Monday, October 22, 2012

CHARTER NIGHT IN KRUSHEVO

Нов прекрасен момент. Овој пат, му посакуваме добредојде на нов член од нашето семејство во Крушево, градот на Илинден и непокорот, градот на Крушевската Република, градот на Никола Мартиноски, градот на Тоше Проески. Се радував неизмерно, бидејќи речиси 110 години откако мојот прапрадедо по мајкина женска линија се отселил од овој град, веднаш по востанието и Крушевската Република јас се вратив да водам церемонија за воведување во членство на еден нов Lions клуб.
Клубот во КРУШЕВО на 20 октомври 2012 во прекрасно реновираниот хотел „Монтана-Палас“ ни даде извонредна можност да пречекаме дури 24 нови lions-и.
Во конференциската сала на хотелот присутни малку повеќе од 80 лица. Голем број од нив дојдени од Прилеп, Битола, Демир Хисар, дури од Охрид, а некои како мене и од Скопје. На почетокот поздрав од домаќините и поздрав кон химната на Република Македонија, а потоа моето обраќање како гувернер на дистриктот. Започнав со „Почитувани дами и господа, добро вечер“ и веднаш потоа со „Tinisits Domni shi Doamni, Buna Va Seara“.
И овој пат, знаејќи за присуството на повеќе лица, поддржувачи и други, одлучив најнапред да говорам за асоцијацијата, да го претставам Lions Clubs International, а потоа да го претставам и дистриктот и активните членови. Истовремено, се обидов и да ги мотивирам идните членови на новиот клуб да се придружат во ширењето на позитивниот имиџ во заедницата и во поставувањето на рекорди на служење. Конечно, поставен предизвик како да помогнат поуспешно да допреме во срцата!
Во свечениот дел повторно се обидов заедно со сите присутни офицери на дистриктот како и со менторите на новиот клуб да им направиме церемонија која се надевам ќе ја паметат до крајот на животот. Подоцна, дури и набљудувачите рекоа дека тоа било вистинскиот начин за воведување во членство. 
По завршувањето на церемонијата, претходниот гувернер на дистриктот lion Сашо ВАСИЛЕВСКИ му ја додели повелбата од Меѓународната асоцијација на новововедениот претседател на клубот, а вице-гувернерите КРТОЛИЦА и ФИЛЕВСКИ на Guiding lion-сите на новиот клуб нивните инсигнии како ментори. На самиот крај на официјалниот дел од вечерта, претседателот на спонзорскиот клуб, ПРИЛЕП, lion Пеце ПЕТРЕСКИ со новововедениот претседател Мики КОСТОСКИ си разменија пригодни подароци во името на клубовите.
На самиот крај, прекрасна забава во добра атмосфера која траеше до долго во ноќта, а утре дента многу насмеани ликови весели нови lions-и кои се радуваа и прославуваа за своето членство.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

CHARTER NIGHT ANNIVERSARY - 5 YEARS LIONS CLUB OHRID DESARETI

Да создава и одржува дух на разбирање помеѓу народите од светот за потребата од соработка и служење! Ова е дел од целите и задачите на нашата меѓународна асоцијација која најдобро го отсликува Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ.
Во годината во која Меѓународната асоцијација на Lions клубовите го одбележува својот 95 годишен јубилеј, а клубовите во државава својот 15 годишен јубилеј, Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ заедно со нашиот дистрикт одбележуваат мини јубилеј - 5 години од своето постоење.
Изминатите години, клубот ДЕСАРЕТИ работеше во атмосферата на позитивна конкуренција во Охрид, во која настана заедно со својот малу постар брат, клубот ОХРИД. Постојани во активностите, како во својата посветеност да и служат на заедницата. Промовирајќи ги градот и државата, нивната историја, култура и традиција успешно работат на меѓународниот мир безмалу триесетина lions-и на кои доблеста и скромноста им се најголема предност.

Петте години изминаа дури си трепнал, на акциите им нема број, а досегашните претседатели сите обединети во идејата да создаваат и одржуваат дух на разбирање помеѓу народите од светот за потребата од соработка и служење. Првиот претседател, lion Габриела РАКИЌЕВИЌ, беше учесник на првата меѓународна конвенција од основањето на нашиот дистрикт во 2008 година во Бангкок. Третиот претседател, lion Елизабета ИЛИЕВСКА, го внесе клубот во Асоцијацијата на Lions клубови од градови со тврдина, а сега е нејзин амбасадор за проширување. Петтиот претседател, lion Зоран ТИЛЕВСКИ, совршено добро го водеше клубот низ својата највредна и најобемна акција, 9. Конгрес на Асоцијацијата на Lions клубови од градови со тврдина. Сите меѓутоа заедно, и вториот, lion Ивица ЕРАКОВИЌ и четвртиот, lion Ерол СУЛЕЈМАНОВСКИ го врзаа клубот во постојан ангажман со Меѓународниот младински летен камп кој нашиот дистрикт го организира секое лето. Од актуелниот претседател, lion Сашо Љушевски не очекувам ништо помалку од тоа клубот да го вивне во невидени височини и да продолжи да придонесува за неговиот развој, рушејќи притоа не само наши национални рекорди на активност и служење, туку и многу од рекорди од регионот, Европа и светот.
Сосем разбирливо на Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ во името на Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА им доделив Certificate of Appreciation, а на lion Зоран ТИЛЕВСКИ, District Governor's Appreciation Award Medal.
Импозантниот собир, како и присуството на повеќе од нашите lions лидери беше одлична можност во името на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и на претходниот меѓународен претседател д-р Винг-Кун ТАМ на претходниот гувернер на дистриктот др. Сашо ВАСИЛЕВСКИ да му доделам Certificate of Appreciation како благодарност за неговото служење во годината 2011/2012 како гувернер на дистриктот.
Забавата беше прекрасна! Клубот успеал да порасне исклучително многу и да ги надрасне другите клубови во државава и дистриктов. Сето тоа е благодарени на нивниот исклучителен, а впрочем и наш пријател, поранешниот претседавач на совет на гувернери, lion Брајан РАЈЛИ од МД105.
Се надевам дека и понатаму ќе продолжи да учи и да расте, но дека она што го научил ќе го сподели со другите - да можат и тие да продолжат да допираат во срцата!!!

BE A LION - TOUCH A HEART!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Tuesday, October 9, 2012

YOUNG AMBASSADOR COMPETITION - LOOKING FOR THE FUTURE LEADERS

Започнува натпреварот за Млад амбасадор за 2013 година! Ги повикувам сите клубови да ги охрабрат своите членови да пронајдат и да предложат кандидат за учество во Националниот натпревар за Млад амбасадор за 2013 година.

Сега е вистинскиот момент клубовите да започнат со утврдувањето на листа на потенцијални кандидати за учесници во натпреварот. Најнапред обидете се, кандидатите да ги пронајдете во локалните училишта, младински клубови, извиднички клубови или други волонтерски младински организации. Членовите на нашиот подмладок Leo клубовите имаат можност да учествуваат во натпреварот, исто како и децата на нашите lions-и, но и најмладите членови на клубовите.

Во текот на јануари ќе ги спроведеме локалните натпревари на кои секој од клубовите ќе го изберат својот претставник, а на националниот натпревар во март 2013 година ќе биде избран победникот кој ќе добие можност да го претставува дистриктот и Република Македонија на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција во октомври/ноември 2013 година.

Кандидатите мора да бидат помеѓу 15 и 19 години, пред 30. јуни во годината во која се одржува финалниот натпревар. Кандидатите ќе бидат оценувани од жири кое ќе го следи нивниот развој и нивната посветеност на служењето на заедницата. Во текот на интервјуто, кандидатите ќе треба да покажат дека:
  • посветено и служат на заедницата и имплементираат релевантни проекти;
  • поседуваат исклучителни лични квалитети и покажуваат забележителни лидерски квалитети;
  • имаат квалитет за јавни настапи, особено за презентирање на нивните проекти; и
  • посветеност на работата и соработката со дистриктот; и
  • имаат план како да ја искористат сумата што би можеле да ја добијат како награда ако победат на натпреварот.
Секој клуб кој ќе предложи кандидат за учество на Националниот натпревар заедно со пополнетата апликација уплаќа и сума во вредност од 1.200,00 денари на сметката на дистриктот. Сите прибрани средства од котизацијата ќе бидат употребени како фонд за награда за победникот на натпреварот. Победникот на натпреварот покрај паричната награда ќе добие и трофеј и благодарница кои ќе може да ги задржи, односно ќе бидат преносни.
Паричната награда, победникот ќе може да ја искористи само во поддршка на неговото служење на заедницата, односно за надградба на своите капацитети за преземање на одредена лидерска функција во асоцијацијата, или пак во општеството. 

Победникот, меѓу другото се обврзува:
  • да настапи на 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година;
  • да учествува/работи на Меѓународниот младински камп на дистриктот;
  • да ја претставува државата и дистриктот на Европскиот Lions форум 2013.
ПРИФАТЕТЕ ГО ПРЕДИЗВИКОТ, ДА ПОМОГНЕМЕ И ПОНАТАМУ ДА СЕ ДОПИРААТ СРЦАТА!

BE A LION - TOUCH A HEART!

LIONS EUROPEAN MUSIC COMPETITION 2013 - LOOKING FOR THE BEST PIANIST

ЦЕЛ:
Сакајќи да ги охрабри младите и талентирани музичари да се натпреваруваат, да го претстават својот талент и да ја промовираат својата држава и квалитетот на lion-измот во државата, оваа година Кабинетот на Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА одлучи да го спонзорира учеството на еден млад пијанист на Европскиот lions музички натпревар 2013.

ИНСТРУМЕНТ:
Избраниот инструмент од домаќинот на 59. Европскиот Lions форум кој ќе се одржи од 31 октомври до 02 ноември 2013 година во Истанбул, Турција е ПИЈАНО.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:
Согласно правилата усвоени од Европскиот Lions форум, учесниците:
  • треба да бидат родени по 31 декември 1989 година;
  • треба да престојувале во Република Македонија во последните 3 години, пред 01 јануари 2013 година;
  • треба да бидат спонзорирани од клуб во добро држење во дистриктот.
НАТПРЕВАР:
Секој учесник, ќе биде обврзан да го изведе делото означено како задолжително за натпреварувањето, како и селекција од предложениот репертоар. Изборот на најдобриот млад пијанист ќе се одржи паралелно со 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година.

РЕПЕРТОАР:
Задолжително дело: Rondo in A minor K.V.511 W.A.MOZART 

Предлог репертоар:
1. Andante favori WoO 57 - L.V.BEETHOVEN
2.  1st of the 4 Scherzos - F.CHOPIN
3.  Novelette opus 21 Nr 8 - R.SCHUMANN
4.  Scherzo opus 4 - J.BRAHMS
5.  2d Ballade or Funérailles (excerpt of “Harmonies poétiques et Religieuses”) - F.LISZT
6.  Ondine or Scarbo (excerpt of “Gaspard de la nuit”) - M.RAVEL
7.  Poissons d’or (excerpt of Image 2) or Mouvement (excerpt of Image 1) or Jardins sou la pluie (excerpt оf Estampes) - CL.DEBUSSY
8.  Sonata Nr 3 or Sarcasmes - S.PROKOFIEV
9.   Romanian Dance opus 8a Nr1 or Suite opus 14 - B.BARTOK
10. Choral et Variations(excerpt of Sonata) - H.DUTILLEUX

ФИНАНСИИ:
Секој клуб кој ќе одлучи да спонзорира и предложи млад музичар за учество на Националниот Lions музички натпревар ќе уплати на сметката на дистриктот средства во вредност од 1.200,00 денари. Клубот ќе биде обврзан да ги подмири трошоците на својот кандидат за учеството на националниот натпревар.
Победникот на националниот натпревар ќе биде испратен на форумот и Европскиот натпревар на сметка на Дистриктот.

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ и ЖИРИ КОМИСИЈА:
Одговорен за натпреварот во Кабинетот на дистриктот е lion Јане КОЏАБАШИЈА, Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН, додека членовите на жирито ќе бидат именувани на 3. состанок на Кабинетот на дистриктот кој ќе се одржи во март 2013 година. Како членови на жири комисијата ќе можат да учествуваат членови на lions, меѓутоа и други познати музичари/пијанисти.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО:
Ве молам погледајте го овој пост уште еднаш до крајот на овој месец кога ќе биде објавена и апликацијата за учество.

Monday, October 8, 2012

FOURTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и

Добредојдовте во четвртиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на борба против слепилото. Ова е четврто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности. 

Во месецот што измина успешно ја продолживме програмата за комуникација со клубовите и членството. 
Повторно, благодарение на ангажманот на повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор излезе третиот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/2488427367/LION 
Во меѓувреме бројот на лица кои ги преземале првиот и третиот број секојдневно расте. 

Во месецот што измина се одржа Европскиот Lions форум, а на истиот учествуваше и мала македонска делегација. 
Оваа година на форумот, согласно статутот и правилниците на Lions Clubs International и согласно статутот и правилниците на Lions дистриктот 132 Македонија дистриктот го претставував на форумот јас, а со мене во делегацијата учествуваа и првиот вице-гувернер Јелица Кртолица, како и секретарот на кабинетот Давор Каракашев. 
За прв пат оваа година, по сите учества и презентации кои нашиот дистрикт досега ги имал, учествувавме со улога на ко-претседавачи на сесијата за Централна и Источна Европа. На истата сесија имав можност да го презентирам и искуството на дистриктот од процесот на стратешко планирање, но и да ги претставам целите кои ги поставивме пред нас. Претходно, пред одржувањето на форумот се одржа Advanced (Senior) Lions Leadership Institute на кој и оваа година учествуваа двајца учесници. Оваа година, согласно досегашната практика и секако согласно нашиот стратегиски документ, учесник на овој институт беше вториот вице-гувернер на дистриктот Драги Филевски. Вториот учесник кој самостојно се пријави за овој институт беше секретарот на кабинетот Давор Каракашев. Со ова бројот на lion-и кои успешно го завршиле овој институт се искачи на 5. 

Во месецот што измина ги отпочнавме редовните работни средби во клубовите. 
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите. 
Оттаму, оваа година беше изготвен календар за овие редовни посети кои започнаа во минатиот месец. Имав можност да се сретнам со членовите на клубовите: КАБАДАЈА, ДЕМИР ХИСАР и КИЧЕВО. 

Во текот на овој месец ги повикувам клубовите да се приклучат кон борбата против слепилото. 
Согласно календарот на дистриктот за оваа година, овој месец е во знакот на борбата против слепилото. Оттаму, ги повикувам сите клубови да се вклучат во оваа кампања и да организираат настан со кој ќе придонесат во мисијата на нашето движење и во продолжување на борбата кон која не повикала да се придружиме Хелен Келер во 1925 година. Настаните можат да бидат индивидуално служење, кога клубовите ќе одлучат да понудат помош и да му служат на одредено лице, односно кампањи во кои ќе биде подигната свеста на одредена група лица во општеството. Настаните кои можат да бидат организирани и притоа одат во прилог на наградувањето за исклучителност на клубовите се: предавање, промотивна кампања, кампања за подигнување на свеста, колективен скрининг за вид, конкретна помош за одредено лице кои има слаб вид, или пак е слепо. 
Централниот настан оваа година за одбележување на денот на белиот стап ќе се случи на 15 октомври 2012 година во Кавадарци во организација на Националниот сојуз на слепите лица. На настанот ќе учествуваат претставници на тимот на гувернерот, а сите клубови можат0 да учествуваат во набавка на некој од следните предмети и на тој начин да помогнат на сојузот: топломери за слепи лица (1000 примероци – 20 евра од примерок); апарати за мерење притисок (200 – 60 евра по примерок); звучни и браеви саати (200 – 30 евра од примерок). 

Во месецот што измина се одржа REGIONAL LIONS LEADERSHIP INSTITUTE во Битола. 
Развивањето стратегии за успешно надминување на предизвиците во нашите клубови и дистриктот, препознавањето стилови на комуникација и нивно приспособување за поефикасно комуницирање, како и креирањето акционен план за мотивација на членовите на клубовите, беа централните теми на семинарот, одржан во Битола. Најголемо внимание и дебата на учесниците предизвикаа интерактивната драма со доделени улоги за начинот на функционирањето на клубовите, за која предавачот Звонимир Цветановски, рече дека претставува одличен вовед во анализата која има за цел создавање на клима која поддржува различност во клубовите и во дистриктот. 
Не помало интересирање на посетителите на семинарот предизвика прашањето на зголемувањето на членството, односно зошто е тоа потребно и кои се полезностите од растот на дистриктот. Притоа беше предложено, поради актуелноста на темата, да биде организирана и посебна средба целосно посветена на прашањето како до ново членство 


Наместо потсетување, овој месец продолжуваат националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во коi ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Повеќе за темата и натпреварот во оваа година можете да прочитате на следниот линк: http://0.mk/53649 . Согласно правилата, потенцијалните учесници се млади кои најдоцна на 15 ноември ќе наполнат најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за правилата за учество можете да прочитате на наредниот линк: http://0.mk/0ee57. Според ветеното, пријавата и материјалите за учество со победничкиот постер веќе се набавени, а клубовите треба само да го изберат својот победник. Ги повикувам сите клубови и сите lion-и заинтересирани за спонзорирање учесник, односно за лично учество да ги побараат координаторите и од нив да се информираат повеќе за националните натпревари. 
Роковите за пријавување на учество на регионално ниво се 15 ноември 2012 година, односно 25 ноември 2012 година за националните натпревари.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години. 

BE A LION – TOUCH A HEART! 

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

THIRD ISSUE OF THE "LION" MAGAZINE IN MACEDONIAN

Пред неколку дена излезе третиот број на LION магазинот на македонски јазик. Темата на овој број е меѓународната соработка и создавањето на мостови помеѓу луѓето како задача за сите членови на асоцијацијата. Во овој број ќе може да прочитате: воведник на Марјан Забрчанец, 58. Европски Lions Форум во Брисел, лична порака од пранешниот меѓународен директор Гудрун Бјорт Ингвадотир, интервју со поранешниот меѓународен директор Фил Нејтан, претставување на lions-ите денес во главната канцеларија на меѓународната асоцијација, како и информации за активности на повеќе клубови во дистриктот.

Thursday, October 4, 2012

CHARTER NIGHT IN KICHEVO

Уште еден прекрасен момент му посакуваме добредојде на нов член во нашето семејство. Овој пат се радувавме на Lions клубот КИЧЕВО, кога на 28 септември 2012 во прекрасно реновираниот хотел „Кичево“ 24 нови lions-и пристапија во членство во организацијата. Во клубот има дури и американец, чии родители се членови на нашата асоцијација во Вајоминг во САД.Во свечената сала во хотелот по желба на домаќините постојано одеше во позадина презентација со основните податоци за нашата асоцијација и за дистриктот, а на присутните 80 кичевчани, но и пласничани, дебрешани и др. поради огромниот интерес моравме да им објасниме каква асоцијација е ова, во чие друштво пристапуваат нивните 24 сограѓани. Во публиката беше и градоначалникот на Кичево кој сега веќе сум сигурен дека очекува помош од клубот во справувањето со потребите на граѓаните.

На почетокот поздрав од домаќините, а потоа за по втор пат како гувернер на дистриктот ја отпочнав официјалната церемонија на воведување во членство. Знаејќи за присуството на повеќе лица, поддржувачи и други, одлучив најнапред да говорам за асоцијацијата, да го претставам Lions Clubs International, а потоа да го претставам и дистриктот и активните членови кои во минатата година успеаја да имплементираат 126 активности. Во своето обраќање вклучив и дел кој се однесуваше на мојата годинешна програма, а се обидов и да ги мотивирам идните членови на новиот клуб да се придружат во ширењето на позитивниот имиџ во заедницата и во поставувањето на рекорди на служење. Конечно, поставен предизвик како да помогнат поуспешно да допреме во срцата!
Следуваше церемонијата во која дваесетичетири прекрасни луѓе зрело се втурнуваат во светот на служењето, одлучни својата заедница да ја направат попристојно место за живеење. Овој пат, се обидов заедно со сите присутни офицери на дистриктот како и со менторите на новиот клуб да им направиме церемонија која се надевам ќе ја паметат до крајот на животот. Подоцна, дури и набљудувачите рекоа дека тоа било вистинскиот начин за воведување во членство. Можеби не е мојот прв клуб кој го воведувам во членство, но дефинитивно има многу работи поради кои ќе го паметам случувањето. 
По завршувањето на церемонијата, вториот вице-гувернер на дистриктот lion Драги ФИЛЕВСКИ му ја додели повелбата од Меѓународната асоцијација на новововедениот претседател на клубот, а Guiding lion-сите на новиот клуб lion Марјан ТАЛЕВ и lion Абдула ЛИМАНИ подарокот – знамето на клубот. На самиот крај на официјалниот дел од вечерта, GMT координаторот lion Соња БОЈАЏИЕВА на претседателот на спонзорскиот клуб, lion Жико КАЛПАКОСКИ му ја додели наградата за спонзорирање на нов клуб. 
Конечно, запознавајќи ги присутните со фактот дека секој успех на новиот клуб ќе биде само негов, а секој неуспех на неговите ментори, на обајцата, Марјан Талев и Абдула Лимани им посакавме со Соња Бојаџиева секаков успех и ги потсетивме на одговорноста на функцијата Guiding Lion предавајќи им ги нивните нови инсигнии и благодарниците за успехот.
На самиот крај, мала злоупотреба на просторот, за нејзините заслуги за организацијата и работата на клубот Скопје ПАЈКО МААЛО, на lion Марјана Стојковска, во име на претходниот претседател д-р Вин-Кун Там и доделив Extension Award Medal #1.


ЗА МНОГУ ГОДИНИ!