Sunday, January 6, 2013

IN THE ROLE OF SANTA, OR HIS DRIVER - HAPPY HOLIDAYS

На 27 и 28 декември 2012 година заврши, успешно, годинешната акција „Купи производ плус“. Предавањето на новогодишните пакетчиња секогаш е најубавиот дел од работата, а шансата да се видат сите оние насмеани лица е најголемата награда.
Оваа година покрај трите Leo клубови ОМНИА, ЛУМОС и АКСИОС, откако во волонтерската акција учествуваше и Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century, во финалето на акцијата учествуваше и Lions клубот Скопје ФЕНИКС.
Најпрвин на 27 декември претставници на сите клубови учесници во акцијата беа во посета на специјализираниот Завод за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, каде на штитениците им ги подарија новогодишните пакетчиња, а потоа ја посетија и Детската клиника во Скопје каде беше организирана и театарска претстава.
На 28 декември и јас се најдов во улогата на Дедо Мраз, или барем на неговиот возач. Заедно со неколку претставници на Leo клубот Скопје ОМНИА бевме во посета на специјализираното училиште за лица со средна и тешка ментална ретардација „Иднина“ во Скопје. Беше трагично да се види во какви услови функционира училиштето и колку малку се инвестира во инфраструктурата на истото. Но, наградата беше да се види радоста на сите деца во истото, а се разбира и радоста на лицата на сите оние кои според зборовите на вработените се деца иако имаат повеќе од 26 години. Некои, имаат дури повеќе години од самите дефектолози вработени во училиштето.

До некоја следна акција со истото училиште. Секако до следната „Купете производ плус“. 


СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

No comments:

Post a Comment