Monday, November 19, 2012

FIRST VISIT FOR 2012/2013 OF INTERNATIONAL PRESIDENT AND MRS. MADDEN

Драги пријатели lions-и, 

На крајот на овој месец во посета на нашиот дистрикт ни доаѓаат меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговата сопруга lion Линда МЕДЕН. 
Претседателот Меден ќе пристигне во Македонија на 29 ноември 2012 година, а во државата ќе престојува до 02 декември 2012 година. За време на престојот ќе има можност да посети повеќе градови и клубови, а ќе учествува и на повеќе активности спроведени во државата. Секако, во текот на нивната посета претседателот и г-ѓа Меден ќе бидат специјални гости на 6тиот Црно-Бел Бал во Битола. 

Посетата на Меѓународниот претседател и г-ѓа МЕДЕН ќе се одвива по следната програма: 

ЧЕТВРТОК, 29 ноември 2012 

20.30 – 21.30 Волонтерска активност – ЧИТАЊЕ ВО АКЦИЈА
                    Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА New Century #84018 
                    СОС-ДЕТСКО СЕЛО 

21.30 – 22.30 Свечена вечера – 1 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО 
                    Lions клуб Скопје 33 #84018 

ПЕТОК, 30 ноември 2012 

10.00 – 11.00 Волонтерска активност – ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ 
                    Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН #61061 
                    Завод за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид 
                    „Димитар Влахов“ – Скопје 

18.00 - 19.30 Волонтерска активност - ДОНАЦИЈА ЗА МУЗЕЈОТ НА БИТОЛА - 
ЧИТАЊЕ ВО АКЦИЈА 
                     Lions клуб БИТОЛА #99545 
                     МУЗЕЈ НА БИТОЛА 

САБОТА, 1 декември 2012 

13.30 - 14.30 Волонтерска активност – СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ 
СИДАТА 
                    Leo клуб Битола АЛФА 
                    Leo клуб Битола КАБАДАЈА 
                    Lions клуб Битола КАБАДАЈА #105516 
                    ШИРОК СОКАК 

ВОЕДНО ВЕ ПОВИКУВАМ, СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА КЛУБОВИ, НО И СИТЕ LIONS-И, ПОВЕЛЕТЕ ВО БИТОЛА НА СРЕДБА СО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И НЕГОВАТА СОПРУГА, ВЕЈН И ЛИНДА МЕДЕН. 

Средбата ќе се одржи во проширен состав со Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот, на 01 декември 2012, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола. На средбата ќе се работи според следниот дневен ред: 

1. Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013 година - 10 минути; 
Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 14 ноември 2012 година. 

2. Годишна програма за 2012/2013 - 25 минути; 
Состојба со реализирани активности и постигнати цели за годината 2012/2013. Извештаи од: 
- Региските претседавачи (3 минути): Елизабета Србиновска-Костовска (Исполнуваме желби); Слободан Вукиќевиќ (Прославуваме јубилеи); Михајло Ширгоски (Меѓународна програма на активности); Љубица Ангелкова-Манговска (Комуникации); 
- Одделни координатори во кабинетот на гувернерот (2 минути): Ангел Јанев - Постер на Мирот; Александар Зафироски - Lions Quest; Марина Свиличич - LCIF; Гоце Бурзевски - Младинска размена; Јулија Пишпецка - LION магазин; Емил Лазаревски - International Twinning; 

3. Обраќање на меѓународните гости - 40 минути; 
Обраќање на Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН и г-ѓа Линда МЕДЕН. 
Дебата помеѓу меѓународниот претседател и претседателите на клубовите во дистриктот. 

Обраќање на Поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН.

4. Доделување на награди и признанија - 10 минути; 

5. Разно - 5 минути. 

Вечерта ќе уживаме во прекрасната забава од 6тиот Црно-Бел Бал оваа вечер во покровителство на Н.Е. г. Кристофер АЈВОН, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија. 

BE A LION – TOUCH A HEART! 
Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Wednesday, November 14, 2012

2nd GLT/GMT COORDINATION MEETING

На 14 ноември 2012 година, во хотелот КАРПОШ во Скопје се одржа вториот состанок за координација на GMT/GLT за развој и работа со членството.

На состанокот присуствуваа следните членови: Андреја СТОЈКОВСКИ, Давор КАРАКАШЕВ, Иван КАРЕВ, Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА, Михајло ШИРОГОСКИ, Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Крумислав БАРЗОВ, Харалампи КОЦЕВ, Марјан ТАЛЕВ, Зоран ИЛИЌ, Соња БОЈАЏИЕВА, Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ, Јордан САВЕСКИ.

Своето отсуство од состанокот го најавија: Сашо ВАСИЛЕВСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Јелица КРТОЛИЦА, Коста КОСТАКЕВ, Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА, Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Небојша ДАВИДОВСКИ, а ненајавено отсуствуваа: Константин ЦВЕТАНОВ, Драган СПАСЕСКИ-ОХРИДСКИ.

На почетокот пред одржувањето на состанокот беа доделени награди и признанија на неколку заслужни lion-и, а потоа на сите членови на кабинетот им беа доделени инсигниите.

По првата точка од дневниот ред: Статус на членството во дистриктот, откако поднесов извештај за дотогашната работа и статусот на дистриктот, како и по обемната дискусија беа усвоени следните заклучоци:
  1. Тимот на Гувернерот на дистриктот преку своите соработки и при посетите на клубовите ќе се потруди да ги потсети и да им објасни на клубовите дека повеќе нови членови ќе значат освежување на клубовите и внесување на нов начин на работа и служење. Воедно, на сите клубови ќе се обиде да им објасни дека исполнувањето на обврските кои клубовите ги имаат кон дистриктот ќе придонесат за правилното функционирање на истиот, како и на можноста да им помогне на слабите клубови, или да учествува во меѓународни активности и програми. 
  2. Зонските претседавачи ќе се погрижат клубовите: Скопје ДЕНАРИУС, ШТИП, Куманово ТУМБА, ПРОБИШТИП, РАДОВИШ, СТРУМИЦА и СТРУГА да го регулираат својот долг кон Lions Clubs International веднаш и да го повратат својот статус на активни клубови. Воедно, ќе се погрижат во периодот до крајот на календарската година клубовите Битола ХЕРАКЛЕЈА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, ДЕМИР ХИСАР и КРУШЕВО редовно да ги отплаќаат ратите за долгот кон Lions Clubs International и на тој начин да го задржат својот статус на активни клубови.
  3. Благајникот на кабинетот преку редовна комуникација со благајниците на клубовите ќе се обиде да обезбеди редовно сервисирање на долговите на клубовите кон дистриктот за годината 2012/2013.

По точката два од дневниот ред: Работа со членството 2012/2013 свој извештај имаа зонските претседавачи Марјан ТАЛЕВ, Крумислав БАРЗОВ и Харалампи КОЦЕВ, а известив и јас за досегашите посети на клубовите и моите средби со членството. По дискусијата беа усвоени следните заклучоци:
  1. Во досегашниот период само еден зонски претседавач одржал средба на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот. Во периодот до одржувањето на Кабинетот на дистриктот (01.12.2012) сите зонски претседавачи ќе свикаат Советодавен комитет од својата зона и на истиот покрај проблемит дискутирани во точката 1 од состанокот, ќе зборуваат и за прогрмата за работа на дистриктот во 2012/2013 година и за меѓународната програма на Претседателот Вејн А. МЕДЕН.
  2. За одржаните состаноци, зонските претседавачи ќе известат пред одржувањето на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот.
Во рамките на точката три: Развој на членство 2012/2013 известување до присутните имаше GMT координаторот Соња БОЈАЏИЕВА, а со свои дискусии придонесоа и неколку од региските претседавачи, односно зонските претседавачи. На крајот од дискусијата, тимот на Гувернерот на дистриктот ги усвои следните заклучоци:
  1. Тимот на Гувернерот на дистриктот преку своите соработки и при посетите на клубовите ќе им укаже на истите за потребата од пораст на членството и за имплементацијата на таргетите за пораст на членството. 
  2. Најдоцна до 15.12.2012 член од GMT тимот делегиран од координаторот Соња БОЈАЏИЕВА заедно со Гувернерот на дистриктот ќе го посетат иницијативниот одбор за клубот Маврово-Ростуше за да одржат организациски состанок.
  3. Најдоцна до 15.12.2012 ќе бидат пријавени клубовите: Битола БАС и МАВРОВО-РОСТУШЕ.
Точката четири од дневниот ред беше посветена на развојот на лидерство за 2012/2013 година и во истата реферираше GMT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ. Од дискусијата произлегоа два заклучоци:
  1. На Советодавните комитети кои до одржувањето на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот ќе ги свикаат зонските претседавачи, ќе договорат и термин во кој ќе се одржи обука за секретарите на клубовите. За договорениот термин, зонските претседавачи ќе го известат GLT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ.
  2. GLT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ ќе изготви презентација за Lions Clubs International и Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА во која ќе се содржат и обврските на членовите и истата ќе ја дистрибира до сите членови на Тимот на Гувернерот на дистриктот за натамошно користење при организацијата на нови клубови, или при посета на старите клубови.
Во точката разно на присутните им ја презентирав накусо програмата за посетата на меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН, а го објаснви и концептот за вториот состанок на Кабинетот на дистриктот. По дискусијата, присутните ги усвоја следните заклучоци:
  1. За вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, региските претседавачи ќе изготват информација за програмите и проектите кои ги координираат. Воедно, презентации ќе имаат и одредени координатори за областите кои не потпаѓаат во координација на ниту еден од региските претседавачи. 
  2. На 29.11.2012 во Македонија ќе пристигне Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН со сопругата Линда МЕДЕН и ќе престојуваат до 02.12.2012 година. Во овој период ќе имаат неколку посети на клубови, ќе учествуваат на повеќе активности, а ќе имаат и неколку протоколарни средби. Сите lions-и се поканети да присуствуваат на отворената средба со претседателот за време на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, како и да останат на дружба истата вечер на 6тиот Црно-Бел бал во организација на клубот БИТОЛА.
  3. Сите клубови кои сакаат да го поканат претседателот на одредена активност или на средба, можат тоа да го сторат со допис до Секретарот на кабинетот. Средбата или учеството ќе биде реализирано согласно можностите и предвидената/веќе утврдена агенда на претседателот.
Третиот состанок ќе се одржи на 6 февруари 2013 година, повторно во Скопје.

