Monday, September 24, 2012

CHARTER NIGHT IN DEMIR HISAR - LONG LIVE LIONS CLUB DEMIR HISAR

Секој пат кога му посакуваме добредојде на нов член во нашето семејство се радуваме, а секој пат кога му посакуваме добредојде на нов клуб се радуваме уште повеќе. Овој викенд имав среќа да им посакам добредојде на членовите во новоформираниот Lions клуб ДЕМИР ХИСАР.
Беше тоа исклучителен момент, а воедно и исклучителна локација. Во селото Слепче, на приближно 2 километри северно од Демир Хисар, крај средовековниот книжевно-уметнички центар, манастирот посветен на Св. Јован Претеча, на висина од приближно 1000 метри над нивото на морето го имате едно од најпрекрасните природни места во Македонија со идеален поглед на врвовите на Илинска планина во објектот „Горна куќа“.
Секој патник намерник ќе ужива во прекрасниот пејсаж, а секој гурман во вкусната храна која ја приготвуваат во вилата.
На почетокот поздрав од домаќините, а потоа за прв пат како гувернер на дистриктот ја отпочнав официјалната церемонија на воведување во членство. Дваесетмина прекрасни луѓе зрело се втурнуваат во светот на служењето, одлучни својата заедница да ја направат попристојно место за живеење. Можеби до крајот на годината многукратно ќе го подобрам својот настап за овие Charter Nights, но засекогаш ќе го паметам првиот клуб кому сум му ја прочитал свечената заклетва.
По завршувањето на церемонијата, вториот вице-гувернер на дистриктот lion Драги ФИЛЕВСКИ му ја додели повелбата од Меѓународната асоцијација на новововедениот претседател на клубот, а Guiding lion-от на новиот клуб lion Марјан ТАЛЕВ подарокот – знамето на клубот – во името на спонзорскиот клуб. На самиот крај на официјалниот дел од вечерта, првиот вице-гувернер на дистриктот lion Јелица КРТОЛИЦА на секретарот на спонзорскиот клуб, lion Жико КАЛПАКОСКИ му ја додели наградата за спонзорирање на нов клуб.

Конечно, запознавајќи ги присутните со фактот дека секој успех на новиот клуб ќе биде само негов, а секој неуспех на неговите ментори, на обајцата, Марјан Талев и Димче Кузмановски  им посакав секаков успех и ги потсетив на одговорноста на функцијата Guiding Lion предавајќи им ги нивните нови инсигнии.


На крајот споделувајќи ја среќата од формирањето на новиот клуб со сите останати офицери на дистриктот на членовите на клубот им ги поделивме нивните инсигнии од членството.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
 
BE A LION - TOUCH A HEART!!!

No comments:

Post a Comment