Wednesday, November 14, 2012

2nd GLT/GMT COORDINATION MEETING

На 14 ноември 2012 година, во хотелот КАРПОШ во Скопје се одржа вториот состанок за координација на GMT/GLT за развој и работа со членството.

На состанокот присуствуваа следните членови: Андреја СТОЈКОВСКИ, Давор КАРАКАШЕВ, Иван КАРЕВ, Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА, Михајло ШИРОГОСКИ, Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Крумислав БАРЗОВ, Харалампи КОЦЕВ, Марјан ТАЛЕВ, Зоран ИЛИЌ, Соња БОЈАЏИЕВА, Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ, Јордан САВЕСКИ.

Своето отсуство од состанокот го најавија: Сашо ВАСИЛЕВСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Јелица КРТОЛИЦА, Коста КОСТАКЕВ, Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА, Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Небојша ДАВИДОВСКИ, а ненајавено отсуствуваа: Константин ЦВЕТАНОВ, Драган СПАСЕСКИ-ОХРИДСКИ.

На почетокот пред одржувањето на состанокот беа доделени награди и признанија на неколку заслужни lion-и, а потоа на сите членови на кабинетот им беа доделени инсигниите.

По првата точка од дневниот ред: Статус на членството во дистриктот, откако поднесов извештај за дотогашната работа и статусот на дистриктот, како и по обемната дискусија беа усвоени следните заклучоци:
  1. Тимот на Гувернерот на дистриктот преку своите соработки и при посетите на клубовите ќе се потруди да ги потсети и да им објасни на клубовите дека повеќе нови членови ќе значат освежување на клубовите и внесување на нов начин на работа и служење. Воедно, на сите клубови ќе се обиде да им објасни дека исполнувањето на обврските кои клубовите ги имаат кон дистриктот ќе придонесат за правилното функционирање на истиот, како и на можноста да им помогне на слабите клубови, или да учествува во меѓународни активности и програми. 
  2. Зонските претседавачи ќе се погрижат клубовите: Скопје ДЕНАРИУС, ШТИП, Куманово ТУМБА, ПРОБИШТИП, РАДОВИШ, СТРУМИЦА и СТРУГА да го регулираат својот долг кон Lions Clubs International веднаш и да го повратат својот статус на активни клубови. Воедно, ќе се погрижат во периодот до крајот на календарската година клубовите Битола ХЕРАКЛЕЈА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, ДЕМИР ХИСАР и КРУШЕВО редовно да ги отплаќаат ратите за долгот кон Lions Clubs International и на тој начин да го задржат својот статус на активни клубови.
  3. Благајникот на кабинетот преку редовна комуникација со благајниците на клубовите ќе се обиде да обезбеди редовно сервисирање на долговите на клубовите кон дистриктот за годината 2012/2013.

По точката два од дневниот ред: Работа со членството 2012/2013 свој извештај имаа зонските претседавачи Марјан ТАЛЕВ, Крумислав БАРЗОВ и Харалампи КОЦЕВ, а известив и јас за досегашите посети на клубовите и моите средби со членството. По дискусијата беа усвоени следните заклучоци:
  1. Во досегашниот период само еден зонски претседавач одржал средба на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот. Во периодот до одржувањето на Кабинетот на дистриктот (01.12.2012) сите зонски претседавачи ќе свикаат Советодавен комитет од својата зона и на истиот покрај проблемит дискутирани во точката 1 од состанокот, ќе зборуваат и за прогрмата за работа на дистриктот во 2012/2013 година и за меѓународната програма на Претседателот Вејн А. МЕДЕН.
  2. За одржаните состаноци, зонските претседавачи ќе известат пред одржувањето на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот.
Во рамките на точката три: Развој на членство 2012/2013 известување до присутните имаше GMT координаторот Соња БОЈАЏИЕВА, а со свои дискусии придонесоа и неколку од региските претседавачи, односно зонските претседавачи. На крајот од дискусијата, тимот на Гувернерот на дистриктот ги усвои следните заклучоци:
  1. Тимот на Гувернерот на дистриктот преку своите соработки и при посетите на клубовите ќе им укаже на истите за потребата од пораст на членството и за имплементацијата на таргетите за пораст на членството. 
  2. Најдоцна до 15.12.2012 член од GMT тимот делегиран од координаторот Соња БОЈАЏИЕВА заедно со Гувернерот на дистриктот ќе го посетат иницијативниот одбор за клубот Маврово-Ростуше за да одржат организациски состанок.
  3. Најдоцна до 15.12.2012 ќе бидат пријавени клубовите: Битола БАС и МАВРОВО-РОСТУШЕ.
Точката четири од дневниот ред беше посветена на развојот на лидерство за 2012/2013 година и во истата реферираше GMT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ. Од дискусијата произлегоа два заклучоци:
  1. На Советодавните комитети кои до одржувањето на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот ќе ги свикаат зонските претседавачи, ќе договорат и термин во кој ќе се одржи обука за секретарите на клубовите. За договорениот термин, зонските претседавачи ќе го известат GLT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ.
  2. GLT координаторот Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ ќе изготви презентација за Lions Clubs International и Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА во која ќе се содржат и обврските на членовите и истата ќе ја дистрибира до сите членови на Тимот на Гувернерот на дистриктот за натамошно користење при организацијата на нови клубови, или при посета на старите клубови.
Во точката разно на присутните им ја презентирав накусо програмата за посетата на меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН, а го објаснви и концептот за вториот состанок на Кабинетот на дистриктот. По дискусијата, присутните ги усвоја следните заклучоци:
  1. За вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, региските претседавачи ќе изготват информација за програмите и проектите кои ги координираат. Воедно, презентации ќе имаат и одредени координатори за областите кои не потпаѓаат во координација на ниту еден од региските претседавачи. 
  2. На 29.11.2012 во Македонија ќе пристигне Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН со сопругата Линда МЕДЕН и ќе престојуваат до 02.12.2012 година. Во овој период ќе имаат неколку посети на клубови, ќе учествуваат на повеќе активности, а ќе имаат и неколку протоколарни средби. Сите lions-и се поканети да присуствуваат на отворената средба со претседателот за време на вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, како и да останат на дружба истата вечер на 6тиот Црно-Бел бал во организација на клубот БИТОЛА.
  3. Сите клубови кои сакаат да го поканат претседателот на одредена активност или на средба, можат тоа да го сторат со допис до Секретарот на кабинетот. Средбата или учеството ќе биде реализирано согласно можностите и предвидената/веќе утврдена агенда на претседателот.
Третиот состанок ќе се одржи на 6 февруари 2013 година, повторно во Скопје.

No comments:

Post a Comment