Сакајќи да ги охрабри младите и талентирани музичари да се натпреваруваат, да го претстават својот талент и да ја промовираат својата држава и квалитетот на lion-измот во државата, оваа година Кабинетот на Lions дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА одлучи да го спонзорира учеството на еден млад пијанист на Европскиот lions музички натпревар 2013.
ИНСТРУМЕНТ:
Избраниот инструмент од домаќинот на 59. Европскиот Lions форум кој ќе се одржи од 31 октомври до 02 ноември 2013 година во Истанбул, Турција е ПИЈАНО.
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:
Согласно правилата усвоени од Европскиот Lions форум, учесниците:
- треба да бидат родени по 31 декември 1989 година;
- треба да престојувале во Република Македонија во последните 3 години, пред 01 јануари 2013 година;
- треба да бидат спонзорирани од клуб во добро држење во дистриктот.
НАТПРЕВАР:
Секој учесник, ќе биде обврзан да го изведе делото означено како задолжително за натпреварувањето, како и селекција од предложениот репертоар. Изборот на најдобриот млад пијанист ќе се одржи паралелно со 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година.
РЕПЕРТОАР:
Задолжително дело: Rondo in A minor K.V.511 W.A.MOZART
Предлог репертоар:
1. Andante favori WoO 57 - L.V.BEETHOVEN
2. 1st of the 4 Scherzos - F.CHOPIN
3. Novelette opus 21 Nr 8 - R.SCHUMANN
4. Scherzo opus 4 - J.BRAHMS
5. 2d Ballade or Funérailles (excerpt of “Harmonies poétiques et Religieuses”) - F.LISZT
6. Ondine or Scarbo (excerpt of “Gaspard de la nuit”) - M.RAVEL
7. Poissons d’or (excerpt of Image 2) or Mouvement (excerpt of Image 1) or Jardins sou la pluie (excerpt оf Estampes) - CL.DEBUSSY
8. Sonata Nr 3 or Sarcasmes - S.PROKOFIEV
9. Romanian Dance opus 8a Nr1 or Suite opus 14 - B.BARTOK
10. Choral et Variations(excerpt of Sonata) - H.DUTILLEUX
ФИНАНСИИ:
Секој клуб кој ќе одлучи да спонзорира и предложи млад музичар за учество на Националниот Lions музички натпревар ќе уплати на сметката на дистриктот средства во вредност од 1.200,00 денари. Клубот ќе биде обврзан да ги подмири трошоците на својот кандидат за учеството на националниот натпревар.
Победникот на националниот натпревар ќе биде испратен на форумот и Европскиот натпревар на сметка на Дистриктот.
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ и ЖИРИ КОМИСИЈА:
Одговорен за натпреварот во Кабинетот на дистриктот е lion Јане КОЏАБАШИЈА, Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН, додека членовите на жирито ќе бидат именувани на 3. состанок на Кабинетот на дистриктот кој ќе се одржи во март 2013 година. Како членови на жири комисијата ќе можат да учествуваат членови на lions, меѓутоа и други познати музичари/пијанисти.
АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО:
Ве молам погледајте го овој пост уште еднаш до крајот на овој месец кога ќе биде објавена и апликацијата за учество.
No comments:
Post a Comment