Friday, April 12, 2013

TENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во десеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на Leo клубовите. Ова е десетто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да посетам еден за мене извонредно драг клуб, Lions клубот Скопје СВЕТЛИНА. Воедно, изминатиот месец беше организиран третиот состанок на Кабинетот на дистриктот.

Во текот на изминатиот месец го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во изминатиот месец имавме засилена активност на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. На тој начин во нашите клубови внесовме свежина, нови идеи, нови знаења и вештини, нова мрежа на познанства; внесовме нова енергија од ентузијазмот на новите членови.
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме еден нов клуб, Lions клубот Битола БАС, кој е основан во рамките на програмата за кампус клубови. Во процес на основање се уште два нови клубови во главниот град, а се работеше и на реактивирањето на сите паднати клубови.
За потсетување зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член!
За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: http://www.lionsclubs.org/EN/becoming-a-lion/how-to-become-a-member/index.php

Во текот на изминатиот месец отпочна процесот на избори во клубовите.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, дел од нашите клубови веќе го спроведоа процесот на избори и за тоа веќе не известија до Lions Clubs International, меѓутоа и до Секретарот на дистриктот користејќи го образецот PU101.

Во текот на изминатиот месец го избравме нашиот Lions Young Ambassador.
На 23 март 2013, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, се одржа Националниот натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век. Симона Сарафиновска, ученик од NOVA International Schools и член на Leo клубот Скопје LUMOS е победникот на натпреварот. За својата победа, покрај огромниот аплауз од присутните Симона доби трофеј и диплома, а во октомври/ноември 2013 година ќе го претставува нашиот дистрикт на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција.

Во текот на изминаиот месец ја јакневме меѓународната соработка.
Да создаваат и одгледуваат дух на разбирање и соработка помеѓу луѓето во светот“ е дел од целите на нашата асоцијација, оттаму, интензивно работевме на меѓународното поврзување на дистриктот и нашите клубови:
×           Имав можност да го претставувам дистриктот на одбележувањето на Lions денот во Обединетите нации во Софија, Бугарија (16 март 2013 година);
×           Беше договорено збратимување со Дистриктот 130 Бугарија, а до сите клубови беше испратен повик за збратимување од координаторот Влатко Христовски;
×           Меѓу другото, бевме известени дека обете апликации испратени од клубови во дистриктов ја поминаа првата проверка и ќе бидат предложени за конечна одлука на Извршниот комитет на LCIF.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашите нови членови и ќе организираме Worldwide Induction Day.
Настанот кој ќе се случува на 13 април 2013 ќе ги опфати сите клубови и девет градови во Република Македонија, но и сите останати 742 дистрикти во светот. Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day) е настан кој ги обединува сите клубови и новите членови ширум светот во активност, и притоа нуди единствена можност за зајакнување на членството и за подигање на свеста кај јавноста за постоењето и работата на Lions Clubs International.

Одбележувањето на 13 април 2013 година, со посебна програма, ќе започне точно во 12.00 часот, а ќе ги опфати сите клубови во следните градови од државата:
1. Битола: Мала сала во Центарот за култура Битола;
Предавач: Марија ДОДОВСКА;
Овластен офицер: Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА;
Гостин говорник: претставник на МКЦ БИТОЛА.

2. Кичево: Свечена сала во хотел „Кичево“;
Предавач: Марјан ТАЛЕВ;
Овластен офицер: Сашо ВАСИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина КИЧЕВО.

3. Гевгелија: Сала за состаноци во хотел „Југо“
Предавач: Марина СВИЛИЧИЧ;
Овластен офицер: Михајло ШИРГОСКИ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

4. Охрид: Сала за состаноци во хотел „Ројал Вју“;
Предавач: Зоран ТИЛЕСКИ;
Овластен офицер: Драги ФИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ОХРИД;

5. Прилеп: ОУ Блаже Конески-Прилеп;
Предавач: Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
Овластен офицер: Пеце ПЕТРЕСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ПРИЛЕП;

6. Скопје: Бизнис сала од Мулти-бизнис центарот на Скопски саем;
Предавач: Андреја СТОЈКОВСКИ;
Овластени офицери: Билјана КОСТОВСКА и Зоран ИЛИЌ;
Гостин говорник: проф. д-р Ана МАРТИНОСКА

7. Велес: Сала за состаноци во хотел „Романтик“;
Предавач: Соња БОЈАЏИЕВА;
Овластен офицер: Ангел ГЕОРГИЕВСКИ;

8.Штип: Сала за состаноци во мотел „Ваго“;
Предавач: Даница ДОНЧОВСКА;
Овластени офицери: Небојша ДАВИДОВСКИ и Слободан ВУКИЌЕВИЌ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

9. Куманово:
Предавач: Александар МАТЕВСКИ;
Овластен офицер: Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

На програмата на настанот ќе бидат следните содржини:
-          предавање “Lions Fundamentals” (за основите на и основните податоци за движењето и дистриктот);
-          обраќање на член на заедницата - листата е дадена погоре во распоредот;
-          свечена церемонија за воведување во членство.

Ги повикувам сите нови членови, нивните спонзори, како и сите останати
Lions-и во сабота, 13 април 2013 да се приклучат кон настанот во нивниот град и да учествуваат заедно со останатите 1.4 милиони членови ширум светот.

Во текот на овој месец ќе продолжиме да се подготвуваме за 5тата Национална конвенција на дистриктот.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашиот подмладок.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, ве повикувам да се потрудиме да ги реорганизираме нашите Leo клубови; да им помогнеме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Да се потрудиме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Овој месец ќе организирам специјална средба на сите Leo клубови, а со нивно учество и се разбира со поддршка на нивните спонзорски клубови ќе го организираме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment