Tuesday, April 2, 2013

ANNOUNCING THE 5TH NATIONAL CONVENTION


Драги пријатели lions-и,

Се приближуваме кон крајот на годината и одржувањето на 5тата Национална конвенција.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда. Во насока на подготовка на конвенцијата, Кабинетот на дистриктот на својата последна средба го утврди календарот за националната конвенција, а ги потврди и комитетите за нејзиното спроведување.

Во календарот се вметнати сите активности на дистриктот, но и оние на клубовите кои и претходат на конвенцијата. Помеѓу вклучените активности на календарот е и известувањето за резултатите од конвенцијата кое следува по завршувањето на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете календарот за имплементација на конвенцијата: Календар за 5тата Национална конвенција

Согласно статутот на дистриктот беа утврдени и сите комитети за имплементација на конвенцијата, а истите ќе се занимаваат со сертификацијата и акредитацијата на делегатите и алтернативните делегати (само сертификуваните делегати и алтернативни делегати ќе имаат право на глас); со спроведувањето на изборите (изборите за функционери кои ќе се одржат ќе бидат со тајно гласање); со утврдувањето на резолуциите (ќе изведеме заклучоци и ќе утврдиме препораки за иднината); со организацијата и подготовката на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете организацијата, составот и надлежностите на комитетите: Комитети за имплементација на 5тата Национална конвенција

На крајот би сакал да ве повикам да се подготвите за 5тата Национална конвенција и да учествувате на истата. Воедно напоменувам дека почнувајќи од денес започнуваат да течат сите рокови за сите активности поврзани со конвенцијата.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment