Sunday, January 6, 2013

SEVENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во седмиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на гладните. Ова е седмо месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да ги продолжам редовните средби со членовите на неколку клубови.

Во текот на изминатиот месец се грижевме за децата.
Се грижевме за секој од нашите најблиски, меѓутоа и за други деца без родители, или пак деца кои се згрижени во специјализираните установи и имаат специјални потреби да се почуствуваат сакани, потребни, згрижени, барем еден месец во годината. Секој има право на „Нова Година“, а децата имаат право да веруваат во Дедо Мраз. Децата имаат право секогаш да ги посети Дедо Мраз и да им донесе подарок. Без оглед на се, нема добри и лоши деца, туку само добри и неразбрани деца. Оттаму, во изминатиот месец, секој го одбра нашиот корисник и беше негов „Дедо Мраз“ во сезоната на празниците.

Во изминатиот месец им се придруживме на нашите LEO-вци во нивната акција „Купете производ +“.
Согласно заклучокот на првиот состанок на Кабинетот на дистриктот сите lions-и беа повикани да се вклучат во акцијата како волонтери, поддржувачи, помагачи. Акцијата, која се одржа на 08 и 09, односно на 15 и 16 декември 2012 година во ВЕРО маркетите во ГТЦ и во Тафталиџе успеа да обезбеди доволно донации за да состави повеќе од 300 новогодишни пакетчиња. Неколку вклучени Lions клубови им се придружија на повеќето Leo клубови во акцијата, а заедно со другите членови директно дојдоа во маркетите и донираа производи. Акцијата заврши на 27 и 28 декември 2012 година со донирање на пакетчињата во Специјалното училиште за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, Детската клиника во Скопје, Специјалното училиште за рехабилитација на лица со средна и тешка ментална ретардација „Иднина“ во Скопје и Клиниката за инфективни болести во Скопје. Следната година поуспешно!

Во текот на овој месец го прославуваме роденденот на нашиот основач Мелвин Џонс.
Мелвин Џонс е роден на 13 јануари, 1879 во Форт Томас, Аризона, во САД, како син на капетан на американската армија кој командувал со еден извиднички одред. Подоцна, татко му бил преместен, а семејството се преселило на исток. Како млад човек се вработил во осигурителна компанија и основал семејство во Чикаго, Илиноис. Подоцна во 1913 година формирал своја сопствена осигурителна агенција.
Малку подоцна, се приклучил на бизнис кружокот. Оваа група беше еден од многуте во тоа време посветена исклучиво за промовирање на финансиските интереси на своето членство. Поради нивната ограничена желба, тие беа предодредени да исчезнат. Мелвин Џонс, тогаш 38-годишен бизнис лидер од Чикаго, имаше поинаква визија. Работејќи на реализирањето на својата визија заедно со делегатите од повеќе клубови на 7 јуни 1917 година ја основаа организацијата Lions Clubs.
Првото сериозно признание за неговата визија кое дошло надвор од асоцијацијата било во 1945 година, кога како претставник на Lions Clubs International бил консултант во создавањето на Организацијата на Обединетите нации.

Во текот на овој месец го финализираме националниот избор за најдобра еко-фотографија.
Преку натпреварот Lions Environmental Photo Contest сите членови имаат исклучителна можност да ја покажат сета своја гордост, но и посветеноста на заштитата, подобрувањето и зачувувањето на животната средина. Секој член, од било кој клуб може да учествува на натпреварот испраќајќи своја фотографија согласно правилата утврдени од Меѓународната асоцијација на Lions клубовите. За повеќе информации во врска со натпреварот можете да погледате на следниот линк: http://0.mk/880ad

Во текот на овој месец ве повикувам да се погрижиме за социјално најзагрозените семејства, на оние на кои им е потребна помош во борбата со гладот.
Изберете еден од следните примери и следете го:

  1. Спроведете акција „Купете производ плус“ во која ќе се обидете да обезбедите прехрамбени производи (брашно, шеќер, млеко, конзервирана храна, тестенини, итн.) кои потоа во пакети ќе ги донирате на гладните.
  2. Побарајте партнер за имплементација на проектот во некој производител или дистрибутер на храна. Побарајте спонзорство, а составените пакети донирајте ги на гладните.
  3. Во соработка со некој од големите маркети во вашата заедница отпишаната храна на која наскоро и изминува рокот за употреба направете донација на локалната народна кујна.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment