Sunday, February 17, 2013

THE HARDEST MONTH

Јануари во Survival* митологијата ( на македонецот е најтешкиот месец! Напорниот период на празнување и паралелно искажување на врвните кулинарски способности на сите членови на семејството (мајки, татковци, баби, дедовци, тетки, вујковци и сл.) како вообичаено до максимум ја тестираат издржливоста на домашните буџети, а врзувањето крај со крај, барем во овој месец наликува на еден мошне успешен кумановски афоризам: „Кој вржује крај с’с крај, брго ќе скине конци!“ Во мојата гувернерска година (2012/2013) јануари се покажа како еднакво тежок месец.
Развојот на состојбата започна уште во октомври кога дури 28 клубови се најдоа во опасност од финансиска суспензија и кога долгот кој сите клубови во дистриктот го имаа кон Lions Clubs International изнесуваше 21.964,08$. Со посебен ангажман на повеќемина членови на тимот успеавме долгувањата да ги намалиме во само еден месец на 11.075,46$. Сепак тоа не беше доволно!
На 07 јануари 2013 година дури 9 клубови беа ставени во финансиска суспензија, а на крајот на истиот месец 7 од овие клубови беа избришани од ростерот на клубови на  Lions Clubs International. Со тоа бројната состојба на нашиот дистрикт се намали за 157 членови и заедно со претходните реални загуби од приближно 40 членови не симна на 752 членови.
Никогаш не сум се чуствувал пострашно! Загубата на толку многу клубови тотално ми го уништи ентузијазмот и вербата дека се движиме во вистинската насока, дека спроведените активности и активниот волонтеризам кој го промовиравме сепак не се доволно.
Знаев дека не е воопшто едноставно, особено немаше да биде за мене бидејќи најодговорно пристапив кон вршењето на функцијата. Знаев дека после сиот оној голем раст, во кој покрај успешните приказни, создадовме и ранливи клубови ќе дојде периодот во кој ранливоста на овие клубови ќе биде уште поизразена. Сепак, искрено очекував дека секој од нас ќе биде доволно одговорен за своите клубови: претседателите, Guiding Lions-ите, зонските претседавачи, GMT координаторот, поранешните гувернери и така до врвот на пирамидата.
Знаев, за среќа се уште верувам во тоа дека сите успеси, без оглед колку мој ангажман има во нив се успеси на сите членови на тимот (ОНИЕ КОИ НАЈОДГОВОРНО ПРИСТАПИЈА КОН ВРШЕЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА), а неуспесите се неуспеси на гувернерот на дистриктот! Но, часовникот работи добро затоа што сите запчаници безпрекорно ја вршат својата задача. Оттаму, се уште неможам да ги заборавам разочарувањата и директното одбивање на соработка/поддршка/помош од двајца најодговорни членови на тимот кои можеа да бидат пресудни во тоа состојбата денес да биде подобра.
Денес е 17 февруари 2013 година, јануари одамна замина, раните во дистриктот останаа, а стегнатиот ремен од финансиската исцрпеност остро затега. Ако е за утеха, тимот кој победува оваа година во само 7 месеци направи извонредни резултати, реализиравме 250 активности, безмалку 13.000 часови волонтерска работа и вкупна вредност на акциите од приближно 120.000,00$. Реализиравме огромен број на часови административна работа во клубовите и во дистриктот, работа посветена на координација и планирање, но и работа посветена на комуникации, посети на клубовите, работа со истите.
СУМИРАНО, ВО СПОРЕДБА СО МИНАТАТА ГОДИНА НАПРАВИВМЕ ПОДОБРУВАЊЕ ОД 120%, или едноставно ги поместивме границите на УСПЕХОТ!
Ова се податоците кои ги обожувам, кои ми ја враќаат енергијата и ме тераат да мислам дека се уште има надеж да се подобри состојбата и да се оствари сеопфатен успех на крајот на фискалната година. Поради сето ова велам дека мојата определба да се биде lion е за навек, а јас ќе продолжам да придонесувам за успесите и на моите следбеници.

BE A LION - TOUCH A HEART!

* Survival - Англиски јазик = Опстанок; умешност, или способност да се преживее)

No comments:

Post a Comment