Долго време веќе го одложував тоа, но кога дојде ред да заминам за Битола на дружба со моите кабадаи немав каде да бегам. Погледнав во Merriam-Webster Dictionary и видов дека Bon Vivant означува: person having cultivated, refined, and sociable tastes especially with respect to food and drink.
Ммммммм.... си реков, прекрасно февруарско дружење, ноќ на виното, ноќ на убавата музика, на севкупно уживање за сите сетила....
Ммммммм.... си реков, прекрасно февруарско дружење, ноќ на виното, ноќ на убавата музика, на севкупно уживање за сите сетила....
Изминуваше 14 февруари, ден на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите, вечерта ја поминав со прекрасно вино од Chateau Kamnik (нашата винарија) и одлична табла со tapas, а утрото наредниот ден подготвени за уште една вечер на виното тргнавме од Скопје. Патешествието започна мошне интересно уште од Скопје. Најнапред сакајќи да го позравиме „чичко“ Драги (Драги Филевски, нашиот втор вице-гувернер) одлучивме да му однесеме шише убаво вино од нашата винарија, но продавницата во центарот на градот беше затворена. Кога дојдов во маркетот на Веропулос во Центар (Џамбо) видов дека повеќе не продаваат од овие вина. Помислив и сватив дека ако одиме до винаријата ќе изгубиме премногу време и одлучив за вино од резерва на вранец и каберне савињон од винаријата Попов. Уште да наполниме гориво, си реков. Откако го сторивме и тоа, тргнавме на пат. Втората препрека не пречека во Таорската клисура, одронот кој се беше случил претходниот ден се уште не беше целосно расчистен, а планината чиниш од песок продолжуваше и натаму да се лизга кон асфалтот и потоа надолу во коритото на Вардар.
Чекавме речиси 40 минути, за цело време во пријатна дискусија и со одлична музика во позадината. Од време, на време, спокојот ќе ми го расипеше некоја пцовка во мислите. Како по некој редослед, секоја прва за „умните“ возачи кои мислеа дека ние стоиме оти ни е кеиф, секоја втора за половично сработената реконструкција на автопатот која, ете, не издржа ни цели 2 месеци.
Откако, отворија мал премин не пуштија да поминеме. Возевме непречено до клучката кај Градско. Едвам успеавме да излеземе од автопатот кога полицијата ни покажа да застанеме. Униформираното лице мошне љубезно не извести дека има блокада на патот и дека за Кавадарци и Прилеп патот води преку Неготино. Се погледнавме, се прашавме дали тоа „ОТПОРот“ прави блокада или некој друг. Ако беа тие, тогаш сигурно ќе одевме да се напиеме некое кафе со нив. Прашавме телефонски, ни рекоа земјоделците. Бидејќи нашите земјоделски напори завршуваат во одгледување на саксии со зачини си рековме ништо од кафето. Продолживме по патот до Неготино, а потоа по неготинската и кавадаречката јурија излеговме на регионалниот пат за Прилеп. Повеќе немаше препреки, но оние што ги одминавме доволно направија да патуваме повеќе од 4 часа до Битола.
Вечерта мора да биде повеќе од добра си реков! И би така...!
Шумските фенери беа светнати, потполно украсени, а паркингот пред хотелот беше преполн со автомобили на битолските lions-и. На влезот од салата ме пречекаа моите секогаш драги „кабадаи“ и претседателката Марија Додовска. Поздрави со сите присутни, познати, лица кои сум ги сретнал во некоја пригода, сме разговарале, членуваат во некои од локалните, или пак блиските клубови.
На главната маса седевме со претседателката, нејзината посилна половина, „кабадајата“ Никола Димитровски, од другата страна неговиот брат „кабадаја“ Борче Димитровски со сопругата Викторија, донаторите од винаријата Попова Кула, актерот Петар Горко со сопругата, „кабадајата“ Наташа Христова, „чичко“ Драги со „кабадаја“ Силвана Филевска. Одлично друштво кое гарантира супер забава.
