Уште еден прекрасен момент му посакуваме добредојде на нов член во нашето семејство. Овој пат се радувавме на Lions клубот КИЧЕВО, кога на 28 септември 2012 во прекрасно реновираниот хотел „Кичево“ 24 нови lions-и пристапија во членство во организацијата. Во клубот има дури и американец, чии родители се членови на нашата асоцијација во Вајоминг во САД.Во свечената сала во хотелот по желба на домаќините постојано одеше во позадина презентација со основните податоци за нашата асоцијација и за дистриктот, а на присутните 80 кичевчани, но и пласничани, дебрешани и др. поради огромниот интерес моравме да им објасниме каква асоцијација е ова, во чие друштво пристапуваат нивните 24 сограѓани. Во публиката беше и градоначалникот на Кичево кој сега веќе сум сигурен дека очекува помош од клубот во справувањето со потребите на граѓаните.
Следуваше церемонијата во која дваесетичетири прекрасни луѓе зрело се втурнуваат во светот на служењето, одлучни својата заедница да ја направат попристојно место за живеење. Овој пат, се обидов заедно со сите присутни офицери на дистриктот како и со менторите на новиот клуб да им направиме церемонија која се надевам ќе ја паметат до крајот на животот. Подоцна, дури и набљудувачите рекоа дека тоа било вистинскиот начин за воведување во членство. Можеби не е мојот прв клуб кој го воведувам во членство, но дефинитивно има многу работи поради кои ќе го паметам случувањето.
На самиот крај, мала злоупотреба на просторот, за нејзините заслуги за организацијата и работата на клубот Скопје ПАЈКО МААЛО, на lion Марјана Стојковска, во име на претходниот претседател д-р Вин-Кун Там и доделив Extension Award Medal #1.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
No comments:
Post a Comment