Friday, February 22, 2013

WALK DOWN MEMORY LANE!

Февруари го започнав со една прошетка низ историјата. Веројатно онаа мачнина од јануарските загуби ме натера да размислувам за минатото, но секако постапките и мојата програма ме принудија да го видам минатото преточено во сегашност. Можеби помалку носталгично, но беше многу убаво! Ова, се разбира, се однесува на глетката во сегашноста, а многу помалку на самата прошетка. На 5ти февруари бев поканет на предвремена посета на Lions клубот Скопје ВАРДАР. Велам предвремена, поради фактот дека истата беше испланирана за подоцна овој месец. Наредниот ден веќе бев во посета на Lions клубот Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН.
Имајќи предвид дека се меѓу најстарите клубови, дека во нив има членови кои имаат подолгорочно членство и животно искуство од моето, како и фактот дека од обата клубови веќе произлегол по еден поранешен гувернер на дистриктот говори многу. Кажува за мојата трема, за „креативната анксиозност“ како што ја нарекува еден пријател. Нејсе, да се биде вознемирен пред вака важни посети е убава работа, тоа кажува дека се грижиш и го почитуваш она што тие го прават.

Посетата на Lions клубот Скопје ВАРДАР беше вистинско задоволство. Се разбира, ова го велам имајќи предвид дека ова е клубот кој има највисоко мислење за себе, а мојата последна посета кај нив не беше воопшто пријатна. Сепак, многу време измина, многу работи оттогаш до денес се случија, а последните неколку месеци напорна работа ја добија наклоноста на целото членство, тука и на она токму од овој клуб. Состанокот беше одлично осмислен, најпрвин членовите дискутираа и се информира за сите дотогашни активности, а потоа шанса да говорам добив јас. На состанокот како вообичаено мораше да има некој кој ќе биде дежурен виновник и, овој пат тоа беше секретарот на клубот. Секако, олеснувачки беше фактот дека претходно бев известен за сериозен број на активности за кои ниту LCI, ниту пак дистриктот немаа никакви информации. Барајќи го виновникот, или поправајќи го виновникот успеав на клубот да му посочам за доброто административно и lions држење, за Club Excellence Award и за она што не очекува во наредниот период: издавањето на монографијата и адресарот на дистриктот, како и одржувањето на 5тата Национална конвенција.
Откако завршив со монологот имаше повеќе интересни прашања, главно прашања кои доаѓаат од чуството на клубот дека тоа е најдобриот клуб кој воопшто постои во светот. Следуваа и други прашања кои се однесуваа на учеството на дистриктот, на спроведувањето на програмата за оваа година, на донациите кои ги направиле досега и на пропустот сето тоа да го евидентираат. Ако по моето заминување успеат да го евидентираат сето тоа, ако го прифатат мојот совет на својот најголем донатор да му подарат Melvin Jones Fellowship и притоа си обезбедат себе си Club Excellence Award, тогаш ќе бидам среќен дека сум допринел да бидат подобар клуб. За најдобар..., за да бидат најдобар клуб ќе почекам да ги видам на Меѓународната конвенција во Хамбург, бидејќи само тогаш ќе го почуствуваат вистинскиот дух на нашето движење. Само потоа ќе живеат со поинакви, јас дури би рекол и вистински чуства.

Наредниот ден, се случи еден од помачните состаноци, а потоа имав вистинско уживање, мојата редовна работна посета на Lions клубот Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН. И овој состанок беше одлично осмислен. И овие lions-и најпрвин зборуваа за своите претстојни активности, а потоа ми дадоа шанса да говорам. Почнав на тој начин што ги потсетив претседателот, Гоце Бурзевски и останатите членови, дека главен град на Монголија е Улан Батор. Споменав дека во 1946 година Улан Батор имал 118.400 жители, но за жал не ги знаев нивните имиња. Ова ми беше домашната задача од Гоце.
Обраќањето во овој клуб беше малу поразлично од дотогашните. Се разбира зборував и за Club Excellence Award и за она што не очекува во наредниот период: издавањето на монографијата и адресарот на дистриктот, како и одржувањето на 5тата Национална конвенција. Меѓутоа во случајот со овој клуб посветив време на објаснувањето на структурата на дистриктот и на асоцијацијата, како и на организацијата на нашиот дистрикт и задачите на сите во истата. Имаше неколку прашања, а истите се однесуваа на поднесената апликација за LCIF грант, на Lions Quest, на Leo клубот кој СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН го спонзорираше итн. Крајот на вечерта беше извесен, ама пријатната атмосфера на состанокот, сигурен сум дека многумина натера да помислат дека можеби е прерано. Ако паралелно со состанокот не се одигруваше натпревар од Лигата на шампионите на Европа (спортска среда) верувам никој немаше да отсаствува ниту пак да посака да замине порано.

Февруари беше извонреден месец. Ми даде шанса да се потсетам на времето кога со сиот ентузијазам пристапив во асоцијацијата и на клубовите кои во тоа време ја правеа националната асоцијација. Повторно ги сретнав истите луѓе за кои сведочев кога постануваа lions-и, кои ги среќавав кога јас постанав leo и подоцна lions. Имав можност да видам луѓе кои искрено се сакаат себе си, на кои им значи пријателството и времето поминато заедно. Ме натераа да си ветам себе си дека ќе останам lion до крајот на животот!

Прошетката низ сеќавањата ме освежи и ме охрабри да продолжам до крај!

No comments:

Post a Comment