Добредојдовте во вториот месец од оваа 2012/2013 фискална
година. Ова е второто месечно обраќање за оваа фискална година за кое повторно се
надевам дека ќе го чуствувате како допис од ваш пријател, како извештај или
потсетник, и секако како информатор.
Во месецот што измина успешно ја започнавме програмата за
комуникација со клубовите и членството.
Конечно после повеќе обиди lions-ите од Република Македонија
имаа можност за прв пат од нивното работење, а после повеќе обиди во изминатите
години во издавање на билтен, да го видат првиот број на LION магазинот на
македонски јазик. За овој успех, ќе ми дозволите, да им заблагодарам на сите
што со свои текстови, фотографии и информации придонесоа за содржината на
магазинот, како и на уредувачкиот одбор, а посебно на главниот и одговорен
уредник lion Јулија Пишпецка-Прокопиева и техничкиот уредник lion Бојан
Ивановиќ (Бригада дизајн). Во месецот кој измина профункционира facebook страната
на нашиот дистрикт на која можат да поставуваат информации и фотографии сите
членови и клубови, а функционира и блог во кој за потребите на транспарентност
и отчетност ги впишувам своите (не)згоди од вршењето на функцијата. Сите оние
кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот
можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/3976855310/LION_MK_1.pdf
Во месецот што измина успешно ја одбележавме петтата
годишнина од почетокот на програмата за младинска размена во Македонија.
Ова лето во посета на нашиот дистрикт преку програмата за
младинска размена присуствуваа 12 младинци од повеќе европски држави. Воедно
дури 25 наши млади заминаа на некој од камповите во странство. Ова беше петта година
во која примаме младинци во нашите домови, клубовите, дистриктот и во државата.
Конечно ова беше и четвртиот Меѓународен младински камп кој го организира
нашиот дистрикт. Повеќе за младинската размена ќе имаме шанса да прочитаме во
новиот број на LION магазинот на македонски јазик. Очекувам дека следната
година достојно ќе го одбележиме јубилејот на 5тиот Меѓународен летен младински
камп.
Во месецот што измина продолживме да работиме на нашата
програма за служење на заедницата во повеќе аспекти.
Работејќи на имплементацијата на нашиот signature project „Исполнуваме
желби“ работиме на партнерствата со ИМБ Млекара А.Д. Битола и на исто такво со АЛФА
Банка А.Д. Скопје за кои се надевам дека сите информации ќе можете да ги
прочитате во новиот број на LION магазинот. Во рамките на програмата на
меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН за промоција на книгите и читањето, а
преку меморандумот за соработка со USAID интензивно комуницираме за остварување
на партнерство на Lions Д132 МАКЕДОНИЈА и македонските lions-и со оваа агенција
на Владата на САД. Комуникацијата отпочна на барање на агенцијата и оттаму,
имам исклучително позитивно чуство и очекувам дека од ова ќе може да се изроди
проект во кој ќе можат да се вклучат што повеќе членови и клубови. Конечно во
завршна фаза е потврдувањето на партнерството со „5та приватна гимназија“ и
“NOVA International Schools” за подготовка и аплицирање за грант во рамките на
програмата Lions Quest.
Во месецот што ни претходи го отвораме националниот
Environmental Photo Contest за 2012/2013 година, а ги правиме и завршните
подготовки за почетокот на националните натпревари за Peace Poster Contest и за
Peace Essay Contest.
Преку натпреварот Lions Environmental Photo Contest сите
членови имаат исклучителна можност да ја покажат сета своја гордост, но и
посветеноста на заштитата, подобрувањето и зачувувањето на животната средина.
Секој член, од било кој клуб може да учествува на натпреварот испраќајќи своја
фотографија согласно правилата утврдени од Меѓународната асоцијација на Lions
клубовите. За повеќе информации во врска со натпреварот можете да погледате на
следниот линк: http://0.mk/880ad
Одговорен координатор во Кабинетот на дистриктот за ова
подрачје е lion Пеце Цветановски од Lions клубот БИТОЛА.
Секој Lions клуб од дистриктот може да одлучи во соработка
со училиште, или младински центар да организира локален, или пак регионален натпревар
за Peace Essay Contest во кој ќе го избере својот претставник во натпреварот.
Се разбира клубовите можат да одлучат и директно да повикаат и спонзорираат
младинец за учество во натпреварот. Меѓународниот натпревар се одржува веќе 25
години, а оваа година темата на натпреварот е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine
Peace). Повеќе за темата и натпреварот во оваа година можете да прочитате на
следниот линк: http://0.mk/53649 . Согласно
правилата, потенцијалните учесници се млади кои најдоцна на 15 ноември ќе
наполнат најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за правилата
за учество можете да прочитате на наредниот линк: http://0.mk/0ee57.
Според ветеното, пријавата и материјалите за учество со
победничкиот постер веќе се набавени, а клубовите треба само да го изберат
својот победник.
Одговорен координатор во Кабинетот на дистриктот за ова
подрачје е lion Стефан Хаџи-Николов од Lions клубот Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН.
На истиот начин, секој Lions клуб е охрабрен да спонзорира
учесници на националниот натпревар за Peace Essay Contest. Овој натпревар е
наменет за младите со оштетен вид кои најдоцна на 15 ноември ќе наполнат
најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за правилата за учество
на натпреварот можете да прочитате на следниот линк: . Оваа 2012/2013 година,
меѓународниот натпревар е насловен „Замислувајќи
го мирот“ (Imagine Peace), а пријавите на учесниците се очекуваат најдоцна до 20
ноември 2012 година.
Одговорен координатор во Кабинетот на дистриктот за ова
подрачје е lion Билјана Костовска од Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New
Century.
Ги повикувам сите клубови и сите lion-и заинтересирани за
спонзорирање учесник, односно за лично учество да ги побараат координаторите и
од нив да се информираат повеќе за националните натпревари.
Lions Clubs International во текот на наредниот месец ги
повикува своите членови на натамошна обука користејќи ги еден од предвидените вебинари.
На веб-страната на Lions Clubs International во текот на
овој месец ќе бидат достапни обуките за претседатели на клубовите, а ќе може да
се следат и записите од претходните обуки за секретари на клубовите, како и за
благајници на клубовите.
Овие обуки се самостојни. Со ре-гистрирањето за пристап до
обуката, стануваат достапни: снимка од обуката, презентација во Power Point,
работна книга (Workbook) и листа на прашања и одговори од претходните сесии.
Заради следење на една од обуките можете да го користите
следниот линк: http://0.mk/1a087.
За потребите на развој на лидерство, нашиот дистрикт во
месец септември во Битола ќе организира REGIONAL LIONS LEADERSHIP INSTITUTE за
кој ги повикувам сите членови заинтересирани за натамошен развој на нивните
капацитети да се пријават. Одговорен Координатор за развој на лидерство во
дистриктот е lion Звонимир Цветановски, а пријавата за учество можете да ја
симнете од следниот линк: http://0.mk/dbe24
На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател
вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a
world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs
International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World
of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на
асоцијацијата веќе 95 години.
BE A LION – TOUCH A HEART!
Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013
No comments:
Post a Comment