Monday, October 22, 2012

CHARTER NIGHT IN KRUSHEVO

Нов прекрасен момент. Овој пат, му посакуваме добредојде на нов член од нашето семејство во Крушево, градот на Илинден и непокорот, градот на Крушевската Република, градот на Никола Мартиноски, градот на Тоше Проески. Се радував неизмерно, бидејќи речиси 110 години откако мојот прапрадедо по мајкина женска линија се отселил од овој град, веднаш по востанието и Крушевската Република јас се вратив да водам церемонија за воведување во членство на еден нов Lions клуб.
Клубот во КРУШЕВО на 20 октомври 2012 во прекрасно реновираниот хотел „Монтана-Палас“ ни даде извонредна можност да пречекаме дури 24 нови lions-и.
Во конференциската сала на хотелот присутни малку повеќе од 80 лица. Голем број од нив дојдени од Прилеп, Битола, Демир Хисар, дури од Охрид, а некои како мене и од Скопје. На почетокот поздрав од домаќините и поздрав кон химната на Република Македонија, а потоа моето обраќање како гувернер на дистриктот. Започнав со „Почитувани дами и господа, добро вечер“ и веднаш потоа со „Tinisits Domni shi Doamni, Buna Va Seara“.
И овој пат, знаејќи за присуството на повеќе лица, поддржувачи и други, одлучив најнапред да говорам за асоцијацијата, да го претставам Lions Clubs International, а потоа да го претставам и дистриктот и активните членови. Истовремено, се обидов и да ги мотивирам идните членови на новиот клуб да се придружат во ширењето на позитивниот имиџ во заедницата и во поставувањето на рекорди на служење. Конечно, поставен предизвик како да помогнат поуспешно да допреме во срцата!
Во свечениот дел повторно се обидов заедно со сите присутни офицери на дистриктот како и со менторите на новиот клуб да им направиме церемонија која се надевам ќе ја паметат до крајот на животот. Подоцна, дури и набљудувачите рекоа дека тоа било вистинскиот начин за воведување во членство. 
По завршувањето на церемонијата, претходниот гувернер на дистриктот lion Сашо ВАСИЛЕВСКИ му ја додели повелбата од Меѓународната асоцијација на новововедениот претседател на клубот, а вице-гувернерите КРТОЛИЦА и ФИЛЕВСКИ на Guiding lion-сите на новиот клуб нивните инсигнии како ментори. На самиот крај на официјалниот дел од вечерта, претседателот на спонзорскиот клуб, ПРИЛЕП, lion Пеце ПЕТРЕСКИ со новововедениот претседател Мики КОСТОСКИ си разменија пригодни подароци во името на клубовите.
На самиот крај, прекрасна забава во добра атмосфера која траеше до долго во ноќта, а утре дента многу насмеани ликови весели нови lions-и кои се радуваа и прославуваа за своето членство.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

No comments:

Post a Comment