Thursday, March 14, 2013

LIONS WORLDWIDE INDUCTION DAY


Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day) е настан кој ги обединува сите клубови и новите членови ширум светот во активност, и притоа нуди единствена можност за зајакнување на членството и за подигање на свеста кај јавноста за постоењето и работата на Lions Clubs International. Оваа година Lions Worldwide Induction Day за прв пат се одбележува кај нас, а кој ќе се случува на 13 април 2013 покрај во Lions дистрикт 132 МАКЕДОНИЈА ќе ги опфати и сите останати 742 дистрикти во светот.

Ова е единствена можност сите клубови кои веќе имаат отпочнато со постапка за прием во членство на одредени кандидати, истата да ја приведат кон крај во текот на овој месец. На тој начин сите новопримени членови ќе можат да учествуваат во настаните по повод Светскиот Lions ден за воведување во членство. Досега повеќе клубови (БИТОЛА, Битола КАБАДАЈА, ДЕМИР ХИСАР, ГЕВГЕЛИЈА, Охрид ДЕСАРЕТИ, ПРИЛЕП, СКОПЈЕ, Скопје 33, Скопје ЦЕНТАР, Скопје ЈУСТИНИЈАН, Скопје МАКЕДОНИЈА, Скопје ПАЈКО МААЛО, Скопје ФЕНИКС, Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН, Скопје СВЕТЛИНА и ВЕЛЕС) имаат пријавено нови членови, а очекувам дека истото ќе го сторат и оние клубови кои веќе најавија нови членови. Во оваа пригода би сакал да ги замолам сите претседатели на сите клубови од државата да се погрижат секој новопримен член да биде пријавен најдоцна до 31 март 2013 година. Специјален меморијален сертификат за учество на Lions Worldwide Induction Day ќе биде отпечатен само за оние новопримени членови кои ќе бидат пријавени до утврдениот термин.

Одбележувањето на 13 април 2013 година, со посебна програма, ќе започне точно во 12.00 часот, а ќе ги опфати сите клубови кои имаат примено нови членови, односно следните десет градови од државата (Битола, Демир Хисар, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, и Штип). На програмата на настанот ќе бидат следните содржини:
  • предавање “Lions Fundamentals” (за основите на и основните податоци за движењето и дистриктот);
  • обраќање на член на заедницата;
  • свечена церемонија за воведување во членство;
  • доделување на специјални меморијални сертификати на новите членови.

На последната, трета средба за координација за GMT/GLT зборувајќи за напорите за задржување на членството беше усвоен заклучок со кој на оваа активност и се дава приоритет, а сите членови на Тимот на гувернерот за 2012/2013 ќе бидат на располагање и ќе учествуваат во настанот со доделената задача. Оттаму, тимови од двајца, или повеќе lions-и составени од еден од постојните предавачи од Lions Leadership институтот на дистриктот, како и други искусни lions-и, и еден висок офицер на дистриктот ќе бидат задолжени за организација и водење на настанот во соодветните (доделените) градови.

Ги молам претседателите на локалните клубови од наведените градови во координација со предвидениот висок офицер на дистриктот за водење на церемонијата да одлучат за две исклучително важни прашања:
  • да изберат место за одржување на настанот и притоа да ги повикаат сите членови на својот клуб да учествуваат на истиот и да бидат сведоци на примот во членство на новите членови;
  • да одредат кој ќе биде претставникот на локалната заедница кој би бил повикан да се обрати пред присутните. Темата на обраќањето треба да биде Волонтерската активности; Општествената одговорност; секако Улогата на Lions Clubs International во промоцијата на обата концепти.

Конечно, ги молам одговорните офицери на дистриктот во соработка со GMT координаторот и претседателите на локалните клубови да ги повикаат сите потенцијални членови на движењето како би имале можност да се информираат за работата на асоцијацијата и да го следат настанот.

Повикувањето на потенцијалните членови, како и спроведувањето на Lions Worldwide Induction Day во нашиот дистрикт ќе се одвива според следниот распоред:

ГРАД ДОМАЌИН
(поканети градови)
Предавач од Leadership Institute
Овластен дистрикт офицер
БИТОЛА
(Ресен)
Марија ДОДОВСКА
Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА
ОХРИД
(Струга, Дебар)
Зоран ТИЛЕСКИ и Габриела РАКИЧЕВИЌ
Драги ФИЛЕВСКИ
ДЕМИР ХИСАР
(Кичево)
Марјан ТАЛЕВ
Сашо ВАСИЛЕВСКИ
СКОПЈЕ
Зоран ИЛИЌ и Билјана КОСТОВСКА
Андреја СТОЈКОВСКИ
ГЕВГЕЛИЈА
(Струмица)
Марина СВИЛИЧИЧ
Михајло ШИРГОСКИ
ВЕЛЕС
(Кавадарци, Неготино)
Соња БОЈАЏИЕВА и Пеце ПЕТРЕСКИ
Ангел ГЕОРГИЕВСКИ
КУМАНОВО
(Св. Николе)
Александар МАТЕВСКИ
Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА
ТЕТОВО
(Маврово, Гостивар)
Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ
Слободан ВУКИЌЕВИЌ
ШТИП
(Радовиш, Пробиштип)
Даница ДОНЧОВСКА и
Небојша ДАВИДОВСКИ
ПРИЛЕП
(Крушево)
Весна ПАЦАНОСКА
Јелица КРТОЛИЦА

При организацијата на локалните настани имајте ги предвид следниот календар за исполнување на обврските:
  • 22 март 2013 година, последен рок за утврдување на локацијата за одржување на настанот и претставникот на локалната заедница кој ќе биде поканет да се обрати на истиот (претседателите на клубовите во координација со одговорниот офицер);
  • 31 март 2013 година, последен рок за пријавување на новите членови во клубовите (претседателите на клубовите);
  • 1 април 2013 година, рок за упатување на првата покана за учество на настанот (претседателите на клубовите за сите членови, постојни и нови, односно GMT координаторот за иницијативите за нови клубови и згаснатите клубови);
  • 10 април 2013 година, рок за упатување на втората покана за учество на настанот (претседателите на клубовите за сите членови, постојни и нови, односно GMT координаторот за иницијативите за нови клубови и згаснатите клубови).

No comments:

Post a Comment