Sunday, January 13, 2013

IN HONOR OF OUR FOUNDER'S BIRTHDAY

На денешен ден, 13 јануари, 1879 година во Форт Томас, во Аризона, САД, бил роден основачот на Lions Clubs International Мелвин Џонс. Бил син на командант на извидничкиот одред на армијата на САД и поради тоа често го менувал своето живеалиште. Како млад животот го однел во големиот Чикаго, во Илиноис каде што го востановил своето живеалиште, станал соработник во едно осигурително друштво, а подоцна во 1913 ја основал својата осигурителна агенција.
Набргу потоа се придружил на Бизнис кружокот, деловно друштво/братство, каде што за кратко време бил избран за секретар. Оваа група е една од многуте кои во тоа време биле насочени кон промоцијата на деловните интереси на нивното членство. Поради ограничениот пристап и прифатливост на групата тие биле предодредени да згаснат. За среќа, тогаш, Мелвин Џонс, како 38 годишен бизнис лидер од Чикаго имал поинакви идеи.

Мелвин Џонс се прашувал „Дали овие луѓе, кои се исклучително успешни поради нивниот интелект и амбицијата би ги вложиле своите таленти во подобрувањето на локалните заедници?“ Оттаму започнува поканата, делегати од сите машки клубови на Чикаго работеле на основањето на една таква организација и на 7 јуни 1917 година се родила Lions Clubs International.
Алтруизмот победил и на крајот Мелвин Џонс ја напуштил својата работа во осигурителната агенција и целосно се посветил на работата во седиштето на асоцијацијата во Чикаго. Под неговото динамично лидерство Lions Clubs International го заработил престижот и отпочнал да ги привлекува сите граѓански и активистички ориентирани луѓе.
Неколку години подоцна, во 1945 година, признанието за неговото лидерство доаѓа од светските лидери. Кога победничките нации по Втората светска војна работеле на создавањето на светската го побарале токму него да учествува во креирањето на Повелбата на Обединетите нации и да помогне во развивањето на политиката за односот на светската организација со невладините организации.

Мелвин Џонс, човекот чиј личен кодекс - „Нема да дотуркаш далеку се дури не почнеш да правиш нешто за оние на кои им треба помош“ - стана водечки принцип за сите наши членови почина на 1 јуни 1961 година, на 82 годишна возраст.

No comments:

Post a Comment