Првиот роденден на клубот беше одбележан со театарска претстава, а во годините што следуваа се случуваше најжестока работа за заздравување и целосно заживување на театарот во древниот град. Овој, четврти роденден клубот го одбележа со хуманитарен концерт кој се оддржа во големата сала на општина Охрид. Во салата имаше приближно 80 лица, членови на неколкуте клубови од Охрид, дел од дистрикт раководството (вториот вице-гувернер lion Драги Филевски и претседавачот на зона lion Марјан Талев), претставници на локалната заедница, претставници на локалната самоуправа, почитувачи на уметноста.
Тогаш дојде мојот ред. Претседателот, lion Зоран Тунтев ме повика да се обратам на присутните. Обраќањето не беше толку тешко, требаше да се биде подготвен да се каже нешто, а мене ми беше најавено дека ме очекуваат нешто да кажам на самиот влез од салата, нејсе... тоа е дел од моите задачи за годинава. Најавата во повикот гласеше, најголемиот lion и човек кој покрај поради својата транспарентност, отвореност и посветеност ќе биде запаметен и по умешноста да врзува вратоврски.
Благодарам Зоран, реков, верувале или не, повеќе ми е драга оваа вторава титула, бидејќи да се врзуваат вратоврски говори многу за посебноста на личноста. Кога влегував во салата, Зоран ме извести дека ќе ме повика да зборувам. Возбудата, или повеќе одговорноста да се говори убаво ме спречи да го отслушам Мастро Албрицио со сето свое внимание. Но, некаде на неговата последна форца, ми светнаа зборовите што треба да ги кажам. Не така одамна, при основањето на првиот клуб во вашиот град, сретнавме еден судија од Неготино и се обидовме да му објасниме зошто сме тука и која е нашата мисија и цел. Тогаш, нашиот координатор од Словенија му рече: „Кога во еден град има Lions клуб тој град е облагороден. Кога пак, во еден град има повеќе клубови, тогаш тој град е благословен!“ Да, Охрид е благословен град, не поради тоа што тука „...дарбите свои природна сила, со сета раскош ги растурила...“ туку поради фактот дека Охрид е дом на повеќе Lions клубови кои знаат што работат и секој од нив помага во различна програма на и на различни корисници правејќи го градот поубаво место за живот. Lions клубот ЛИХНИДОС веќе четири години се грижи за животната средина со своите големи акции за чистењето на Охридското езеро и за културата во градот, а во годината во која рековме дека ќе бидеме вистински lions-и на тој начин што ќе допираме во срцата избирајќи ја музиката успеа да допре во срцата. Верувајте, музиката е единствениот начин да се допре срцето, како со рака која трепери, а притоа да не се остави лузна.
Ви честитам и нека е за многу години!
No comments:
Post a Comment