Monday, September 24, 2012

58th EUROPEAN LIONS FORUM - IT'S REALLY AN HONOR TO BE A LION FROM MACEDONIA

Секогаш е добро одново да се наполнат батериите и да се донесе позитивна енергија од искуството на другите дистрикти која потоа ќе ја споделиш со своите пријатели lions-и! Европскиот Lions форум се одржува еднаш во годината, некаде на континентот и ги обединува сите дистрикти од Европа. Делегациите се разновидни, lion-и, претседатели на клубови, офицери во дистриктите, гувернери на дистриктите, поранешни и актуелни меѓународни директори, поранешни меѓународни претседатели од Европа, како и актуелните извршни офицери. Секако, не недостигаат и многубројните координатори, гости, блиски пријатели и соработници, животни партнери. Речиси секогаш во близина на бројката од 2.000 луѓе собрани на едно место и обединети во гордоста да се биде lion. 
На почетокот на овој месец, од 2-9 септември се одржаа 2 исклучително битни настани во Брисел. На обата настани имаше забележително и навистина успешно македонско претставување. Advanced (Senior) Lions Leadership Institute беше првиот настан, кој се случуваше од 2 до 5 септември, а на кој учествуваа вториот вице-гувернер на дистриктот Драги Филевски и секретарот на кабинетот Давор Каракашев. Вториот настан беше 58миот Европски Lions форум кој се одржа од 5 до 9 септември. Тука, македонската делегација наоружана со ентузијазам и македонски lion-изам, а во состав: Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот; Јелица Кртолица, прв вице-гувернер на дистриктот; и Давор Каракашев, секретар на кабинетот, успешно ги покажавме нашите резултати и победи. 

За многумина институтот воопшто не соодветствува на волонтерскиот карактер на асоцијацијата. Исполнетата агендата стратуваше секој ден во 8 часот наутро, а завршуваше доцна попладнето. Секој момент од институтот беше исполнет со интерактивни и интересни предавања кои имаа за цел не само да ги едуцираат учесниците, туку и да ги поттикнат на акција по враќањето, и да пренесат вештини за успешно водење на асоцијацијата. Нашите лидери совршено добро го идентификувале проблемот кога велат „ние немаме проблем со членството, имаме проблем со лидерството“, оттаму главниот фокус на овој семинар е создавањето на нови лидери кои без никаков проблем ќе се фатат во костец со предизвиците кои актуелните случувања ги имаат за нашата асоцијација. 

На институтот во посебни блокови беа опфатени теми како основи на лидерството, различности, организирање на групи и тимови, тимската работа, промоцијата на организацијата и движењето, управување со проектен циклус, делегирање, разрешување на конфликти, подготовка на презентации и јавни настапи, пристап до меѓународните програми и ресурси, LCIF и секако потрага по идните Lion лидери. 

Да се биде дел од институтот е огромна привилегија, но и обврска бидејќи учесниците мора да бидат постојано и активно присутни. Причините за тоа се повеќестрани, најнапред станува збор за единствен настан од овој тип организиран во Европа како конститутивна област во нашата асоцијација, а потоа и поради фактот дека на истиот учествуваа приближно 100тина учесници од повеќе од 20 дистрикти и 10тина искусни предавачи. Поранешниот меѓународен директор Бруно Алквист од Шведска и GLT координатор за Европа, поранешниот меѓународен директор Несим Леви од Турција и специјален советник за GLT за Европа, поранешниот претседавач на совет на гувернери од МД105 Џоф Лидер и еден од GLT координаторите за Европа, како и поранешниот претседавач на совет на гувернери од МД110 Петер Бранденбург и новоизбран благајник на Европскиот форум беа дел од искусните предавачи кои досега им предаваа на сите македонски учесници на овие институти од Болоња во 2010 и Мастрихт во 2011 до оваа година во Брисел. 

Поради бројноста на учесниците, а со цел поуспешна комуникација и размена на искуствата сите учесници беа поделени во помали групи од 6-8 членови. Во текот на денот групата ги совладува предизвиците како тим, а на крајот на денот, нешто по 18.30 часот ги презентира своите успеси. Вечерата е резервирана за прославување на успесите. На крајот на институтот на гала вечера сите учесници кои успешно го поминаа институтот им беа доделени сертификати и значки за успехот. Учеството на институт е непроценливо богатсво за секој член. Секој се стекнува со огромно знаење, нови вештини, информации и искуствата од другите членови, поминувае време во забава креирајќи доживотни пријателства со што има чувство на гордост што е дел од семејството кое брои 1,35 милион членови! 

На 6 септември, четврток, започна Европскиот Lions форум, а секој чекор беше следен од пауза исполнета со пријателство, поздрав со познаник, соработник, пријател, напати и „непознато другарче“ со кое после долго време допишување конечно лично се сретнуваш. Уште на првиот ден од форумот, заклучокот гласи „Гордост е да си lion од Македонија!“ Ние сме меѓу помладите дистрикти, меѓу помалите држави во Европа, но меѓу најголемите lion-истички срца во Европа и пошироко. Пред сите гости, меѓу кои и Нејзиното кралско височество принцезата Астрид од Белгија на отворањето на форумот, неколку пати беше споменато името на Македонија, како пример за рзвој на дистрикт со забрзани, но темелни чекори, како пример за едукација внатре во дистриктот и како lion-истичка држава која треба да послужи како извор за инспирација во градењето на нашето движење.

Во својот поздравен говор меѓународниот претседател Вејн А. Меден неможеше да се воздржи, а да не ги сподели, неколку пати, воодушевувањата за посветеноста на lions-ите, но особено на младите leo-вци од Македонија за нивните акции, волонтерска работа, посветеност и амбиција манифестирани уште при посетата на нивното училиште „во Скопје, Македонија при последната посета“. Навистина е „Гордост е да си lion од Македонија!“ Тоа е дело на сите нас. Но, сепак на таков голем собир имиџот на државата го прават поединци. Години наназад нашите гувернери и во последно време и јас, успеавме преку своите темелно градени контакти, да ја наметнеме Македонија во прв ред и меѓу високото светско раководство да се почитува Македонија како лидер во Европа. Наредниот ден се случуваа повеќе важни семинари и средби на форумот на кои мораже да се учествува, а уште во утрото, за нас најважниот, состанокот на иницијативата за централна и источна Европа на кој главна тема беше процесот за статешко планирање и целите на нашиот дистрикт. На состанокот ја имав честа да бидам ко-претседавач на поранешниот меѓународен директор Ернест Мусил, кој воедно ја претседава иницијативата и на поранешниот гувернер на дистрикт Хајко Далман од Германија. 
 
Наредната сесија, беше посветена на потребата и на процесот на транзиција од Leo во Lions. Со сесијата претседаваше нашиот драг пријател, поранешниот меѓународен директор од МД105 Фил Нејтан. И на оваа сесија нашиот дистрикт споделуваше свое искуство. Овој пат, директно од претседавачот барање, секретарот на нашиот дистрикт да го изнесе своето искуство, а заклучот беше дека дистриктот во Македонија е модел за европските дистрикти и по бројот на Leo членови кои преминале во Lions, а се разбира и по нивната успешност, имајќи предвид дека двајца од делегацијата од три члена се поранешни Leo-вци.

Конечно, црешата на шлагот ја даде сесијата посветена на програмата Lions Quest кога на самата сесија претходниот меѓународен претседател и претседавач на фондацијата на нашата асоцијација го потпиша и со тоа го одобри грантот од 10.000 американски долари за имплементацијата на програмата во нашиот дистрикт. Република Македонија е 74 држава во светот во која се имплементира програмата Lions Quest. 

На последниот ден, на завршниот состанок на Европскиот совет успеавме уште еднаш со разумот и со добрата дискусија да ги разбудиме останатите и да го привлечеме вниманието, а секако и поддршката на многумина за нашиот дистрикт. На крајот, вечерта пред разделба дојде и најголемата награда, почестта да присуствуваме на мала приватна вечера со меѓународниот претседател Вејн Меден, претходниот претседател д-р Винг-Кун Там, поранешните меѓународни директори Фил Нејтан од МД105 со сопругата Хајди и Ед Мекормик од МД17, како и поранешниот претседавач со совет на гувернери од МД105 Филип Гудиер. Сите присутни во неколку наврати ги поздравија и истакнаа нивните воодушевувања за нашите досегашни успеси и идни планови и залагања и порачаа дека мора да продолжиме уште помотивирано и поактивно да работиме; да бидеме добри и хумани луге; да и служиме на заедницата; да бидеме препознатливи во неа по хуманоста; да ги предизвикаме нашите пријатели и деца да ни се придружат во хуманата мисија. 

Не треба да си многу богат за да даруваш и помагаш, туку да имас големо срце, а со него треба само да го допреш срцето што страда!

CHARTER NIGHT IN DEMIR HISAR - LONG LIVE LIONS CLUB DEMIR HISAR

Секој пат кога му посакуваме добредојде на нов член во нашето семејство се радуваме, а секој пат кога му посакуваме добредојде на нов клуб се радуваме уште повеќе. Овој викенд имав среќа да им посакам добредојде на членовите во новоформираниот Lions клуб ДЕМИР ХИСАР.
Беше тоа исклучителен момент, а воедно и исклучителна локација. Во селото Слепче, на приближно 2 километри северно од Демир Хисар, крај средовековниот книжевно-уметнички центар, манастирот посветен на Св. Јован Претеча, на висина од приближно 1000 метри над нивото на морето го имате едно од најпрекрасните природни места во Македонија со идеален поглед на врвовите на Илинска планина во објектот „Горна куќа“.
Секој патник намерник ќе ужива во прекрасниот пејсаж, а секој гурман во вкусната храна која ја приготвуваат во вилата.
На почетокот поздрав од домаќините, а потоа за прв пат како гувернер на дистриктот ја отпочнав официјалната церемонија на воведување во членство. Дваесетмина прекрасни луѓе зрело се втурнуваат во светот на служењето, одлучни својата заедница да ја направат попристојно место за живеење. Можеби до крајот на годината многукратно ќе го подобрам својот настап за овие Charter Nights, но засекогаш ќе го паметам првиот клуб кому сум му ја прочитал свечената заклетва.
По завршувањето на церемонијата, вториот вице-гувернер на дистриктот lion Драги ФИЛЕВСКИ му ја додели повелбата од Меѓународната асоцијација на новововедениот претседател на клубот, а Guiding lion-от на новиот клуб lion Марјан ТАЛЕВ подарокот – знамето на клубот – во името на спонзорскиот клуб. На самиот крај на официјалниот дел од вечерта, првиот вице-гувернер на дистриктот lion Јелица КРТОЛИЦА на секретарот на спонзорскиот клуб, lion Жико КАЛПАКОСКИ му ја додели наградата за спонзорирање на нов клуб.

Конечно, запознавајќи ги присутните со фактот дека секој успех на новиот клуб ќе биде само негов, а секој неуспех на неговите ментори, на обајцата, Марјан Талев и Димче Кузмановски  им посакав секаков успех и ги потсетив на одговорноста на функцијата Guiding Lion предавајќи им ги нивните нови инсигнии.


На крајот споделувајќи ја среќата од формирањето на новиот клуб со сите останати офицери на дистриктот на членовите на клубот им ги поделивме нивните инсигнии од членството.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
 
BE A LION - TOUCH A HEART!!!

Sunday, September 23, 2012

SECOND ISSUE OF THE "LION" MAGAZINE IN MACEDONIAN

За неколку дена се очекува излегувањето на третиот број на LION магазинот на македонски јазик. За сите оние кои не се подготвени да преминат на новиот број бидејќи не го прочитале претходниот, еве што пишуваше во него: 4тиот меѓународен младински камп и програмата за младинска размена во Макеоднија, разговор со членови на Leo клубовите (Тео Јосифовски; Ади Сулејмани; Јана Магдеска), лична порака од Ернест Мусил, како и информации за активности на повеќе клубови во дистриктот.

REGIONAL LIONS LEADERSHIP INSTITUTE 2012 - D132 MACEDONIA


Ако тргнеме од премисата дека „нашата организација нема проблем со членството, туку со лидерството“, тогаш сме на вистинскиот пат. Само добри лидери, кои знаат каде се наоѓаат и каде сакаат да ја видат оваа организација во иднината ќе бидат добри мотиватори на постоечкото членство, а секако и мотиватори на нови членови. Добрите лидер одлично ја познаваат асоцијацијата, ги разбираат нејзините програми и знаат каде можат и на кој начин истите да ги применат, знаат како навистина да и служат на својата заедница.





Оттаму, оваа недела имав задоволство да присуствувам, а во еден дел дури и да учествувам на годинешниот Regional Lions Leadership Institute во организација на нашиот GLT координатор, lion Звонимир Цветановски. Предавачи на институтот беа и Роза Крстевска, како и нашиот втор вице-гувернер на дистриктот Драги Филевски. Директор на институтот беше претседавачот на зона Марјан Талев. На тројцата предавачии на директорот на институтот, како креатори на нашите нови лидери им благодарам од се срце и им честитам на успехот.



Сите учесници беа целосно инволвирани, крајно посветени и максимално концентрирани, што по мене е гаранција за успехот во годините што ни следат. Lion-и од различни старосни групи, различни професии и секако од различни градови од државата, посветени на асоцијацијата и на нејзиниот успех.



Својата досегашна посветеност на асоцијацијата и натамошниот развој уште еднаш ја потврдија првиот гувернер на дистриктот Небојша Давидовски, како и првиот вице-гувернер на дистриктот Јелица Кртолица, а присутен беше и претседавачот на регион Слободан Вукиќевиќ

Со нетрпение го очекувам следниот институт!

FIRST POST TO HONOR THE LIONS FOR 2012/2013

Во овој краток пост би сакал да им оддадам признание за нивната работа за нашата асоцијација на:
12 Септември 2012 година - Прв состанок на кабинет на дистриктот

- leo Теодор ЈОСИФОВСКИ, 100% Leo Club President 2011/2012 (Leo club OMNIA);
- leo Atdhe SULEJMANI, 100% Leo Club President 2011/2012 (Leo club LUMOS);




- lion Марина СВИЛИЧИЧ, Extension Award Medal #1 (Lions club SVETLINA);
- lion Слободан ВУКИЧЕВИЌ, Extension Award Medals #2 & #3 (Lions club CENTAR);
- PDG Небојша ДАВИДОВСКИ, Extension Award Medal #4 (Lions club SKOPJE);


28 септември 2012 - Charter Night на клубот во Кичево
- lion Марјана СТОЈКОВСКА, Extension Award Medal #1 (Lions club SVETLINA);



Награди кои се уште не се доделени/презентирани:
- lion Ратко ЧАДИКОВСКИ, Charter Monarch Chevron 15years (Lions club GAZI BABA);
- lion Марија ШОЉАКОВА, Charter Monarch Chevron 15years (Lions club GAZI BABA);
- lion Лилјана СОКОЛОВА, Charter Monarch Chevron 15years (Lions club GAZI BABA);
- lion Верица ХАЏИВАСИЛЕВА-МАРКОВСКА, Charter Monarch Chevron 15years (Lions club GAZI BABA);
- lion Билјана ЈАНЕСКА, Charter Monarch Chevron 15years (Lions club GAZI BABA);

4TH YEAR OF ACCEPTING YOUTH IN MACEDONIA - GO YCE!!!

Убедливо најдобрата програма на Lions Clubs International е онаа за младинска размена!
Не ми претставува потешкотија да го изјавам ова од причина што и самиот работев на развојот на програмата во државава, а создавањето на нови пријателства, запознавањето на нови култури и нации ми било императив од секогаш. На годинешниот младински камп од нашиот дистрикт, одржан во периодот 1-22 јули, учествуваа 12 младинци од Финска, Естонија, Германија, Италија и Турција.

Според предвидената програма, младинците престојуваа по една недела во Скопје, Битола и Охрид, со тоа што во Скопје престојот беше организиран во семејствата на нашите LIONS членови, а во Битола и во Охрид младите беа сместени во мали пансиони. Нашите гости, придружувани од членовите на повеќе LEO клубови, како и  од децата на нашите LIONS членови, поминаа три прекрасни недели во заедничко дружење и посета на многу наши историски локалитети и туристички атракции, а нивното дружење прерасна во искрено пријателство кое го покажаа не само солзите при разделбата, туку и многубројните пораки и “лајкови” што се сеуште се активни на Facebook.
Мојата задача како гувернер на дистриктот беше навистина задоволство да се исполни, а ако не беше листата на обврски толку долга ќе имав уште поголемо задоволство подобро да ги запознаам младите и да поминам со нив навистина пријатни мигови во дискусија за lions, волонтерските активности во нашата, но и во државите од кои тие доаѓаат, како и за културите на државите кои ги претставуваме. Оттаму, единствениот момент во кој имав можност да ги запознаам нашите годинешни гости беше мојата посета на годинешниот Меѓународен Lions младински камп „Macedonia Loves You“ на денот на нивното пристигнување во Охрид.
Младите и оваа година беа сместени во хотелот „Лебед“, а во моето обраќање на нашите млади гости им посочив токму на почетоците, на сите наши досегашни кампови, на фактот дека мене токму оваа програма исклучително многу ми значи. Ги поканив нашите млади гости да уживаат во престојот, да се обидат да научат што може повеќе за Македонија, а по нивното враќање да бидат наши амбасадори во своите држави.
На крајот, на сите им објаснив за мојата визија за нашиот дистрикт и мисијата за оваа година, како и мојата програма за работа со деца и млади и ги повикав додека се во Македонија да ја чествуваат програмата носејќи ја панделката на мојата гувернерска година.

Им порачав: BE A LION - TOUCH A HEAR!

Thursday, September 20, 2012

1st DISTRICT CABINET MEETING NOTES AND CONCLUSIONS

На 12 септември 2012 година, во салата Дипломатик во Мулти-бизнис центарот на Скопски Саем АД - Скопје се одржа првиот состанок на Кабинетот на дистриктот.

На состанокот присуствуваа следните членови: Андреја СТОЈКОВСКИ, Сашо ВАСИЛЕВСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Давор КАРАКАШЕВ, Иван КАРЕВ, Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА, Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Харалампи КОЦЕВ, Дејан БЕШЛИЕВ, Марјан ТАЛЕВ, Соња БОЈАЏИЕВА, Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ, Даница ДОНЧОВСКА, Весна ПАЦАНОСКА, Александар АНЕВСКИ, Борче ДИМИТРОВСКИ, Гордана ЃОРЧЕСКА, Јулија ПИШПЕЦКА, Емил ЛАЗАРЕВСКИ, Дејан ЃОРШОСКИ, Билјана ГАГАЧОВСКА, Гоце БУРЗЕВСКИ, Марија ДОДОВСКА, Никола ДИМИТРОВСКИ, Зоран ТИЛЕСКИ, Марина СВИЛИЧИЧ, Александар ЗАФИРОСКИ, Димитар ПАНЧЕВСКИ, Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Небојша ДАВИДОВСКИ, како и претседателите на клубовите Вардар, односно Охрид, Гордана КУНОВСКА-АНГЕЛОВСКА и Михајло АРНАУДОВСКИ. На состанокот беа поканети да учествуваат и членовите на Leo клубовите Lumos односно Omnia Ади СУЛЕЈМАНИ, Теодор ЈОСИФОВСКИ.

Своето отсуство од состанокот го најавија: Јелица КРТОЛИЦА, Михајло ШИРГОСКИ, Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА, Крумислав БАРЗОВ, Коста КОСТАКЕВ, Драган СПАСЕСКИ-ОХРИДСКИ, Зоран ИЛИЌ, Абдулкадар МЕХМЕДИ, Саво ЕФРЕМОВ, Марјан ЗАБРЧАНЕЦ, Ана ДОНЕВА, Стефан ХАЏИ-НИКОЛОВ, Ирина ГАПИЌ, Ема АРНАУДОВСКА, Јордан САВЕСКИ. Ненајавено отсуствуваа: Константин ЦВЕТАНОВ, Гордана ПАВЛОВСКА, Ѓоко АПОСТОЛОВ, Горан ПЕТРОВСКИ, Илир ХАСАНИ, Горан МОМИРОСКИ, Билјана КОСТОВСКА, Јован ЗАФИРОСКИ, Драгана МИГУЛОВСКА.

На почетокот пред одржувањето на состанокот беа доделени награди и признанија на неколку заслужни lion-и, а потоа на сите членови на кабинетот им беа доделени инсигниите.


По првата точка од дневниот ред: Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013; на присутните им беше поднесен извештај за претходно одржаниот состанок за координација на GMT/GLT за развој и работа со членството. Воедно беа потврдени заклучоците од претходниот состанок.
ЗАКЛУЧОЦИ:

  1. Дистриктот оваа година ја започнува со 39 клубови, од кои 7 нови клубови, 1 отпаднат клуб и 3 реорганизирани клубови. Во однос на членството дистриктот ја започнува годината со 136 нови членови, односно вкупно 950 членови.
  2. Во изминатата година клубовите во дистриктот имаат реализирано 126 активности, во вкупно 5319 активности со кои биле услужени 3387 лица. Еден клуб од дистриктот воспоставил едно збратимување со клуб од друг дистрикт, а биле собрани 9.407,00$, односно биле донирани вкупно 107.770,00$.
  3. Клуб рекордер по бројот на активности и донираните средства е Lions клубот Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН со 16 активности и вкупна вредност од 41.010,00$, а на второто и третото место се наоѓаат клубовите Скопје МАКЕДОНИЈА New Century и Битола ХЕРАКЛЕЈА со 15 активности, односно клубот ОХРИД со 12 активности.
  4. Секретарот на кабинетот најдоцна до 15 септември 2012 година до сите зонски претседавачи ќе го достави прегледот на долгувања кон Lions Clubs International, а тие ќе се потрудат во комуникација со нивните клубови да го обезбедат плаќањето на долговите според приоритетот на долговите на секој клуб поединечно.
  5. Благајникот на кабинетот во комуникација со благајниците на клубовите ќе ги извести за долговите кои клубовите ги имаат кон дистриктот и ќе ги им помогне да ја направат уплатата што побргу можат.
  6. Во годината 2012/2013 интензивно ќе се работи со клубовите, а товарот на работата ќе го понесат гувернерот на дистриктот, вице-гувернерите и зонските претседавачи.
  7. Гувернерот на дистриктот ќе се обиде да го посети секој клуб, а онаму каде што е спречен ќе обезбеди негово претставување од друг офицер во дистриктот. Посетите на клубовите ќе се случуваат согласно утврдениот календар за годината 2012/2013.
  8. Зонските претседавачи ќе го посетат секој клуб во својата зона барем по еднаш во текот на годината, за што ќе го известат гувернерот и неговиот тим.
  9. Најдоцна до 19 септември ќе биде изработен календар со утврдени термини за одржување на Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот водејќи сметка во периодот помеѓу две координативни средби да се одржи барем еден состанок. На состанокот покрај зонскиот претседавач ќе учествува и еден од вице-гувернерите.
  10. При своите посети на клубовите, како и на средбите на Советодавните комитети, зонските претседавачи, региските претседавачи, вице-гувернерите и гувернерот на дистриктот ќе зборуваат за меѓународната програма на асоцијацијата и програмата на меѓународниот претседател, како и за програмата на гувернерот на дистриктот. Воедно, средбите ќе се искористат како форум за промоција на Club Excellence Award и Club Excellence Process.
  11. Во рамките на својата програма за обука и развој на лидерство за годината 2012/2013 GLT координаторот и сите членови на институтот за обука на дистриктот ќе го вклучат Club Excellence Process како начин да се обезбеди задржувањето на членството и неговото се поголемо вклучување во активностите.
  12. На крајот на годината, за да им заблагодари на ангажманот, а секако и за да го одбележи истиот, гувернерот на дистриктот ќе ги препорача најзаслужните членови на тимот да бидат одликувани од Меѓународниот претседател со District Governor’s Team Excellence Award.

Во втората точка од дневниот ред: Годишна програма за 2012/2013, присутните разговараа за програмата на активности, индикаторите по кои ќе се мери успешноста на членовите на кабинетот и комуникацијата за спроведувањето на активностите. Воедно на присутните им беше појаснето дека секоја активност спроведена од рамките на годишната програма на активности ќе води кон доделување на награта Club Excellence Award.
Присутните ги усвоија следните заклучоци по оваа точка.
ЗАКЛУЧОЦИ:

  1. Во текот на оваа фискална година интензивно ќе се работи на имплементацијата на трите имиџ проекти во годината, со поставување на структура која ќе може да го продолжи работењето   во наредниот период. Дистриктот договори партнерство со ИМБ Млекара А.Д. Битола и Алфа Банка А.Д. Скопје преку кое ќе се поддржи проектот „Исполнуваме желби“.
  2. Клубовите ќе можат да ја следат годишната програма на активности која ќе им биде презентирана на состаноците на Советодавните комитети, како и при секоја посета од некој од офицерите на дистриктот.
  3. Секоја активност имплементирана во текот на годината клубовите ќе ја пријават во LCI, притоа пријавувајќи ги особено: бројот на членови кои учествувале во истата; бројот на часови волонтерска работа; бројот на корисници и вредноста на активноста.
  4. За потребите на комуникација на активностите ќе се користат сите можности кои ги нудат социјалните медиуми, веб страната на дистриктот, како и магазинот на македонски јазик. Секој од клубовите е повикан да го информира уредувачкиот одбор за активностите кои ги презема за да може да бидат соодветно промовирани.
  5. Успехот на секој од членовите на Кабинетот на дистриктот или Тимот на Гувернерот на дистриктот ќе зависи од тоа колку клубовите ги пријавуваат своите активности, односно колку ќе бидат исполнети утрврдените индикатори за мерење на успехот.
  6. Кабинетот на дистриктот прифати да го спонзорира учеството на еден млад музичар (пијанист) од Македонија на Европскиот музички натпревар 2013 година кој ќе се одржи за време на Европскиот форум 2013 во Истанбул, Турција. За таа цел се формира работно тело во состав: Јане КОЏАБАШИЈА и Мирко СТЕФАНОВСКИ.
  7. Кабинетот беше известен дека на последниот Европски форум кој се одржа во Брисел, Белгија, претседавачот на LCIF, претходниот меѓународен претседател д-р Винг-кун Там ја одобри апликацијата за Community Partnership Grant на нашиот дистрикт за имплементација на програмата Lions Quest во вредност од 10.000 американски долари. Програмата ќе биде спроведена во партнерство со NOVA International Schools.
  8. Кабинетот на дистриктот беше известен за имплементацијата на грантовите од претходната фискална година, а за односи со јавноста и комуникации и заклучи дека обуката на одговорни лица од клубовите за поставување на информации за проекти и активности треба да се организира во форма на писмено упатство дистрибуирано до сите клубови. Средствата предвидени за оваа обука, да се пренаменат за други активности на дистриктот, по дополнителна одлука донесена на некоја од наредните средби.

Како продолжение од втората точка, присутните во рамките на третата точка од дневниот ред дискутираа за делегирањето на надлежностите и организацијата на тимови за имплементација на програмата. Во оваа точка беа дискутирани сите поедини програми и притоа беа усвоени следните заклучоци.
ЗАКЛУЧОЦИ:
  1. Претседавачите на регион во текот на фискалната 2012/2013 година ќе имаат задача да го координираат и обезбедат активното учество на клубовите во програмските активности на дистриктот. Секој од претседавачите на регион ќе има конкретна задача согласно следнава поделба:
  • Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА ќе биде одговорна за првиот signature project „Исполнуваме желби“;
  • Михајло ШИРГОСКИ ќе биде одговорен за активностите од меѓународната програма на LCI;
  • Слободан ВУКИЌЕВИЌ ќе биде одговорен за вториот signature project „Прославуваме јубилеи“;
  • Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА ќе биде одговорна за делот на комуникации и комуницирање внатре во дистриктот.
успехот на претседавачите на регион ќе се мери според покажаните резултати и исполнетите индикатори утврдени во програмата.
  1. За имплементација на предвидените активности во дистриктот и обезбедување на што поголемо учество на претставници на заедницата, како и на клубовите ќе се грижат следните тимови:
  • ИСПОЛНУВАМЕ ЖЕЛБИ – Ирина ГАПИЌ, Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА, Андреја СТОЈКОВСКИ, Ана ДОНЕВА, ПАРТНЕР 1, ПАРТНЕР 2, ПАРТНЕР 3;
  • ПОСТЕР НА МИРОТ – Ангел ЈАНЕВ, Виктор НОВАКОВСКИ, Лилјана ХРИСТОВА, Снежана ЛИПКОВСКА, Гоце БОЖУРСКИ, МихајлоШИРГОСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Драган СПАСЕСКИ-ОХРИДСКИ;
  • LIONS QUEST – Андреја СТОЈКОВСКИ, Александар ЗАФИРОСКИ, Марина СВИЛИЧИЧ, Јелица КРТОЛИЦА, ПАРТНЕР 1.1, ПАРТНЕР 1.2,   ПАРТНЕР 1.3;
  • ЕСЕЈ ЗА МИРОТ – Билјана КОСТОВСКА, Михајло ШИРОГОСКИ, Јелица КРТОЛИЦА, Јулија ПИШПЕЦКА, Марија ДОДОВСКА;
  • LCIF Марина СВИЛИЧИЧ, Јелица КРТОЛИЦА, Иван КАРЕВ, Михајло ШИРГОСКИ, Дејан ЃОРШОСКИ, Ирина ГАПИЌ, Александар   ЗАФИРОСКИ, Димитар ПАНЧЕВСКИ;
  • ЕКО-ФОТОГРАФИЈА – Пеце ЦВЕТАНОВСКИ, Михајло ШИРГОСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Димитар ШКОРДОВСКИ;
  • ПРОСЛАВУВАМЕ ЈУБИЛЕИ – Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Сашо ВАСИЛЕВСКИ, Драги ФИЛЕВСКИ, Борче ДИМИТРОВСКИ, ГорданаЃОРЧЕСКА;
  • INTERNATIONAL TWINNING – Емил ЛАЗАРЕВСКИ, Дејан ЃОРШОСКИ, Михајло ШИРГОСКИ, Давор КАРАКАШЕВ, Андреја СТОЈКОВСКИ;
  • EUROPEAN MUSIC CONTEST – Јане КОЏОБАШИЈА и Мирко СТЕФАНОВСКИ;
Во однос на четвртата точка од дневниот ред, известувања од други членови на Кабинетот беше дискутирана младинската размена 2012 и подготовките за истата во 2013 година.
ЗАКЛУЧОК:

  1. Меѓународниот младински камп во организација на дистриктот оваа година помина во релативно добар ред и успешно. Тимот кој ќе го организира наредниот ќе биде проширен и ќе го вклучува и Зоран Тилески, а истиот ќе подготви програма и буџет и ќе ги предложи на Тимот на Гувернерот на дистриктот најдоцна до крајот на октомври 2012 година.

По точката разно немаше дискусија, а состанокот беше затворен.

Sunday, September 16, 2012

THIRD MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во третиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на борба против дијабетес. Ова е третото месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина успешно ја продолживме програмата за комуникација со клубовите и членството.
Повторно, благодарение на ангажманот на повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор излезе вториот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/3976855310/LION_MK_1.pdf
Во меѓувреме, од објавувањето на првиот и вториот број на магазинот, откако линковите за нивно преземање беа поставени на нашата facebook страница, истите беа прочитани и преземени од просечно 850 лица. Под претпоставка дека сите тие 850 лица се членови на нашата асоцијација, може да заклучиме дека најголемиот дел од нашето членство било информирано за случувањата во дистриктот. Сепак имајќи во предвид дека само дел од нив се членови, тогаш можеме да бидеме задоволни од фактот дека успешно ги комуницираме и дел од луѓето во заедницата за се она што се случува во дистриктот.
Во месецот што измина воспоставивме ново партнерство со бизнис заедницата, насочено кон имплементацијата на нашиот signature project „Исполнуваме желби“.
Работејќи на имплементацијата на овој проект, покрај партнерството со ИМБ Млекара А.Д. Битола се заокружи ново партнерство со АЛФА Банка А.Д. Скопје и American Express.
Преку ова партнерство, сите членови на дистриктот ќе можат да придонесат за проектот откажувајќи се од својот money back во вредност од 2%, односно 5% од прометот направен на продажните места на ОКТА, ВЕРО, Џамбо и Нептун. Дополнително, започната е интерна постапка за откажување од годишната членарина во Amex која ќе биде донација за проектот која ќе ја направи банката. Партнерството на нашиот дистрикт со Алфа Банка А.Д. Скопје на овој проект ќе отпочне кон средината на месец септември 2012 година. Ги повикувам сите lions-и од Македонија да аплицираат за издавање на American Express кредитна картичка и притоа потпишат изјава дека се согласуваат да учествуваат во имплементацијата на проектот. Воедно, ги повикувам сите наши членови кои веќе поседуваат ваква кредитна картичка во својата филијала на банката да побараат и потпишат ваква изјава.
Во месецот што измина воспоставивме уште едно стратешко партнерство за имплементација на програмата Lions Quest во Република Македонија.
Lions дистриктот 132 Македонија и “NOVA International Schools” откако веќе извесен период во училиштето функционира Leo клубот Скопје LUMOS направија исчекор и воспоставија стратешко партнерство за имплементација на програмата Lions Quest.
Партнерството беше искористено како алатка за потврдување на вољата на дистриктот за имплементација на програмата и аплицирање за проект кој би бил финансиран од нашата фондација. Апликацијата беше поднесена кон крајот на месецот, а за време на Европскиот Lions форум кој се одржа во Брисел, Белгија истата беше одобрена. Оттаму имам чест и задоволство да известам дека согласно апликацијата добитници сме на грант од 10.000,00 $ со кои ќе се имплементира делот Skills for Action од програмата Lions Quest во гимназијата НОВА во Скопје. Со проектот ќе бидат опфатени сите 32 наставници од гимназијата, но и сите 250 ученици во истата, уште во првата година од нејзината имплементација.
Имплементирањето на овој проект ќе ни понуди можност да се подготвиме, да го промовираме истиот во заедницата и со поддршка од институциите да аплицираме за нов проект што ќе значи и проширување на опфатот на програмата во државата.
На почетокот на овој месец се одржува Европскиот Lions форум, а на истиот ќе учествува и мала македонска делегација.
Оваа година на форумот, согласно статутот и правилниците на Lions Clubs International и согласно статутот и правилниците на Lions дистриктот 132 Македонија дистриктот го претставував на форумот јас, а со мене во делегацијата учествуваа и првиот вице-гувернер Јелица Кртолица, како и секретарот на кабинетот Давор Каракашев.
За прв пат оваа година, по сите учества и презентации кои нашиот дистрикт досега ги имал, учествувавме со улога на ко-претседавачи на сесијата за Централна и Источна Европа. На истата сесија имав можност да го презентирам и искуството на дистриктот од процесот на стратешко планирање, но и да ги претставам целите кои ги поставивме пред нас. Претходно, пред одржувањето на форумот се одржа Advanced (Senior) Lions Leadership Institute на кој и оваа година учествуваа двајца учесници. Оваа година, согласно досегашната практика и секако согласно нашиот стратегиски документ, учесник на овој институт беше вториот вице-гувернер на дистриктот Драги Филевски. Вториот учесник кој самостојно се пријави за овој институт беше секретарот на кабинетот Давор Каракашев. Со ова бројот на lion-и кои успешно го завршиле овој институт се искачи на 5.
Во текот на овој месец отпочнувам со редовните работни посети на клубовите во нашиот дистрикт.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, оваа година беше изготвен календар за овие редовни посети кои ќе започнат во средината на овој месец. Во текот на септември 2012 година ќе ги посетам лично, односно ќе замолам некој од членовите на тимот да ги посети следните клубови: ШТИП, ТЕТОВО, Скопје ГАЗИ БАБА и Куманово ТУМБА.
Во текот на овој месец ги повикувам клубовите да се приклучат кон борбата против дијабетесот.
Согласно календарот на дистриктот за оваа година, овој месец е во знакот на борбата против дијабетесот. Оттаму, ги повикувам сите клубови да се вклучат во оваа кампања и да организираат настан со кој ќе придонесат во борбата со оваа болест. Настаните можат да бидат индивидуално служење, кога клубовите ќе одлучат да понудат помош и да му служат на одредено лице, односно кампањи во кои ќе биде подигната свеста на одредена група лица во општеството. Настаните кои можат да бидат организирани и притоа одат во прилог на наградувањето за исклучителност на клубовите се: предавање, промотивна кампања, кампања за подигнување на свеста, колективно мерење на шеќер во крвта, конкретна помош за одреден заболен од дијабетес...

Во текот на овој месец ќе се одржи REGIONAL LIONS LEADERSHIP INSTITUTE во Битола, како и Charter Night на клубовите ДЕМИР ХИСАР (22 септември 2012) и КИЧЕВО (28 септември 2012).

Наместо потсетување, овој месец отпочнуваат националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во коi ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Повеќе за темата и натпреварот во оваа година можете да прочитате на следниот линк: http://0.mk/53649 . Согласно правилата, потенцијалните учесници се млади кои најдоцна на 15 ноември ќе наполнат најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за правилата за учество можете да прочитате на наредниот линк: http://0.mk/0ee57. Според ветеното, пријавата и материјалите за учество со победничкиот постер веќе се набавени, а клубовите треба само да го изберат својот победник. Ги повикувам сите клубови и сите lion-и заинтересирани за спонзорирање учесник, односно за лично учество да ги побараат координаторите и од нив да се информираат повеќе за националните натпревари.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013