Friday, April 12, 2013

TENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во десеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на Leo клубовите. Ова е десетто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да посетам еден за мене извонредно драг клуб, Lions клубот Скопје СВЕТЛИНА. Воедно, изминатиот месец беше организиран третиот состанок на Кабинетот на дистриктот.

Во текот на изминатиот месец го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во изминатиот месец имавме засилена активност на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. На тој начин во нашите клубови внесовме свежина, нови идеи, нови знаења и вештини, нова мрежа на познанства; внесовме нова енергија од ентузијазмот на новите членови.
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме еден нов клуб, Lions клубот Битола БАС, кој е основан во рамките на програмата за кампус клубови. Во процес на основање се уште два нови клубови во главниот град, а се работеше и на реактивирањето на сите паднати клубови.
За потсетување зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член!
За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: http://www.lionsclubs.org/EN/becoming-a-lion/how-to-become-a-member/index.php

Во текот на изминатиот месец отпочна процесот на избори во клубовите.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, дел од нашите клубови веќе го спроведоа процесот на избори и за тоа веќе не известија до Lions Clubs International, меѓутоа и до Секретарот на дистриктот користејќи го образецот PU101.

Во текот на изминатиот месец го избравме нашиот Lions Young Ambassador.
На 23 март 2013, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, се одржа Националниот натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век. Симона Сарафиновска, ученик од NOVA International Schools и член на Leo клубот Скопје LUMOS е победникот на натпреварот. За својата победа, покрај огромниот аплауз од присутните Симона доби трофеј и диплома, а во октомври/ноември 2013 година ќе го претставува нашиот дистрикт на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција.

Во текот на изминаиот месец ја јакневме меѓународната соработка.
Да создаваат и одгледуваат дух на разбирање и соработка помеѓу луѓето во светот“ е дел од целите на нашата асоцијација, оттаму, интензивно работевме на меѓународното поврзување на дистриктот и нашите клубови:
×           Имав можност да го претставувам дистриктот на одбележувањето на Lions денот во Обединетите нации во Софија, Бугарија (16 март 2013 година);
×           Беше договорено збратимување со Дистриктот 130 Бугарија, а до сите клубови беше испратен повик за збратимување од координаторот Влатко Христовски;
×           Меѓу другото, бевме известени дека обете апликации испратени од клубови во дистриктов ја поминаа првата проверка и ќе бидат предложени за конечна одлука на Извршниот комитет на LCIF.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашите нови членови и ќе организираме Worldwide Induction Day.
Настанот кој ќе се случува на 13 април 2013 ќе ги опфати сите клубови и девет градови во Република Македонија, но и сите останати 742 дистрикти во светот. Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day) е настан кој ги обединува сите клубови и новите членови ширум светот во активност, и притоа нуди единствена можност за зајакнување на членството и за подигање на свеста кај јавноста за постоењето и работата на Lions Clubs International.

Одбележувањето на 13 април 2013 година, со посебна програма, ќе започне точно во 12.00 часот, а ќе ги опфати сите клубови во следните градови од државата:
1. Битола: Мала сала во Центарот за култура Битола;
Предавач: Марија ДОДОВСКА;
Овластен офицер: Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА;
Гостин говорник: претставник на МКЦ БИТОЛА.

2. Кичево: Свечена сала во хотел „Кичево“;
Предавач: Марјан ТАЛЕВ;
Овластен офицер: Сашо ВАСИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина КИЧЕВО.

3. Гевгелија: Сала за состаноци во хотел „Југо“
Предавач: Марина СВИЛИЧИЧ;
Овластен офицер: Михајло ШИРГОСКИ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

4. Охрид: Сала за состаноци во хотел „Ројал Вју“;
Предавач: Зоран ТИЛЕСКИ;
Овластен офицер: Драги ФИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ОХРИД;

5. Прилеп: ОУ Блаже Конески-Прилеп;
Предавач: Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
Овластен офицер: Пеце ПЕТРЕСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ПРИЛЕП;

6. Скопје: Бизнис сала од Мулти-бизнис центарот на Скопски саем;
Предавач: Андреја СТОЈКОВСКИ;
Овластени офицери: Билјана КОСТОВСКА и Зоран ИЛИЌ;
Гостин говорник: проф. д-р Ана МАРТИНОСКА

7. Велес: Сала за состаноци во хотел „Романтик“;
Предавач: Соња БОЈАЏИЕВА;
Овластен офицер: Ангел ГЕОРГИЕВСКИ;

8.Штип: Сала за состаноци во мотел „Ваго“;
Предавач: Даница ДОНЧОВСКА;
Овластени офицери: Небојша ДАВИДОВСКИ и Слободан ВУКИЌЕВИЌ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

9. Куманово:
Предавач: Александар МАТЕВСКИ;
Овластен офицер: Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

На програмата на настанот ќе бидат следните содржини:
-          предавање “Lions Fundamentals” (за основите на и основните податоци за движењето и дистриктот);
-          обраќање на член на заедницата - листата е дадена погоре во распоредот;
-          свечена церемонија за воведување во членство.

Ги повикувам сите нови членови, нивните спонзори, како и сите останати
Lions-и во сабота, 13 април 2013 да се приклучат кон настанот во нивниот град и да учествуваат заедно со останатите 1.4 милиони членови ширум светот.

Во текот на овој месец ќе продолжиме да се подготвуваме за 5тата Национална конвенција на дистриктот.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашиот подмладок.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, ве повикувам да се потрудиме да ги реорганизираме нашите Leo клубови; да им помогнеме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Да се потрудиме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Овој месец ќе организирам специјална средба на сите Leo клубови, а со нивно учество и се разбира со поддршка на нивните спонзорски клубови ќе го организираме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Saturday, April 6, 2013

CELEBRATING IN OHRID

Првиот викенд од април 2013 беше резервиран за посета на Охрид, овој пат повторно со lions повод и со особена намера да бидам на прославата на 4тиот роденден на Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС, клуб кој својата посебност, единственост, различност, веќе четири години упорно ја гради преку спецификата на своите активности и посветеноста на создавањето на свест за култура и заштита на животната средина.
Првиот роденден на клубот беше одбележан со театарска претстава, а во годините што следуваа се случуваше најжестока работа за заздравување и целосно заживување на театарот во древниот град. Овој, четврти роденден клубот го одбележа со хуманитарен концерт кој се оддржа во големата сала на општина Охрид. Во салата имаше приближно 80 лица, членови на неколкуте клубови од Охрид, дел од дистрикт раководството (вториот вице-гувернер lion Драги Филевски и претседавачот на зона lion Марјан Талев), претставници на локалната заедница, претставници на локалната самоуправа, почитувачи на уметноста.
На концертот настапија Марко Албрицио, универзитетески професор по пијано и еден од петте најдобри концерт-мајстори во Италија, а музичко-поетски перформанс изведоа lion Емилија Маринова -пиjано и Анџело Филипо Јанони Себастианини директор на „The Music Festival of Nations“ во Рим, голем хуманитарец и активен член на еден од Lions клубовите од Рим. Тој специјално за оваа пригода подготви емотивна поема за љубовта помеѓу една млада охриѓанка и турски заповедник од времето на Отоманската империја.
На вечерта посветена на клубот ЛИХНИДОС имав чест да видам како за неговите заслуги и несебичната помош на хуманитарните проекти претседателот, lion Зоран Тутнев,  Анџело Себастианини за свој почесен член. Од другата страна lion Себастианини се заблагодари на одличен македонски јазик за, како што рече, приемот со отворено срце.
Тогаш дојде мојот ред. Претседателот, lion Зоран Тунтев ме повика да се обратам на присутните. Обраќањето не беше толку тешко, требаше да се биде подготвен да се каже нешто, а мене ми беше најавено дека ме очекуваат нешто да кажам на самиот влез од салата, нејсе... тоа е дел од моите задачи за годинава. Најавата во повикот гласеше, најголемиот lion и човек кој покрај поради својата транспарентност, отвореност и посветеност ќе биде запаметен и по умешноста да врзува вратоврски. 
Благодарам Зоран, реков, верувале или не, повеќе ми е драга оваа вторава титула, бидејќи да се врзуваат вратоврски говори многу за посебноста на личноста. Кога влегував во салата, Зоран ме извести дека ќе ме повика да зборувам. Возбудата, или повеќе одговорноста да се говори убаво ме спречи да го отслушам Мастро Албрицио со сето свое внимание. Но, некаде на неговата последна форца, ми светнаа зборовите што треба да ги кажам. Не така одамна, при основањето на првиот клуб во вашиот град, сретнавме еден судија од Неготино и се обидовме да му објасниме зошто сме тука и која е нашата мисија и цел.  Тогаш, нашиот координатор од Словенија му рече: „Кога во еден град има Lions клуб тој град е облагороден. Кога пак, во еден град има повеќе клубови, тогаш тој град е благословен!“ Да, Охрид е благословен град, не поради тоа што тука „...дарбите свои  природна сила, со сета раскош ги растурила...“ туку поради фактот дека Охрид е дом на повеќе Lions клубови кои знаат што работат и секој од нив помага во различна програма на и на различни корисници правејќи го градот поубаво место за живот. Lions клубот ЛИХНИДОС веќе четири години се грижи за животната средина со своите големи акции за чистењето на Охридското езеро и за културата во градот, а во годината во која рековме дека ќе бидеме вистински lions-и на тој начин што ќе допираме во срцата избирајќи ја музиката успеа да допре во срцата. Верувајте, музиката е единствениот начин да се допре срцето, како со рака која трепери, а притоа да не се остави лузна.

