Tuesday, May 14, 2013

ELEVENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во единаесеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на здравјето и движењето. Ова е единаесетто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да посетам два клубови, како и да учествувам на првата годишна конференција на LEO дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА и на состанок на Советот на LЕО дистриктот.

Во текот на изминатиот месец го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во текот на месец март имавме засилена активност на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. Минатиот месец пак го прославувавме новото членство и на сите им посакавме топло добредојде во нашата асоцијација. За прв пат во нашиот дистрикт беше организирана прославата на Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day). Настанот се случи на 13 април 2013 и ги опфати сите клубови и девет градови во Република Македонија. Одбележувањето вклучи дури девет тимови на офицери и предавачи на Националниот институт за развој на лидерство и започна точно во 12.00 часот.
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме уште еден нов клуб, Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ. Во процес на основање се уште неколку нови клубови во главниот град, но и во неколку други градови во државата. Воедно, успеавме да ги реактивираме клубовите ШТИП, ПРОБИШТИП, РАДОВИШ и Куманово ТУМБА, а ни преостануваат уште неколку клубови (СТРУГА и Скопје ДЕНАРИУС) за успехот да биде комплетен.
За потсетување зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член! За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: http://www.lionsclubs.org/EN/becoming-a-lion/how-to-become-a-member/index.php

Во текот на изминатиот месец продолживме да се подготвуваме за 5тата Национална конвенција на дистриктот.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда. Во рамките на подготовките за истата, беше испратен повикот до сите членови за учество на конвенцијата, а беше утврден и дневниот ред на конвенцијата и составени најголемиот дел од материјалите за делегатите и клубовите.

Во текот на изминатиот месец им посветивме внимание на нашиот подмладок.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, минатиот месец работевме активно на реорганизирањето на нашите Leo клубови; им помогнавме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Се потрудивме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Беше организирам специјална средба на сите Leo клубови, Годишна LЕО конференција, а со тоа го организиравме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА. Првиот претседател на Leo дистриктот е leo Теодор ЈОСИФОВСКИ од Leo клубот Скопје ОМНИА.

Во текот на овој месец завршува процесот на избори во клубовите.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, клубовите веќе требаа да го спроведат процесот на избори и за тоа да известат до Lions Clubs International, меѓутоа и до Секретарот на дистриктот користејќи го образецот PU101.

Во текот на наредниот период да не дозволиме повеќе да загубиме ниту еден единствен член, ниту клуб!

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment