Thursday, January 10, 2013

SEMI-ANNUAL REPORTING

Драги пријатели lions-и,
Се наоѓаме на половината од нашиот мандат. Ни преостануваат уште помалку од шест месеци во кои треба да работиме напорно за да ги постигнеме предвидените цели. Погледнато од оваа перспектива мислам дека може да кажеме: „Чашата е до половина полна!“ 
На нашата претходна национална конвенција ја поставив мисијата за својата гувернерска година и мисијата за сите членови во дистриктот: 

Мојата мисија: Да и служам на заедницата и да ги поведам моите пријатели lions-и во обезбедување на иднината на дистриктот и иднината на заедницата, работејќи и помагајќи им на најмладите. 

Мојата мисија за lions-ите: Да работиме директно со оние на кои им е потребна помош; Да допреме до што повеќе срца и да измениме што повеќе иднини, или судбини; Да ги учиме младите да ја почитуваат културата, традицијата и историјата; да ги разбираат, да им веруваат и да ги прифаќаат другите и она што им го носи иднината; да им помогнеме да ги прифатат концептите на пријателство, единство, лојалност и служење на заедницата. 
Ајде да видиме што сработивме досега! 


ИМИЏ ПРОЕКТИ (Signature Projects): 

    • Прославување на јубилеи (На сите деца кои се штитеници на центрите за социјални грижи, или пак се деца без родители да им посакаме среќен 15ти, односно среќен 5ти роденден со торта и подарок; На сите стари и изнемоштени лица кои се штитеници за специјализираните домови за стари и изнемоштени лица да им посакаме среќен 95ти роденден со торта и подарок;) – Досега следните клубови учествувале во проектот и соодветно, користејќи го WMMR порталот пријавиле активност: Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА; Lions клуб Скопје СВЕТЛИНА; Lions клуб Скопје ФЕНИКС; Lions клуб Скопје ЦЕНТАР; Lions клуб БИТОЛА; и Lions клуб Битола КАБАДАЈА.
    • Исполнуваме желби (На сите деца на возраст помеѓу 2 и 18 години, кои имаат потреба од долгорочна хоспитализација, или пак боледуваат од некоја хронична/терминална болест да им промениме еден ден во животот и да им исполниме една нивна најголема желба; Желбите кои ќе се исполнуваат опфаќаат: да посетам; да видам; да запознаам; да доживеам; да сретнам; да добијам; да имам; Исполнувањето на желбите да се врши преку воспоставување на специјален фонд во кој Lions дистриктот 132 Македонија ќе соработува со бизнис заедницата во државата;) – Досега воспоставивме партнерство со Алфа Банка АД – Скопје, како и ИМБ Млекара – Битола, а се очекува и формално воспоставување на фондот „Исполнуваме желби“. Воедно, следните клубови имплентирале активност која ја пријавиле, а припаѓа на овој проект: Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА; Lions клуб Скопје СВЕТЛИНА; Lions клуб Скопје ЈУСТИНИЈАН; Lions клуб Битола ХЕРАКЛЕЈА; Lions клуб БИТОЛА; и Lions клуб ПРИЛЕП
    • Создаваме свест за култура и животна средина (Од најмладите да создадеме луѓе кои се свесни за нашата култура и нејзината вредност преку учење за процесот на култура и посета на културни установи ширум државата; Од најмладите да создадеме луѓе кои се свесни за животната средина и потребата од нејзина заштита преку учење за животните и создавање на однос кон заштитата на природата; Проектот ќе се реализира во соработка помеѓу Lions дистриктот 132 Македонија и Leo дистриктот 132 Македонија;) – Досега нема клубови кои се вклучиле во овој проект, но има најави за сериозни активности во рамките на овој проект. Сепак, имајќи предвид дека READING ACTION PROGRAM е токму кампања во оваа насока, неколку клубови (Lions клуб СКОПЈЕ; Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА; Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН; Lions клуб Скопје ЈУСТИНИЈАН; Lions клуб БИТОЛА; Lions клуб Битола КАБАДАЈА;) имплементирале и пријавиле активност во оваа кампања. 
МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ: 
    • Peace Poster Contest – Благодарение на одличната координација на lion Ангел Јанев оваа година имавме 150 учесници во натпреварот кои дојдоа од 4 градови и 5 училишта. Победник беше 13 годишниот битолчанец Денис Арифов чиј ментор е Коста Хаџи-Антоновски, а беше спонзориран од Lions клубот БИТОЛА
    • Peace Essay Contest – Благодарение на залагањата на повеќе lions-и и секако благодарение на помошта на lion Марија Додовска победничкиот есеј го преведовме и го испративме да учествува на меѓународниот натпревар. Победник беше Виктор Тошевски од Скопје, а беше спонзориран од Lions клубот Скопје ПАЈКО МААЛО
LIONS CLUBS INTERNATIONAL FOUNDATION: 
    • Lions Quest – Беше воспоставено партнерство со NOVA International Schools за почетна имплементација на програмата, а по поднесената апликација за грант беа одобрени 10.000,00 УСД. Во текот на декември 2012 се одржа обуката за сите наставници вклучени во програмата, а имплементацијата на истата ќе започне со почетокот на второто полугодие во учебната година. 
    • Други грантови – Поднесен е еден грант во согласност со процедурите за аплицирање, а најавени се уште неколку други апликации од повеќе клубови во дистриктот. 
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ: 
    • Директни месечни обраќања – Направени се шест месечни обраќања до сите членови во кои се известува за претходниот месец и се најавуваат претстојните активности. 
    • Lion магазин на македонски јазик – Објавени се шест броеви од магазинот со фокус на меѓународната програма и клубските активности. Секој број содржи лична порака од некој меѓународен и домашен офицер, интервју со избран lion и известувања за спроведени активности на дистриктот и клубовите. 
    • Веб-страна на дистриктот – Изработена е веб-страна со портал за офицерите на клубовите, која ќе биде промовирана и за чие менаџирање ќе биде изработено посебно упатство кое ќе биде споделено со сите клубови. 
    • Нови медиуми и социјални мрежи – Направенa e fan страна на Facebook (http://www.facebook.com/pages/Lions-District-132-MACEDONIA/370824492533), која има приближно 450 фанови, преку кои се допира до мрежа од 250.000 лица ширум светот. Најбројни се фановите кои припаѓаат на старосната група 25-34 години, а има фанови од голем број држави од светот меѓу кои од САД, Обединетото Кралство, Словенија, Турција, Финска, Украина, Италија, Франција итн. Од почетокот на оваа фискална година за сите мои активности водам дневник во форма на блог (http://dgslogmacedonia12-13.blogspot.com/) на кој пишувам за сите случувања. Истиот, во досегашниот период имал повеќе од 1700 посети, а посетителите се лица од најширок број на држави (САД, Обединетото Кралство, Германија, Бугарија итн.). 
WMMR и известувањето до Lions Clubs International:
На половина година, имаме 17 клубови кои имплементирале и пријавиле одредена активност. Досега во рамките на дистриктот биле имплементирале 216 активности (2011/2012 – 126 активности), во вкупно 9725 волонтерски часови работа (2011/2012 – 5319 часови), со вкупна вредност на акциите од 92.009,00 УСД (2011/2012 – 107.770,00 УСД). Оваа година рекордот го држат Lions клубот БИТОЛА со 44 активности (2226 часови), Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century со 35 активности (2962 часови) и Lions клубот Битола КАБАДАЈА со 24 активности (693 часови).
Од аспект на развојот на членство: пријавен е еден нов клуб-Lions клубот Битола БАС, шест клубови се наоѓаат во финансиска суспензија, а еден клуб се самораспушти-Lions клубот Скопје ВОДНО. Во моментов, сметајќи ги и клубовите во финансиска суспензија имаме негативен раст од -4 членови. 


МОТИВАЦИЈА ЗА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА И РАЗВОЈ НА ЧЛЕНСТВО: 
    • BE A LION-TOUCH A HEART - Преку пријавите на активности, кои вашите секретари ги имаат направено досега, има два клубови Lions клубот БИТОЛА и Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century кои конкурираат за Supremacy in Service Club Banner Patch, односно Excellence in Service Club Banner Patch
    • CLUB MEMBERSHIP EXCELLENCE - Преку пријавите на активности, кои вашите секретари ги имаат направено досега, има два клубови (Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century и Lions клуб Скопје ЦЕНТАР) кои конкурираат за наградата, иако има уште многу други клубови кои се наоѓаат близу до истата (пораст до 25, 30, 35, односно 40 членови најдоцна до 15 мај 2013 година). 
    • CLUB EXCELLENCE AWARD – Следејќи ја исполнетоста на критериумите за номинација на клубовите за оваа награда, а имајќи ги предвид досегашните пријави од вашите секретари овие клубови имаат остварено напредок кон наградата: Lions клуб БИТОЛА (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб Битола КАБАДАЈА (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб КИЧЕВО (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб КРУШЕВО (LCIF; ЧЛЕНСТВО; ЧЛЕНАРИНА кон LCI); Lions клуб ОХРИД (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб Охрид ЛИХНИДОС (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб Охрид ДЕСАРЕТИ (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб ПРИЛЕП (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб СКОПЈЕ (LCIF; ЧЛЕНСТВО); Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА (LCIF); Lions клуб Скопје ФЕНИКС (LCIF; ЧЛЕНСТВО); и Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (LCIF; ЧЛЕНСТВО). 
Текстот во заградата е она што се уште им недостасува на овие клубови за да можат да бидат успешни во номинацијата. 

Ве охрабрувам да продолжиме натаму, да работиме повеќе, да постигнуваме нови успеси и да ги надоместиме загубите во членството, односно да ги вратиме клубовите кои се во финансиска суспензија во активен статус. Уште повеќе би сакал да ве охрабрам да бидете активни и да и служите на вашата заедница. Служејќи и на заедницата имаме единствена можност да го измениме светот на подобро. Секоја пријавена промена во членството, или известување дека нема никаква промена, како и секоја пријавена активност вреди колку и шансата да бидете препознаени, признаени и секако наградени. Во асоцијација во која волонтираме и ги вложуваме своето време, знаење, умешност и контакти, препознавањето, признавањето и наградувањето се единственото нешто што можеме да го добиеме за возврат. Се разбира, покрај личното задоволство. 

За да ја олеснам работата на пријавувањето и работата на секретарите ви препорачувам да го следите линкот (http://www.lionsclubs.org/EN/common/pdfs/wmmr_reference_guide.pdf), а користејќи го понуденото упатство да си ја олесните работата и на тој начин да придонесете кон развојот на вашиот клуб. 

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години. 

BE A LION – TOUCH A HEART! 
Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment