано служеа на заедницата. Бевме вистински Lions-и и допиравме во срцата на многумина. Успеавме да покажеме дека се грижиме и придонесовме кон менувањето на општеството во кое живееме.
Клубовите оваа година имплементираа 467 активности, во точно 22174 часови волонтерска работа и со вредност од 206.706,00 американски долари. Ништо од ова не се обични бројки, тоа е УСПЕХ и, работа и резултат достојни за почит!
Работењето на клубовите и дистриктот беше поддржано и со повеќекратна финансиска помош од Lions Clubs International Foundation во вредност приближна до 70.000,00 американски долари. Успехот беше дотолку позначаен бидејќи оваа година клубовите не само што аплицираа за проекти поддржани од нашата фондација, туку истовремено донираа во неа. Дури пет наши клубови донираа во нашата фондација, а од оваа година братството на Мелвин Џонс (Melvin Jones Fellowship)е побогато за првиот член од дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.

Во годината што измина се грижевме за нашиот подмладок и го организиравме Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, работевме активно на реорганизирањето на нашите Leo клубови; им помогнавме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Се потрудивме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Беше организирам специјална средба на сите Leo клубови, Годишна LЕО конференција, а со тоа го организиравме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА. Првиот претседател на Leo дистриктот е leo Теодор ЈОСИФОВСКИ од Leo клубот Скопје ОМНИА.


На крајот за последен пат потсетувањето на нашиот меѓународниот претседател кој вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликуваше вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.

Во текот на наредната година бидете подеднакво добри lions-и, посветени, ангажирани... Обединети во службата (United in Service)! Продолжете, како што вели идниот наш меѓународен претседател Бери Ј. ПАЛМЕР, и натаму да ги следите вашите сништа (Follow Your Dreams)!


BE A LION – TOUCH A HEART!


Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment