Monday, October 22, 2012

CHARTER NIGHT ANNIVERSARY - 5 YEARS LIONS CLUB OHRID DESARETI

Да создава и одржува дух на разбирање помеѓу народите од светот за потребата од соработка и служење! Ова е дел од целите и задачите на нашата меѓународна асоцијација која најдобро го отсликува Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ.
Во годината во која Меѓународната асоцијација на Lions клубовите го одбележува својот 95 годишен јубилеј, а клубовите во државава својот 15 годишен јубилеј, Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ заедно со нашиот дистрикт одбележуваат мини јубилеј - 5 години од своето постоење.
Изминатите години, клубот ДЕСАРЕТИ работеше во атмосферата на позитивна конкуренција во Охрид, во која настана заедно со својот малу постар брат, клубот ОХРИД. Постојани во активностите, како во својата посветеност да и служат на заедницата. Промовирајќи ги градот и државата, нивната историја, култура и традиција успешно работат на меѓународниот мир безмалу триесетина lions-и на кои доблеста и скромноста им се најголема предност.

Петте години изминаа дури си трепнал, на акциите им нема број, а досегашните претседатели сите обединети во идејата да создаваат и одржуваат дух на разбирање помеѓу народите од светот за потребата од соработка и служење. Првиот претседател, lion Габриела РАКИЌЕВИЌ, беше учесник на првата меѓународна конвенција од основањето на нашиот дистрикт во 2008 година во Бангкок. Третиот претседател, lion Елизабета ИЛИЕВСКА, го внесе клубот во Асоцијацијата на Lions клубови од градови со тврдина, а сега е нејзин амбасадор за проширување. Петтиот претседател, lion Зоран ТИЛЕВСКИ, совршено добро го водеше клубот низ својата највредна и најобемна акција, 9. Конгрес на Асоцијацијата на Lions клубови од градови со тврдина. Сите меѓутоа заедно, и вториот, lion Ивица ЕРАКОВИЌ и четвртиот, lion Ерол СУЛЕЈМАНОВСКИ го врзаа клубот во постојан ангажман со Меѓународниот младински летен камп кој нашиот дистрикт го организира секое лето. Од актуелниот претседател, lion Сашо Љушевски не очекувам ништо помалку од тоа клубот да го вивне во невидени височини и да продолжи да придонесува за неговиот развој, рушејќи притоа не само наши национални рекорди на активност и служење, туку и многу од рекорди од регионот, Европа и светот.
Сосем разбирливо на Lions клубот Охрид ДЕСАРЕТИ во името на Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА им доделив Certificate of Appreciation, а на lion Зоран ТИЛЕВСКИ, District Governor's Appreciation Award Medal.
Импозантниот собир, како и присуството на повеќе од нашите lions лидери беше одлична можност во името на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и на претходниот меѓународен претседател д-р Винг-Кун ТАМ на претходниот гувернер на дистриктот др. Сашо ВАСИЛЕВСКИ да му доделам Certificate of Appreciation како благодарност за неговото служење во годината 2011/2012 како гувернер на дистриктот.
Забавата беше прекрасна! Клубот успеал да порасне исклучително многу и да ги надрасне другите клубови во државава и дистриктов. Сето тоа е благодарени на нивниот исклучителен, а впрочем и наш пријател, поранешниот претседавач на совет на гувернери, lion Брајан РАЈЛИ од МД105.
Се надевам дека и понатаму ќе продолжи да учи и да расте, но дека она што го научил ќе го сподели со другите - да можат и тие да продолжат да допираат во срцата!!!

BE A LION - TOUCH A HEART!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

No comments:

Post a Comment