На 06 февруари 2013 година, во хотелот КОНТИНЕНТАЛ во Скопје се одржа вториот состанок за координација на GMT/GLT за развој и работа со членството.
На состанокот присуствуваа следните членови: Андреја СТОЈКОВСКИ, Сашо ВАСИЛЕВСКИ, Јелица КРТОЛИЦА, Драги ФИЛЕВСКИ, Давор КАРАКАШЕВ, Иван КАРЕВ, Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА, Михајло ШИРОГОСКИ, Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА, Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Марјан ТАЛЕВ, Зоран ИЛИЌ, Пеце ПЕТРЕСКИ, Габриела РАКИЧЕВИЌ, Александар МАТЕВСКИ, Соња БОЈАЏИЕВА, Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ, Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Небојша ДАВИДОВСКИ.
Своето отсуство од состанокот го имаа најавено: Крумислав БАРЗОВ, Билјана КОСТОВСКА и Јордан САВЕСКИ.
На почетокот како предточка од утврдениот дневен ред беше проследен извештај за работата на Почесниот комитет на гувернернот на дистриктот (Советот на гувернери) при утврдувањето на кандидатурите за гувернер на дистриктот, прв и втор вице-гувернери за 2013/2014 година. Во расправата по предточката (Усвојување на кандидатурите за гувернер на дистриктот, прв и втор вице-гувернери за 2013/2014) беа донесени следните заклучоци:
2. Тимот на гувернерот на дистриктот за 2012/2013 ги усвои кандидатурите на следните lions-и:
- Lion Јелица КРТОЛИЦА за кандидат за гувернер на дистриктот за 2013/2014 година. Lion Кртолица досега ги вршела функциите претседател на својот клуб, претседавач на зона, претседавач на регион, втор вице-гувернер на дистриктот и во оваа година 2012/2013 служи како прв вице-гувернер на дистриктот.
- Lion Драги ФИЛЕВСКИ за кандидат за прв вице-гувернер на дистриктот. Lion Филевски досега служел на повеќе функции, меѓу кои претседавач на зона, претседавач на регион, а оваа година 2012/2013 служи како втор-вице гувернер на дистриктот.
- Lion Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ за кандидат за втор вице-гувернер на дистриктот. Lion Цветановски досега ги вршел функциите претседател на својот клуб, секретар во својот клуб, секретар на кабинетот, а во последните две години 2011/2013 служи како GLT координатор на дистриктот.
Во втората точка од дневниот ред: Статус на членство во дистриктот, на присутните им дадов извештај за последниот статус на дистриктот во однос на активните клубови и членовите во истите. По оваа точка од дневниот ред свое видување и придонес кон дискусијата имаа и поранешните гувернери на дистриктот, како и другите членови на тимот. Од дискусијата произлегоа следните заклучоци:
1. Покрај сите обиди, состојбата со членството во дистриктот на истекот на Јануари 2013 година е разочарувачка и покрај сите обиди и работата со клубовите дистриктот поради финансиска суспензија загуби 9 клубови од кои 2 беа веднаш беа вратени во активен статус, а 1 клуб донесе одлука за самораспуштање.
2. Клубовите: ВОДНО, ДЕНАРИУС, ТУМБА, ШТИП, ПРОБИШТИП, РАДОВИШ и СТРУГА на дистриктот му донесоа загуба од 157 членови. Со тоа актуелниот статус на дистриктот е 32 клубови и 752 членови.
3. На истекот на Јануари 2013 година сите клубови оствариле 256 активности, во 12300 волонтерски часови и со вредност од 125.000 американски долари. Ако се има предвид фактот дека само 20 клубови известиле за своите активности, тогаш може да се заклучи дека индикаторите можеле да бидат и повисоки.
4. Сите загубени клубови ќе бидат повторно вратени на ростерот на клубови. Одговорноста за враќањето на клубовите е на: гувернерот на дистриктот, вице-гувернерите, зонските претседавачи и региските претседавачи, GMT координаторот, Guiding Lions-ите на паднатите клубови и претседателите на истите. Крајот на февруари 2013 е последниот рок за реактивирање на овие клубови, а не успехот ќе има реперкусии врз секој од вршителите на функции во дистриктот.
Третата точка од дневниот ред беше на темата: Работа со членството 2012/2013 година, во која се дискутираше по извештаите на претседавачите на зона од одржаните советодавни комитети на гувернерот на дистриктот, предлог планот за изработка на монографија и адресар за дистриктот, како и за подготовките за организација на Националната конвенција.
1. Сите претседавачи на зона одржаа состанок на Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот. На одржаните состаноци учествуваа: гувернерот на дистриктот, вице-гувернерите на дистриктот, еден поранешен гувернер на дистриктот и GMT координаторот на дистриктот.
2. Извештаите за одржаните состаноци се подготвени од мнозината претседавачи на зона и се дел од оваа белешка.
3. Наредната задача на зонските претседавачи е во своите посети на клубовите да ја истакнат потребата од правилното одржување на изборите за клупски раководства и од нивното учество на Националната конвенција 24-25 мај 2013 година во Скопје.
4. Преземените активности за издавање на адресар на дистриктот и сите клубови, како и монографија по повод годишнините кои ги одбележуваме да се забрзаат, а на сите клубови да им се укаже за важноста на овој проект.
По четвртата точка од дневниот ред: Развој на членство 2012/2013, краток извештај даде GMT координаторот Соња Бојаџиева, а придонес дадоа и другите членови на тимот. Од дискусијата произлегоа следните заклучоци:
1. Постојат иницијативи за основање на нови клубови во: Дебар; Маврово-Ростуше; Св. Николе; Кавадарци; Неготино; Ресен и два нови клубови во Скопје. На иницијативите работат повеќе претставници на Тимот на гувернерот за 2012/2013 и истите ќе бидат финализирани во наредниот период, а најдоцна до средината на мај 2013 година.
2. Извештајот за работата на GMT координаторот, како и анализата за стабилноста и работата на клубовите во писмена форма ќе биде проследен до сите членови на тимот.
3. Покрај веќе утврдените критериуми за наградите Membership Excellence (Be a Lion – Touch a Heart) ќе биде направено едно дополнување во функција на дополнителна мотивација на клубовите. Сите клубови кои во текот на фискалната година, а заклучно со 15 мај 2013 година, примат најмалку нови 5 членови и притоа пораснат за барем 3 членови. Ако на крајот на фискалната година (30 јуни 2013) го задржат тој број на нето нови членови, тогаш ќе остварат можност да добијат награда Membership Excellence (Be a Lion – Touch a Heart). Меѓутоа, претседателите на тие клубови нема да можат да добијат награда 100% Club President.
Во петтата точка од дневниот ред се зборуваше за Развој на лидерство 2012/2013 и за спроведувањето на програмата за обуки, како и за организацијата на Worldwide Induction Day, на 13 април 2013 година. Заклучокот од оваа дискусија е следниот:
1. GLT координаторот ќе изработи целосна програма за годинешното одбележување на Worldwide Induction Day на 13 април 2013 година во која ќе ги опфати сите клубови, сите поголеми градски и lions центри и сите членови на Тимот на гувернерот за 2012/2013 година.
На крајот на состанокот, под точката разно членовите на тимот на гувернерот расправаа за кандидатурата на поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН за втор меѓународен потпретседател и го усвоија следниот заклучок:
1. Присутните се согласија lion Фил НЕЈТАН, поранешен меѓународен директор од МД105 Британски острови и Ирска да биде повторно кандидат на Lions Д132 Македонија за функцијата втор меѓународен потпретседател.
2. Резолуцијата за поддршка на кандидатурата со пропратно писмо и заверката на веродостојноста ќе биде проследена до кандидатот.
Четвртиот состанок ќе се одржи на 24 април 2013 година во Гевгелија.
No comments:
Post a Comment