Ви честитам и нека е за многу години!

Tuesday, April 2, 2013

ANNOUNCING THE 5TH NATIONAL CONVENTION


Драги пријатели lions-и,

Се приближуваме кон крајот на годината и одржувањето на 5тата Национална конвенција.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда. Во насока на подготовка на конвенцијата, Кабинетот на дистриктот на својата последна средба го утврди календарот за националната конвенција, а ги потврди и комитетите за нејзиното спроведување.

Во календарот се вметнати сите активности на дистриктот, но и оние на клубовите кои и претходат на конвенцијата. Помеѓу вклучените активности на календарот е и известувањето за резултатите од конвенцијата кое следува по завршувањето на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете календарот за имплементација на конвенцијата: Календар за 5тата Национална конвенција

Согласно статутот на дистриктот беа утврдени и сите комитети за имплементација на конвенцијата, а истите ќе се занимаваат со сертификацијата и акредитацијата на делегатите и алтернативните делегати (само сертификуваните делегати и алтернативни делегати ќе имаат право на глас); со спроведувањето на изборите (изборите за функционери кои ќе се одржат ќе бидат со тајно гласање); со утврдувањето на резолуциите (ќе изведеме заклучоци и ќе утврдиме препораки за иднината); со организацијата и подготовката на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете организацијата, составот и надлежностите на комитетите: Комитети за имплементација на 5тата Национална конвенција

На крајот би сакал да ве повикам да се подготвите за 5тата Национална конвенција и да учествувате на истата. Воедно напоменувам дека почнувајќи од денес започнуваат да течат сите рокови за сите активности поврзани со конвенцијата.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Monday, April 1, 2013