Дури си трепнал стигнало првото вино - Жилавка, потоа следуваше Станушина, Прокупец, Вранец и на крајот Темјаника. Прекрасен избор на локални сорти и традиционално производство, супер придружба со староградска музика и битолските Боеми. Колку за информација со ручекот во „Де Ниро“ веќе решивме едно шише вино.
Дружењето беше прекрасно, вечерта беше одлична. Просто се потсетив зошто му се радував на овој клуб кога се основаше. Тогаш тоа беше вториот клуб со помладо членство и беше вториот клуб кој се основа во програмата New Century. Денес, токму во оваа година е еден од трите клубови кои се најзаслужни за бројот на реализирани активности и остварената волонтерска работа.
Некаде помеѓу Вранецот и Темјаниката имаше мал протоколарен дел во него Марија им заблагодари на Попова Кула и на Идеал Шипка за помошта, објави колку точно средства се собрани од влезниците и ја кажа целта на акцијата - набавка на специјално опремено возило за децата со посебни потреби од Центарот за социјална работа од Битола. ОДЛИЧНО!!! Во рамките на овој протоколарен дел ми се случи да останам без зборови, да бидам возбуден до мера да незнам како да говорам, да...
Во најавата Марија вели: „... да го повикам главниот човек, гувернерот за оваа година, човек кој е заслужен за постоењето на овој клуб, Андреја Стојковски.“ Слушајќи ја најавата си реков, како не главниот човек. Не сакам такво именување, овде главниот е членот од него постоиме сите, но споменувањето на основањето на клубот навистина ми значеше. Веднаш потоа, Наташа Христова од голема кеса извлече прекрасна слика од Широк Сокак во дождливата стара Битола како подарок за иницијативата.
Можев, никогаш да не проговорам! Tолку вцрвенет не сум бил, дури ни кога сум настапувал на ораторските вечери! Сепак, реков:
Драги мои lions-и,
ако кажев дека атерот ви е голем што сум тука ќе ве навредев. Да не се биде овде на оваа вечер е голем пропуст, а за мене огромно задоволство. Сите доживувања од денешното патешествие, мое и на мојата партнерка во служењето Жижи, го заслужува токму ваквиот крај на вечерта. Прекрасно друштво, одлични lions-и и благородна цел. Оваа година рековме дека ќе допираме до срцата на луѓето, а вашиот клуб тоа извонредно добро го прави. Вие сте едни од трите најактивни клубови оваа година и за се она што го сторивте ви благодарам. Ви благодарам што го прифативте предизвикот и што на заедницата и ја покажувате моќта на нашето движење.
Посебно ме погоди моментот што го споменавте, а тоа е иницијативата за основањето на вашиот клуб. Точно! Во еден разговор со тогаш leo Борче произлезе идејата за основањето на овој клуб и јас сум на тоа и на моментот дека во вас имам драги пријатели и блиски соработници многу горд. Четири години не се многу, но се сепак доволно долго време за да се направат многу добрини, а вие токму тоа го правите!
Ви честитам!
За многу години!
Потоа ги повикав, вице-гувернерот Филевски и зонскиот претседавач Талев да ми помогнат да им заблагодариме на следните lions-и:
1. Борче Димитровски;
2. Никола Димитровски;
3. Мими Талева;
4. Билјана Гагачоска;
5. Андријана Шокларовска;
6. Крсте Неделковски; и
7. Марија Додовска - District Governor's Appreciation Medal.
Заокружувајќи го прекрасниот викенд, наредниот ден во пицерија „Де Ниро“ друг од клубовите во градот, Lions клубот БИТОЛА отвори изложба на уметнички слики со уметник од Црна Гора, а добив и една најпрекрасна вест. На манифестацијата „Најуспешни Битолчани“ која треба да заврши една недела подоцна - Lions клубот БИТОЛА ќе добие награда за најуспешна НВО!!!
СЕКОЈА ЧЕСТ!
Дома дојдов воодушевен од моќта на волонтерската работа и од служењето на заедницата.
BE A LION - TOUCH A HEART!