Денес му посакуваме
добредојде на првиот број на LION магазинот на македонски јазик.
Ова скромно електронско издание на 20тина страници информира за
последните случувања во Lions Clubs International, но и во нашиот
дистрикт. Магазинот исто така содржи и дел во кој ќе се информира
за активностите на клубовите. Во овој број, покрај за 95тата
меѓународна конвенција поместени се интервју со Јанез Бохорич,
лична порака од Небојша Давидовски, како и информации за
активностите на клубовите ДЕСАРЕТИ, ХЕРАКЛЕЈА и СВЕТЛИНА. Се
надевам дека токму овој дел ќе биде доволен предизвик сите клубови
да информираат за своите активности и на тој начин да порасне
нашиот магазин.
На Уредувачкиот одбор, како и на сите што придонесоа со свои
текстови, видувања, изјави, интервјуа, фотографии за ова
електронско издание им благодарам. Посебна благодарност до
Главниот и одговорен уредник lion Јулија ПИШПЕЦКА-ПРОКОПИЕВА и
Техничкиот уредник lion Бојан ИВАНОВИЌ од Бригада дизајн за
нивните залагања овој број да го види светлото на денот.
No comments:
Post a Comment