Tuesday, November 13, 2012

FOURTH ISSUE OF THE "LION" MAGAZINE IN MACEDONIAN

Пред неколку дена излезе четвртиот број на LION магазинот на македонски јазик. Темата на овој број е боењето на црно-белиот свет со помош на пријателството и служењето и 6тиот Црно-Бел Бал кој традиционално се одржува во Битола. Во овој број ќе може да прочитате: воведник на Драги ФИЛЕВСКИ; Црно-Бел Бал во Битола; лична порака од пранешниот гувернер на дистриктот Ангел ГЕОРГИЕВСКИ; обраќање на Линда МЕДЕН, сопруга на меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН; интервју со поранешниот гувернер на дистриктот Небојша ДАВИДОВСКИ, како и информации за активности на повеќе клубови во дистриктот.

FIFTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS

Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во петтиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на стари и изнемоштени лица. Ова е петто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина успешно ја продолживме програмата за комуникација со клубовите и членството.
Повторно, благодарение на ангажманот на повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор излезе четвртиот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/363945520/LION%20Magazine%20Issue%204.pdf
Во меѓувреме бројот на лица кои ги преземале досегашните изданија секојдневно расте.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да се сретнам со членовите на клубовите: КАБАДАЈА, ДЕСАРЕТИ, ЈУСТИНИЈАН, ПРИЛЕП, ВОДНО, АЛФА и КРУШЕВО.

Во месецот што измина клубовите активно се приклучија кон борбата против слепилото.
Согласно календарот на дистриктот за оваа година, месец октомври беше во знакот на борбата против слепилото. Оттаму, сите клубови се вклучија во оваа кампања и организираа настан со кој придонесоа во остварувањето на мисијата на нашето движење и во продолжувањето на борбата кон која не повикала да се придружиме Хелен Келер во 1925 година. Наши претставници оваа година учествуваа и на Централниот настан за одбележување на денот на белиот стап кој оваа година се случи на 15 октомври 2012 година во Кавадарци во организација на Националниот сојуз на слепите лица.

Наместо потсетување, во изминатиот месец продолжија националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во кои ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Благодарение на учеството на повеќемина наши lions-и, како и благодарение на најактивната досега координација на учеството дистриктот се наоѓа неверојатно близу до исполнувањето на целите и целосно пресретнување на утврдените индикатори за успехот, барем 50 учесници во барем 3 регионални натпревари, односно барем 10 учесници. Наскоро комисиите утврдени од кабинетот на дистриктот ќе ги изберат најдобрите пријави и ќе го знаеме нашиот претставник на обата меѓународни натпревари.

Во текот на овој месец ве повикувам да се погрижиме за старите и изнемоштени лица.
Погрижете се, секој од нашите најблиски, меѓутоа и други стари и изнемоштени лица згрижени во специјализираните установи да се почуствува сакан, потребен, згрижен дел од нашето семејство. Погрижете се да им помогнете на старите и изнемоштени лица да ги извршуваат своите секојдневни обврски и потреби според нивната волја. Активностите кои можете да ги преземате, а кои повторно ќе бидат ваш придонес кон освојувањето на наградата за исклучителност на клубот на кој му припаѓате е посета и/или донација на дом за стари и изнемоштени лица, помош на одредено старо лице, помош и поддршка на старите и изнемоштени лица во нивното движење низ градот во кој живеат, односно во нивното секојдневното функционирање.

Во текот на овој месец ве предизвикувам да се придружите кон акциската кампања на нашиот меѓународен претседател во борба против неписменоста.
Според др. Зевс, автор на повеќе детски книги „Колку повеќе читаме, толку повеќе учиме. Односно, колку повеќе учиме, на толку повеќе места ќе можеме да патуваме.“ Оттаму борбата против неписменоста замислете ја како кампања за промоција на книгата и читањето. Нашата асоцијација има утврдено поголема листа на ресурси кои можете да ги употребите за спроведувањето на вашите акции, а предлагаат и активности кои можете да ги преземете. Донирањето на книги, организирањето на поетски читања, снимањето на аудио книги, печатењето на книги во браево писмо се активности кои не само што се очекуваат, туку можат да бидат поддржани и од нашата фондација. Повелете одберете ја вашата активност и потрудетесе вашиот клуб да биде забележан.

Во текот на овој месец во посета на нашиот дистрикт ни доаѓаат меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговата сопруга lion Линда МЕДЕН.
Претседателот Меден ќе пристигне во Македонија на 29 ноември 2012 година, а во државата ќе престојува до 02 декември 2012 година. За време на престојот ќе има можност да посети повеќе градови и клубови, а ќе учествува и на повеќе активности спроведени во државата. Секако, во текот на нивната посета претседателот и г-ѓа Меден ќе бидат специјални гости на 6тиот Црно-Бел Бал во Битола. ВЕ ПОВИКУВАМ, СИТЕ LIONS-И, ПОВЕЛЕТЕ ВО БИТОЛА НА СРЕДБА СО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И НЕГОВАТА СОПРУГА, ВЕЈН И ЛИНДА МЕДЕН. Средбата ќе се одржи во проширен состав со Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот, на 01 декември 2012, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола. Вечерта ќе уживаме во прекрасната забава од 6тиот Црно-Бел Бал оваа вечер во покровителство на Н.Е. г. Кристофер АЈВОН, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

ALFA VISIT!

Бев изненаден, пријатно се разбира, кога ме потсетија дека на 29 октомври треба да присуствувам на средба во Lions клубот Скопје АЛФА. Никој дотогаш толку сериозно не ја прифатил мојата програма и особено календарот на посетите. Секако, никој и не ми најавил дека ме очекува на средба во соодветниот ден.
Посетата ми укажа зошто досегашните гувернери имаат огромна почит за членството на овој клуб, за нивната моќ да го менуваат светот и се разбира за нивната упорност тоа да го прават постојано.
На состанокот на кој најнапред се дискутираа редовни работни обврски и активности, имав можност да научам како функционира клубот и како соработуваат членовите. Какви лидери има во клубот и каква иновативност може да се очекува во активностите. Кон крајот откако претседателката на клубот, lion Дана СТОЈКОВА ми даде можност да се обратам одлучив низ шега да им признаам дека не е тоа никаква флоскула и учтивост, туку јас навистина се чуствувам исклучително пријатно на состанокот и среќен сум што вечерта ја поминувам во такво друштво. Веднаш потоа, дежурен виновник, секретарот Ѓорѓи В’чков, ставајќи го на тапет зошто не пријавил ниту една од силните активности што клубот ги има имплементирано се обидов да му честитам на клубот и да им заблагодарам на сите за нивната посветеност во ширењето на мисијата.
На крајот, зборувавме „За lion-истичките работи“: за состојбата со членстовот и планот за пораст во оваа година; за годишната програма на активности и можноста за вклучување на клубот во истите; за програмата на меѓународниот претседател; за соработката со другите клубови; и секако за предизвикот - Lions клубот Скопје АЛФА да биде еден од клубовите кои ќе бидат предложени за CLUB EXCELLENCE AWARD. Имавме и мала сесија на прашања и одговори, а на крајот на состанокот, едноставно посакав да останам уште малку. Оваа слика меѓутоа ќе продолжи да ме потсетува на убавата помината вечер во друштво на „Алфите“.

До некое следно видување!