Tuesday, November 13, 2012

ALFA VISIT!

Бев изненаден, пријатно се разбира, кога ме потсетија дека на 29 октомври треба да присуствувам на средба во Lions клубот Скопје АЛФА. Никој дотогаш толку сериозно не ја прифатил мојата програма и особено календарот на посетите. Секако, никој и не ми најавил дека ме очекува на средба во соодветниот ден.
Посетата ми укажа зошто досегашните гувернери имаат огромна почит за членството на овој клуб, за нивната моќ да го менуваат светот и се разбира за нивната упорност тоа да го прават постојано.
На состанокот на кој најнапред се дискутираа редовни работни обврски и активности, имав можност да научам како функционира клубот и како соработуваат членовите. Какви лидери има во клубот и каква иновативност може да се очекува во активностите. Кон крајот откако претседателката на клубот, lion Дана СТОЈКОВА ми даде можност да се обратам одлучив низ шега да им признаам дека не е тоа никаква флоскула и учтивост, туку јас навистина се чуствувам исклучително пријатно на состанокот и среќен сум што вечерта ја поминувам во такво друштво. Веднаш потоа, дежурен виновник, секретарот Ѓорѓи В’чков, ставајќи го на тапет зошто не пријавил ниту една од силните активности што клубот ги има имплементирано се обидов да му честитам на клубот и да им заблагодарам на сите за нивната посветеност во ширењето на мисијата.
На крајот, зборувавме „За lion-истичките работи“: за состојбата со членстовот и планот за пораст во оваа година; за годишната програма на активности и можноста за вклучување на клубот во истите; за програмата на меѓународниот претседател; за соработката со другите клубови; и секако за предизвикот - Lions клубот Скопје АЛФА да биде еден од клубовите кои ќе бидат предложени за CLUB EXCELLENCE AWARD. Имавме и мала сесија на прашања и одговори, а на крајот на состанокот, едноставно посакав да останам уште малку. Оваа слика меѓутоа ќе продолжи да ме потсетува на убавата помината вечер во друштво на „Алфите“.

До некое следно видување!

No comments:

Post a Comment