Sunday, February 3, 2013

AND WE HAVE THE WINNER - ENVIRONMENTAL PHOTO CONTEST

Најголемото богатство на Република Македонија е нејзината единствена и наместа недопрена природа. Ако на светот му нудиме недопрена и единствена природа, тогаш и преку лајонистичкиот свет, треба да се потрудиме таа недопрена и единствена природа да ја претставиме.

Оваа година во нашиот дистрикт за прв пат се спроведе Lions натпреварот за избор на најдобра еко-фотографија, а на истиот учествуваа десетина наши lions-и. 

Секоја пријавена фотографија беше уникатна и нудеше поинакво видување за природата на нашето опкружување, убавините на руралната средина, флората и фауната, урбаните и руралните пејсажи, или пак климатските феномени. Секоја пристигната фотографија имаше квалитети за награда. Да се надеваме дека онаа која ќе го претставува нашиот дистрикт поради приказната која ја раскажува, како и поради својата убавина ќе успее да го впише нашиот дистрикт барем меѓу финалистите.

Процесот на пријавување беше отворен за сите членови на дистриктот, а по прибраните пријави се формираше комисија во која членуваа lions-и со следните професии/пасии: сликарство; фотографија; архитектура; графички дизајн; заштита на природата. Ниту еден од членовите на комисијата немаше пријавено своја фотографија на конкурсот. 

Правилата за гласањето беа едноставни, секој од членовите на комисијата избираше пет фотографии кои според своето видување ги сместуваше во една од предвидените категории, или специјалните теми. Фотографиите кои добиле барем два гласови поминаа во втората фаза.

Вкупно седум фотографии преминаа во втората фаза. Сите седум имате можност да ги видите во овој текст.

По првичната селекција втората комисија од lions-и уметници и уметнички критичари ја избра најдобрата еко-фотографија.


Приказната на победничката фотографија вели:
Во светот има само еден чун со рамно дно кој се правел од еден трупец (моноксилен) и тој го употребувале старите рибари во Дојран (Полин). Воедно, Дојранското езеро замрзнувало еднаш во 50 години.
Ако приказната е точна, тогаш...

Честитки за победникот lion Владимир Арсовски!

За да ги погледате сите пристигнати фотографии следете го линкот:
LIONS ENVIRONMENTAL PHOTO CONTEST - D132 MACEDONIA

No comments:

Post a Comment