Friday, March 8, 2013

NINTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во деветтиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на меѓународната соработка. Ова е деветто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да прошетам низ сеќавањата и да посетам два од нашите најстари клубови, а добив извонредна можност да учествувам и на Bon Vivant вечерта во организација на Lions клубот Битола КАБАДАЈА. Пред самиот крај на месецот, а во делот на редовните посети, имав чест и задоволство заедно со членовите на клубот, нивни пријатели, поддржувачи, партнери и соработници да празнувам по повод петтата годишнина на Lions клубот КУМАНОВО. Воедно, изминатиот месец беше организиран третиот координативен состанок за GMT и GLT.

Во текот на изминатиот месец го финализиравме националниот избор за најдобра еко-фотографија.
Приказната на победничката фотографија вели: „Во светот има само еден чун со рамно дно кој се правел од еден трупец (моноксилен) и тој го употребувале старите рибари во Дојран (Полин). Воедно, Дојранското езеро замрзнувало еднаш во 50 години.“ Ако приказната е точна, тогаш...
Честитки за победникот lionВладимир Арсовски!
За да ги погледате сите пристигнати фотографии следете го линкот: LIONS ENVIRONMENTAL PHOTO CONTEST - D132 MACEDONIA

Во текот на изминатиот месец Тимот на гувернерот за 2012/2013 година ги утврди кандидатурите за гувернер на дистриктот и прв и втор вице-гувернер на дистриктот за 2013/2014 година.
На координативната средба која се одржа на 6 февруари 2013 година Тимот на гувернерот најпрвин ги разгледа кандидатурите за офицери на дистриктот за 2013/2014 година. Во расправата со која претседаваше претходниот гувернер на дистриктот Сашо Василевски беше усвоен следниот ЗАКЛУЧОК:
  1. Почесниот комитет на Гувернерот на дистриктот на својот последен состанок во средината на ноември 2012 година ги утврди кандидатурите за гувернер на дистриктот, прв и втор вице-гувернери за 2013/2014.
  2. Истите, во името на Почесниот комитет, на Тимот на гувернерот на дистриктот за 2012/2013 му ги предлага за усвојување, Претседавачот на комитетот, поранешниот гувернер на дистриктот Небојша Давидовски.
  3. Тимот на гувернерот на дистриктот за 2012/2013 ги усвои кандидатурите на следните lions-и:
    1. Lion Јелица КРТОЛИЦА за кандидат за гувернер на дистриктот за 2013/2014 година. Lion Кртолица досега ги вршела функциите претседател на својот клуб, претседавач на зона, претседавач на регион, втор вице-гувернер на дистриктот и во оваа година 2012/2013 служи како прв вице-гувернер на дистриктот.
    2. Lion Драги ФИЛЕВСКИ за кандидат за прв вице-гувернер на дистриктот. Lion Филевски досега служел на повеќе функции, меѓу кои претседавач на зона, претседавач на регион, а оваа година 2012/2013 служи како втор-вице гувернер на дистриктот.
    3. Lion Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ за кандидат за втор вице-гувернер на дистриктот. Lion Цветановски досега ги вршел функциите претседател на својот клуб, секретар во својот клуб, секретар на кабинетот, а во последните две години 2011/2013 служи како GLT координатор на дистриктот.
  4. Тимот на гувернерот за 2012/2013 година предлага Националната конвенција на Lions дистриктот 132 Македонија на 25 мај 2013 година да ги избере утврдените кандидати за нови офицери на дистриктот.
Во текот на овој месец да го зајакнеме членството во нашите клубови.
„Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“
Да имаме предвид дека приемот на новите членови не го правиме поради дистриктот или потребата да се зголемува членството. Приемот на нови членови го правиме за да можеме во постоечките клубови да внесеме свежина, нови идеи, нови знаења и вештини, нова мрежа на познанства; да внесеме нова енергија од ентузијазмот на новите членови. Оттаму секој еден нов член за клубот значи поголема шанса да продолжи уште поуспешно да работи.
Нашата цел оваа година е секој од нашите клубови да оствари нето пораст од барем два нови членови. Зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член!
За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: How to Become a Lion

Во текот на овој месец да се подготвиме за изборите во клубот.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, ова е месецот во кој ќе треба да се потсетите на статутот и на одредбите за избори и да започнете со процедурата. Најнапред утврдетете ја Комисијата за номинации, а потоа и кандидатурите за вашето клубско раководство. Водете сметка, при номинациите да ја земете предвид и кандидатурата на Првиот потпретседател на клубот за клубски претседател во 2013/2014 година.

Во текот на овој месец ќе го избереме нашиот Lions Young Ambassador.
На 23 март 2013, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, ќе се одржи Националниот натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век. Победникот на натпреварот ќе биде нашиот претставник на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција во октомври/ноември 2013 година.
Победникот на натпреварот ќе добие трофеј и диплома, а сите учесници ќе добијат благодарница. Победникот на европскиот натпревар добива парична награда во износ од 3.500,00 евра, а ќе може да ја искористи само во поддршка на натамошното служење на заедницата, односно за надградба на своите капацитети за преземање на одредена лидерска функција во асоцијацијата, или пак во општеството.
Пријавените кандидати, меѓу другото се обврзуваат:
  • да настапат на националниот натпревар во март 2013;
  • да настапат на 5. Национална конвенција 24-26 мај 2013 година;
  • да учествуваат/работат на Меѓународниот младински камп на дистриктот;
  • да ја претставуваат државата и дистриктот на Европскиот Lions форум 2013.


Во текот на овој месец да ја зајакнеме меѓународната соработка.
Да создаваат и одгледуваат дух на разбирање и соработка помеѓу луѓето во светот“ е дел од целите на нашата асоцијација која воедно го претставува третиот столб на активности на меѓународната асоцијација. Развивањето на меѓународната соработка е едноставна задача, а секој клуб може да одбере некоја од следните активности:
  • Одбележете го Lions денот во Обединетите нации (третиот четврток од месецот);
  • Стапете во збратимување со друг клуб од близок или пак подалечен дистрикт (повикот за збратимување ви беше испратен од координаторот Влатко Христовски во е-пошта од 14 февруари 2013);
  • Подгответе и пријавете проект за финансирање од LCIF преку програмата за грантови за меѓународна помош;
  • Учествувајте во спроведувањето на меѓународниот младински камп ова лето;
  • Организирајте предавање или претставување на одредена држава, меѓународна организација и сл.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!
Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment