Monday, October 8, 2012

FOURTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и

Добредојдовте во четвртиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на борба против слепилото. Ова е четврто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности. 

Во месецот што измина успешно ја продолживме програмата за комуникација со клубовите и членството. 
Повторно, благодарение на ангажманот на повеќемина од нас, а секако благодарение на ангажманот на уредувачкиот одбор излезе третиот број на LION магазинот на македонски јазик. Сите оние кои не го добија, или пак не успеаја да го прочитаат првиот број на магазинот можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://rapidshare.com/files/2488427367/LION 
Во меѓувреме бројот на лица кои ги преземале првиот и третиот број секојдневно расте. 

Во месецот што измина се одржа Европскиот Lions форум, а на истиот учествуваше и мала македонска делегација. 
Оваа година на форумот, согласно статутот и правилниците на Lions Clubs International и согласно статутот и правилниците на Lions дистриктот 132 Македонија дистриктот го претставував на форумот јас, а со мене во делегацијата учествуваа и првиот вице-гувернер Јелица Кртолица, како и секретарот на кабинетот Давор Каракашев. 
За прв пат оваа година, по сите учества и презентации кои нашиот дистрикт досега ги имал, учествувавме со улога на ко-претседавачи на сесијата за Централна и Источна Европа. На истата сесија имав можност да го презентирам и искуството на дистриктот од процесот на стратешко планирање, но и да ги претставам целите кои ги поставивме пред нас. Претходно, пред одржувањето на форумот се одржа Advanced (Senior) Lions Leadership Institute на кој и оваа година учествуваа двајца учесници. Оваа година, согласно досегашната практика и секако согласно нашиот стратегиски документ, учесник на овој институт беше вториот вице-гувернер на дистриктот Драги Филевски. Вториот учесник кој самостојно се пријави за овој институт беше секретарот на кабинетот Давор Каракашев. Со ова бројот на lion-и кои успешно го завршиле овој институт се искачи на 5. 

Во месецот што измина ги отпочнавме редовните работни средби во клубовите. 
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите. 
Оттаму, оваа година беше изготвен календар за овие редовни посети кои започнаа во минатиот месец. Имав можност да се сретнам со членовите на клубовите: КАБАДАЈА, ДЕМИР ХИСАР и КИЧЕВО. 

Во текот на овој месец ги повикувам клубовите да се приклучат кон борбата против слепилото. 
Согласно календарот на дистриктот за оваа година, овој месец е во знакот на борбата против слепилото. Оттаму, ги повикувам сите клубови да се вклучат во оваа кампања и да организираат настан со кој ќе придонесат во мисијата на нашето движење и во продолжување на борбата кон која не повикала да се придружиме Хелен Келер во 1925 година. Настаните можат да бидат индивидуално служење, кога клубовите ќе одлучат да понудат помош и да му служат на одредено лице, односно кампањи во кои ќе биде подигната свеста на одредена група лица во општеството. Настаните кои можат да бидат организирани и притоа одат во прилог на наградувањето за исклучителност на клубовите се: предавање, промотивна кампања, кампања за подигнување на свеста, колективен скрининг за вид, конкретна помош за одредено лице кои има слаб вид, или пак е слепо. 
Централниот настан оваа година за одбележување на денот на белиот стап ќе се случи на 15 октомври 2012 година во Кавадарци во организација на Националниот сојуз на слепите лица. На настанот ќе учествуваат претставници на тимот на гувернерот, а сите клубови можат0 да учествуваат во набавка на некој од следните предмети и на тој начин да помогнат на сојузот: топломери за слепи лица (1000 примероци – 20 евра од примерок); апарати за мерење притисок (200 – 60 евра по примерок); звучни и браеви саати (200 – 30 евра од примерок). 

Во месецот што измина се одржа REGIONAL LIONS LEADERSHIP INSTITUTE во Битола. 
Развивањето стратегии за успешно надминување на предизвиците во нашите клубови и дистриктот, препознавањето стилови на комуникација и нивно приспособување за поефикасно комуницирање, како и креирањето акционен план за мотивација на членовите на клубовите, беа централните теми на семинарот, одржан во Битола. Најголемо внимание и дебата на учесниците предизвикаа интерактивната драма со доделени улоги за начинот на функционирањето на клубовите, за која предавачот Звонимир Цветановски, рече дека претставува одличен вовед во анализата која има за цел создавање на клима која поддржува различност во клубовите и во дистриктот. 
Не помало интересирање на посетителите на семинарот предизвика прашањето на зголемувањето на членството, односно зошто е тоа потребно и кои се полезностите од растот на дистриктот. Притоа беше предложено, поради актуелноста на темата, да биде организирана и посебна средба целосно посветена на прашањето како до ново членство 


Наместо потсетување, овој месец продолжуваат националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest во коi ќе бидat избрани претставниците на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Повеќе за темата и натпреварот во оваа година можете да прочитате на следниот линк: http://0.mk/53649 . Согласно правилата, потенцијалните учесници се млади кои најдоцна на 15 ноември ќе наполнат најмалку 11, односно најмногу 13 години старост. Повеќе за правилата за учество можете да прочитате на наредниот линк: http://0.mk/0ee57. Според ветеното, пријавата и материјалите за учество со победничкиот постер веќе се набавени, а клубовите треба само да го изберат својот победник. Ги повикувам сите клубови и сите lion-и заинтересирани за спонзорирање учесник, односно за лично учество да ги побараат координаторите и од нив да се информираат повеќе за националните натпревари. 
Роковите за пријавување на учество на регионално ниво се 15 ноември 2012 година, односно 25 ноември 2012 година за националните натпревари.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години. 

BE A LION – TOUCH A HEART! 

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment