Драги пријатели lions-и,
Добредојдовте во третиот месец од оваа
2012/2013 фискална година, во месецот на борба против дијабетес. Ова е третото
месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај
или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.
Во месецот што измина успешно ја продолживме
програмата за комуникација со клубовите и членството.
Повторно, благодарение на ангажманот на
повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор
излезе вториот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го
добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа
да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/3976855310/LION_MK_1.pdf
Во меѓувреме, од објавувањето на првиот и
вториот број на магазинот, откако линковите за нивно преземање беа поставени на
нашата facebook страница, истите беа прочитани и преземени од просечно 850
лица. Под претпоставка дека сите тие 850 лица се членови на нашата асоцијација,
може да заклучиме дека најголемиот дел од нашето членство било информирано за
случувањата во дистриктот. Сепак имајќи во предвид дека само дел од нив се
членови, тогаш можеме да бидеме задоволни од фактот дека успешно ги
комуницираме и дел од луѓето во заедницата за се она што се случува во
дистриктот.
Во месецот што измина воспоставивме ново
партнерство со бизнис заедницата, насочено кон имплементацијата на нашиот signature
project „Исполнуваме желби“.
Работејќи на имплементацијата на овој
проект, покрај партнерството со ИМБ Млекара А.Д. Битола се заокружи ново
партнерство со АЛФА Банка А.Д. Скопје и American Express.
Преку ова партнерство, сите членови на
дистриктот ќе можат да придонесат за проектот откажувајќи се од својот money
back во вредност од 2%, односно 5% од прометот направен на продажните места на
ОКТА, ВЕРО, Џамбо и Нептун. Дополнително, започната е интерна постапка за
откажување од годишната членарина во Amex која ќе биде донација за проектот
која ќе ја направи банката. Партнерството на нашиот дистрикт со Алфа Банка А.Д.
Скопје на овој проект ќе отпочне кон средината на месец септември 2012 година.
Ги повикувам сите lions-и од Македонија да аплицираат за издавање на American
Express кредитна картичка и притоа потпишат изјава дека се согласуваат да
учествуваат во имплементацијата на проектот. Воедно, ги повикувам сите наши
членови кои веќе поседуваат ваква кредитна картичка во својата филијала на
банката да побараат и потпишат ваква изјава.
Во месецот што измина воспоставивме уште
едно стратешко партнерство за имплементација на програмата Lions Quest во
Република Македонија.
Lions дистриктот 132 Македонија и “NOVA
International Schools” откако веќе извесен период во училиштето функционира Leo
клубот Скопје LUMOS направија исчекор и воспоставија стратешко партнерство за
имплементација на програмата Lions Quest.
Партнерството беше искористено како алатка
за потврдување на вољата на дистриктот за имплементација на програмата и
аплицирање за проект кој би бил финансиран од нашата фондација. Апликацијата
беше поднесена кон крајот на месецот, а за време на Европскиот Lions форум кој
се одржа во Брисел, Белгија истата беше одобрена. Оттаму имам чест и
задоволство да известам дека согласно апликацијата добитници сме на грант од
10.000,00 $ со кои ќе се имплементира делот Skills for Action од програмата Lions
Quest во гимназијата НОВА во Скопје. Со проектот ќе бидат опфатени сите 32
наставници од гимназијата, но и сите 250 ученици во истата, уште во првата
година од нејзината имплементација.
Имплементирањето на овој проект ќе ни
понуди можност да се подготвиме, да го промовираме истиот во заедницата и со
поддршка од институциите да аплицираме за нов проект што ќе значи и проширување
на опфатот на програмата во државата.
На почетокот на овој месец се одржува
Европскиот Lions форум, а на истиот ќе учествува и мала македонска делегација.
Оваа година на форумот, согласно статутот и
правилниците на Lions Clubs International и согласно статутот и правилниците на
Lions дистриктот 132 Македонија дистриктот го претставував на форумот јас, а со
мене во делегацијата учествуваа и првиот вице-гувернер Јелица Кртолица, како и
секретарот на кабинетот Давор Каракашев.
За прв пат оваа година, по сите учества и
презентации кои нашиот дистрикт досега ги имал, учествувавме со улога на
ко-претседавачи на сесијата за Централна и Источна Европа. На истата сесија
имав можност да го презентирам и искуството на дистриктот од процесот на
стратешко планирање, но и да ги претставам целите кои ги поставивме пред нас.
Претходно, пред одржувањето на форумот се одржа Advanced (Senior) Lions
Leadership Institute на кој и оваа година учествуваа двајца учесници. Оваа
година, согласно досегашната практика и секако согласно нашиот стратегиски
документ, учесник на овој институт беше вториот вице-гувернер на дистриктот
Драги Филевски. Вториот учесник кој самостојно се пријави за овој институт беше
секретарот на кабинетот Давор Каракашев. Со ова бројот на lion-и кои успешно го
завршиле овој институт се искачи на 5.
Во текот на овој месец отпочнувам со
редовните работни посети на клубовите во нашиот дистрикт.
Согласно статутот и правилниците гувернерот
на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку
редовните посети на клубовите.
Оттаму, оваа година беше изготвен календар
за овие редовни посети кои ќе започнат во средината на овој месец. Во текот на
септември 2012 година ќе ги посетам лично, односно ќе замолам некој од
членовите на тимот да ги посети следните клубови: ШТИП, ТЕТОВО, Скопје ГАЗИ
БАБА и Куманово ТУМБА.
Во текот на овој месец ги повикувам
клубовите да се приклучат кон борбата против дијабетесот.
Согласно календарот на дистриктот за оваа
година, овој месец е во знакот на борбата против дијабетесот. Оттаму, ги
повикувам сите клубови да се вклучат во оваа кампања и да организираат настан
со кој ќе придонесат во борбата со оваа болест. Настаните можат да бидат
индивидуално служење, кога клубовите ќе одлучат да понудат помош и да му служат
на одредено лице, односно кампањи во кои ќе биде подигната свеста на одредена
група лица во општеството. Настаните кои можат да бидат организирани и притоа
одат во прилог на наградувањето за исклучителност на клубовите се: предавање,
промотивна кампања, кампања за подигнување на свеста, колективно мерење на
шеќер во крвта, конкретна помош за одреден заболен од дијабетес...
Во текот на овој месец ќе се одржи REGIONAL
LIONS LEADERSHIP INSTITUTE во Битола, како и Charter Night на клубовите ДЕМИР
ХИСАР (22 септември 2012) и КИЧЕВО (28 септември 2012).
Наместо потсетување, овој месец отпочнуваат
националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во
коi ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие
меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а
оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Повеќе за темата и натпреварот во оваа
година можете да прочитате на следниот линк: http://0.mk/53649
. Согласно правилата, потенцијалните учесници се млади кои најдоцна на 15
ноември ќе наполнат најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за
правилата за учество можете да прочитате на наредниот линк: http://0.mk/0ee57. Според ветеното, пријавата и материјалите
за учество со победничкиот постер веќе се набавени, а клубовите треба само да
го изберат својот победник. Ги повикувам сите клубови и сите lion-и
заинтересирани за спонзорирање учесник, односно за лично учество да ги побараат
координаторите и од нив да се информираат повеќе за националните натпревари.
На крајот едно потсетување. Нашиот
меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is
someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out
among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа
година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги
споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.
BE A LION – TOUCH A HEART!
Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот
2012/2013
No comments:
Post a Comment