FIVE YEARS OF LIONS CLUBS INTERNATIONAL IN KUMANOVO


На 23 февруари 2013 година имав извонредна можност повторно да прославувам петгодишен јубилеј на еден од нашите Lions клубови. Откако тоа го сторивме во 2 наврати во првата половина од фискалната година, овој пат одбележувањето на овој убав јубилеј ме одведе во родниот град на мојот татко - Куманово.
На влезот од Куманово го избегнавме патот кој водеше до центарот и ја зедовме насоката кон пазарот. На влезот пред „Рим-Парис“ (Roma-Parigi) веќе не пречекаа првите lions-и тоа беа дел од постарите членови во клубот. Внатре пак, приказната зазеде сосема спротивен тек, на самиот влез во ресторанот не пречекаа најмладите членови од клубот. Ова е клубот кој минатата година повикот на нашиот меѓународен претседател др. Вин-Кун Там да веруваме во Lions клубовите како во наше семејство го прифатија целосно и во клубот ги приклучија своите најблиски.
Немаше простор за изненадувања, Lions клубот Куманово не е од оние кои би дозволиле изненадувања, а нивните досегашни и актуелниот лидер се токму вистинските локални лидери кои успешно го водеа клубот во сите досегашни години. Откако го договоривме протоколот на вечерта, на посебна маса не наместија „сите гости од Скопје“ - PDG Давидовски и VDG1 Кртолица, а потоа на истата маса доведоа уште неколку потенцијални членови на нивниот клуб. Немаше многу луѓе, но приближно 60 гости меѓу кои немаше ниту еден друг член освен оние со кои допатувавме заедно покажува за атрактивноста на идејата и движењето, но и за потенцијалот на овој клуб во неговата локална заедница.
Малку подоцна ни се придружи независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски со неговата сопруга Елизабета. Обајцата, барем по посветеноста на градот се потенцијални членови на клубот, а Елизабета ја познавам уште од времето кога одев во забавиште во тогашното ОУ „29 Ноември“ а сега ОУ „Војдан Чернодрински“ - скопјанка на „привремена работа во Куманово“ еве веќе 8 години. Заедно поседовме приближно половина час, а потоа заминаа, рекоа дека мораат во ресторанот „Грација“ на манифестацијата „Вкусно е, од Куманово е“. Очигледно 5тата годишнина на Lions клубот Куманово има сериозна конкуренција. Токму во тој миг и во нашиот ресторан почнаа да ја изнесуваат храната, барем да покажат дека вкусна храна има и кај нив.
На почетокот на свечениот дел од вечерта најпрвин не поздрави актуелниот претседател на клубот, а потоа добив можност да ги поздравам сите присутни. Во моето обраќање меѓу другото зборував за работењето на клубовите и служењето на заедницата, а ги споменав и критериумите за Club Excellence Award. Ја искористив единствената можност да ги поздравам и да им заблагодарам за приемот на новите членови, како и на успешното служење на Куманово и кумановчани во изминатите пет години. Се обидов да евоцирам спомени па реков дека се сеќавам како пред пет години, во 2008 на крајот на јануари, се возевме со моите пријатели од клубот кон Куманово. Бевме неколкумина, стиснати во црвениот Spark на Даница Дончовска чиниш толку е тесно внатре. Оние што паметат, знаат меѓутоа дека тоа не беше од просторот, туку од студот надвор. Мраз на патот, минусни температури, но многу, навистина многу ентузијазам за работа во заедницата и служење на луѓето околу нас. Реков дека овој пат, јас возев, а со мене не беа моите клубски пријатели, но ентузијазмот е се уште висок. Единствената разлика е дека сега служам на заедницата како гувернер на нашиот дистрикт, а богами и времето ни најмалку не потсетува на условите од пред пет години. Беше тоа еден од потоплите денови во зимата.
Тоа беше вистинскиот момент, ги повикав Мирјана Атанасовска, претседател 2008/2009; Марјан Димитриевски, претседател 2009/2010; Сузана Димитриевска, претседател 2010/2011; Гоце Божурски, претседател 2011/2012; и се разбира Драган Петковски, претседател 2012/2013 за да им посакам да продолжат да го чуваат клубот и да го развиваат понатаму. На сите нив им доделив Certificate of Appreciation за нивната работа и за 5тата годишнина на Lions клубот Куманово.

НЕКА Е НА МНОГУ ГОДИНИ!