Tuesday, October 9, 2012

YOUNG AMBASSADOR COMPETITION - LOOKING FOR THE FUTURE LEADERS

Започнува натпреварот за Млад амбасадор за 2013 година! Ги повикувам сите клубови да ги охрабрат своите членови да пронајдат и да предложат кандидат за учество во Националниот натпревар за Млад амбасадор за 2013 година.

Сега е вистинскиот момент клубовите да започнат со утврдувањето на листа на потенцијални кандидати за учесници во натпреварот. Најнапред обидете се, кандидатите да ги пронајдете во локалните училишта, младински клубови, извиднички клубови или други волонтерски младински организации. Членовите на нашиот подмладок Leo клубовите имаат можност да учествуваат во натпреварот, исто како и децата на нашите lions-и, но и најмладите членови на клубовите.

Во текот на јануари ќе ги спроведеме локалните натпревари на кои секој од клубовите ќе го изберат својот претставник, а на националниот натпревар во март 2013 година ќе биде избран победникот кој ќе добие можност да го претставува дистриктот и Република Македонија на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција во октомври/ноември 2013 година.

Кандидатите мора да бидат помеѓу 15 и 19 години, пред 30. јуни во годината во која се одржува финалниот натпревар. Кандидатите ќе бидат оценувани од жири кое ќе го следи нивниот развој и нивната посветеност на служењето на заедницата. Во текот на интервјуто, кандидатите ќе треба да покажат дека:
  • посветено и служат на заедницата и имплементираат релевантни проекти;
  • поседуваат исклучителни лични квалитети и покажуваат забележителни лидерски квалитети;
  • имаат квалитет за јавни настапи, особено за презентирање на нивните проекти; и
  • посветеност на работата и соработката со дистриктот; и
  • имаат план како да ја искористат сумата што би можеле да ја добијат како награда ако победат на натпреварот.
Секој клуб кој ќе предложи кандидат за учество на Националниот натпревар заедно со пополнетата апликација уплаќа и сума во вредност од 1.200,00 денари на сметката на дистриктот. Сите прибрани средства од котизацијата ќе бидат употребени како фонд за награда за победникот на натпреварот. Победникот на натпреварот покрај паричната награда ќе добие и трофеј и благодарница кои ќе може да ги задржи, односно ќе бидат преносни.
Паричната награда, победникот ќе може да ја искористи само во поддршка на неговото служење на заедницата, односно за надградба на своите капацитети за преземање на одредена лидерска функција во асоцијацијата, или пак во општеството. 

Победникот, меѓу другото се обврзува:
  • да настапи на 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година;
  • да учествува/работи на Меѓународниот младински камп на дистриктот;
  • да ја претставува државата и дистриктот на Европскиот Lions форум 2013.
ПРИФАТЕТЕ ГО ПРЕДИЗВИКОТ, ДА ПОМОГНЕМЕ И ПОНАТАМУ ДА СЕ ДОПИРААТ СРЦАТА!

BE A LION - TOUCH A HEART!

No comments:

Post a Comment