Tuesday, November 13, 2012

FIFTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS

Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во петтиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на стари и изнемоштени лица. Ова е петто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина успешно ја продолживме програмата за комуникација со клубовите и членството.
Повторно, благодарение на ангажманот на повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор излезе четвртиот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/363945520/LION%20Magazine%20Issue%204.pdf
Во меѓувреме бројот на лица кои ги преземале досегашните изданија секојдневно расте.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да се сретнам со членовите на клубовите: КАБАДАЈА, ДЕСАРЕТИ, ЈУСТИНИЈАН, ПРИЛЕП, ВОДНО, АЛФА и КРУШЕВО.

Во месецот што измина клубовите активно се приклучија кон борбата против слепилото.
Согласно календарот на дистриктот за оваа година, месец октомври беше во знакот на борбата против слепилото. Оттаму, сите клубови се вклучија во оваа кампања и организираа настан со кој придонесоа во остварувањето на мисијата на нашето движење и во продолжувањето на борбата кон која не повикала да се придружиме Хелен Келер во 1925 година. Наши претставници оваа година учествуваа и на Централниот настан за одбележување на денот на белиот стап кој оваа година се случи на 15 октомври 2012 година во Кавадарци во организација на Националниот сојуз на слепите лица.

Наместо потсетување, во изминатиот месец продолжија националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во кои ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Благодарение на учеството на повеќемина наши lions-и, како и благодарение на најактивната досега координација на учеството дистриктот се наоѓа неверојатно близу до исполнувањето на целите и целосно пресретнување на утврдените индикатори за успехот, барем 50 учесници во барем 3 регионални натпревари, односно барем 10 учесници. Наскоро комисиите утврдени од кабинетот на дистриктот ќе ги изберат најдобрите пријави и ќе го знаеме нашиот претставник на обата меѓународни натпревари.

Во текот на овој месец ве повикувам да се погрижиме за старите и изнемоштени лица.
Погрижете се, секој од нашите најблиски, меѓутоа и други стари и изнемоштени лица згрижени во специјализираните установи да се почуствува сакан, потребен, згрижен дел од нашето семејство. Погрижете се да им помогнете на старите и изнемоштени лица да ги извршуваат своите секојдневни обврски и потреби според нивната волја. Активностите кои можете да ги преземате, а кои повторно ќе бидат ваш придонес кон освојувањето на наградата за исклучителност на клубот на кој му припаѓате е посета и/или донација на дом за стари и изнемоштени лица, помош на одредено старо лице, помош и поддршка на старите и изнемоштени лица во нивното движење низ градот во кој живеат, односно во нивното секојдневното функционирање.

Во текот на овој месец ве предизвикувам да се придружите кон акциската кампања на нашиот меѓународен претседател во борба против неписменоста.
Според др. Зевс, автор на повеќе детски книги „Колку повеќе читаме, толку повеќе учиме. Односно, колку повеќе учиме, на толку повеќе места ќе можеме да патуваме.“ Оттаму борбата против неписменоста замислете ја како кампања за промоција на книгата и читањето. Нашата асоцијација има утврдено поголема листа на ресурси кои можете да ги употребите за спроведувањето на вашите акции, а предлагаат и активности кои можете да ги преземете. Донирањето на книги, организирањето на поетски читања, снимањето на аудио книги, печатењето на книги во браево писмо се активности кои не само што се очекуваат, туку можат да бидат поддржани и од нашата фондација. Повелете одберете ја вашата активност и потрудетесе вашиот клуб да биде забележан.

Во текот на овој месец во посета на нашиот дистрикт ни доаѓаат меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговата сопруга lion Линда МЕДЕН.
Претседателот Меден ќе пристигне во Македонија на 29 ноември 2012 година, а во државата ќе престојува до 02 декември 2012 година. За време на престојот ќе има можност да посети повеќе градови и клубови, а ќе учествува и на повеќе активности спроведени во државата. Секако, во текот на нивната посета претседателот и г-ѓа Меден ќе бидат специјални гости на 6тиот Црно-Бел Бал во Битола. ВЕ ПОВИКУВАМ, СИТЕ LIONS-И, ПОВЕЛЕТЕ ВО БИТОЛА НА СРЕДБА СО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И НЕГОВАТА СОПРУГА, ВЕЈН И ЛИНДА МЕДЕН. Средбата ќе се одржи во проширен состав со Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот, на 01 декември 2012, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола. Вечерта ќе уживаме во прекрасната забава од 6тиот Црно-Бел Бал оваа вечер во покровителство на Н.Е. г. Кристофер АЈВОН, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment