Sunday, September 23, 2012

4TH YEAR OF ACCEPTING YOUTH IN MACEDONIA - GO YCE!!!

Убедливо најдобрата програма на Lions Clubs International е онаа за младинска размена!
Не ми претставува потешкотија да го изјавам ова од причина што и самиот работев на развојот на програмата во државава, а создавањето на нови пријателства, запознавањето на нови култури и нации ми било императив од секогаш. На годинешниот младински камп од нашиот дистрикт, одржан во периодот 1-22 јули, учествуваа 12 младинци од Финска, Естонија, Германија, Италија и Турција.

Според предвидената програма, младинците престојуваа по една недела во Скопје, Битола и Охрид, со тоа што во Скопје престојот беше организиран во семејствата на нашите LIONS членови, а во Битола и во Охрид младите беа сместени во мали пансиони. Нашите гости, придружувани од членовите на повеќе LEO клубови, како и  од децата на нашите LIONS членови, поминаа три прекрасни недели во заедничко дружење и посета на многу наши историски локалитети и туристички атракции, а нивното дружење прерасна во искрено пријателство кое го покажаа не само солзите при разделбата, туку и многубројните пораки и “лајкови” што се сеуште се активни на Facebook.
Мојата задача како гувернер на дистриктот беше навистина задоволство да се исполни, а ако не беше листата на обврски толку долга ќе имав уште поголемо задоволство подобро да ги запознаам младите и да поминам со нив навистина пријатни мигови во дискусија за lions, волонтерските активности во нашата, но и во државите од кои тие доаѓаат, како и за културите на државите кои ги претставуваме. Оттаму, единствениот момент во кој имав можност да ги запознаам нашите годинешни гости беше мојата посета на годинешниот Меѓународен Lions младински камп „Macedonia Loves You“ на денот на нивното пристигнување во Охрид.
Младите и оваа година беа сместени во хотелот „Лебед“, а во моето обраќање на нашите млади гости им посочив токму на почетоците, на сите наши досегашни кампови, на фактот дека мене токму оваа програма исклучително многу ми значи. Ги поканив нашите млади гости да уживаат во престојот, да се обидат да научат што може повеќе за Македонија, а по нивното враќање да бидат наши амбасадори во своите држави.
На крајот, на сите им објаснив за мојата визија за нашиот дистрикт и мисијата за оваа година, како и мојата програма за работа со деца и млади и ги повикав додека се во Македонија да ја чествуваат програмата носејќи ја панделката на мојата гувернерска година.

Им порачав: BE A LION - TOUCH A HEAR!

No comments:

Post a Comment