Friday, February 22, 2013

YOUNG AMBASSADOR OF THE 21st CENTURY


На 23 март 2013, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, ќе се одржи Националниот натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век.

Организатори на изборот се Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century во партнерство со NOVA International Schools. Победникот на натпреварот ќе биде нашиот претставник на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција во октомври/ноември 2013 година.

Кандидатите мора да бидат постари од 15 години и помлади од 22 години пред 30 јуни 2013. Сепак според правилата на Европскиот Lions Форум, само оние кои се помеѓу 15 и 19 години, пред 30. јуни оваа година ќе можат да бидат претставници на дистриктот на форумот во Истанбул. Оттаму победник на натпреварот може да биде секој учесник, ама само најдобриот во возрасната рамка ќе може да биде претставник на дистриктот на Форумот во Истанбул.
Идеален кандидат е соработник, помагач, или пак партнер во служба, на нашите Lions клубови, односно член во нашите Leo клубови. Идеалниот кандидат може да биде и млад лидер во заедницата кој користи стипендија за талентирани ученици доделена од некој од нашите клубови, односно млад лидер од локалната заедница кој соработува со некоја друга волонтерска организација и и служи на заедницата во која живее.

На натпреварот, кандидатите ќе треба пред жири комисијата да претставуваат свој проект за нивен натамошен ангажман во заедницата, или пак да говорат на темата „Јас Име Презиме - In a World of Service“. Пријавените кандидати ќе бидат оценувани од жири кое ќе го следи нивниот развој и нивната посветеност на служењето на заедницата, а преку информациите кои кандидатите самите ќе ги достават со пријавата за учество на настанот. По говорот, односно презентацијата, кандидатите ќе имаат кратко интервју со членовите на жири комисијата, а во текот на интервјуто ќе треба да покажат дека:
  • посветено и служат на заедницата и имплементираат релевантни проекти;
  • поседуваат исклучителни лични квалитети и покажуваат забележителни лидерски квалитети;
  • имаат квалитет за јавни настапи, особено за презентирање на нивните проекти;
  • посветеност на работата и соработката со дистриктот; и 
  • имаат план како да ја искористат сумата што би можеле да ја добијат како награда ако победат на европскиот натпревар.

Согласно правилата на европскиот натпревар, сите локални натпревари ги оценува шестчлено жири во состав од еден маж и една жена од следните категории:
  1. образование;
  2. млади/локална заедница;
  3. стопанство.

Победникот на натпреварот ќе добие трофеј и диплома, а сите учесници ќе добијат благодарница.

Победникот на европскиот натпревар добива парична награда во износ од 3.500,00 евра, а ќе може да ја искористи само во поддршка на натамошното служење на заедницата, односно за надградба на своите капацитети за преземање на одредена лидерска функција во асоцијацијата, или пак во општеството. 

Пријавените кандидати, меѓу другото се обврзуваат:
  • да настапат на националниот натпревар во март 2013;
  • да настапат на 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година;
  • да учествуваат/работат на Меѓународниот младински камп на дистриктот;
  • да ја претставуваат државата и дистриктот на Европскиот Lions форум 2013.

Ги охрабруваме сите членови на Leo клубовите, како и сите други заинтересирани млади да се пријават на lions.d132.macedonia@gmail.com користејќи го формуларот за апликација од следниот линк.

No comments:

Post a Comment