Wednesday, January 2, 2013

SIXTH ISSUE OF THE LION MAGAZINE IN MACEDONIAN

Денес, го гледа светлото на денот шестиот број на LION магазинот на македонски јазик. Темата на овој број е подарувањето со посебен осврт на темата од нашиот региски претседавач Љубица Ангелкова-Манговска, а ќе можете и да прочитате бројни други информации за активности кои се случуваа во изминатиот месец. Овој број требаше да излезе на 31 декември 2012, но поради доцнењето со одобрување на едно интервју влеговме во новата година и во овој месец. Интервјуто, меѓутоа, нема да го прочитате токму поради доцнењето на одобрението за истото. Од содржината на магазинот би издвоил информација за 96. меѓународна конвенција во Хамбург; победничкиот есеј за мирот; спроведени донации, активности, предлози за соработка и сл.
Уживајте во магазинот!

No comments:

Post a Comment