Monday, March 25, 2013

THIRD DISTRICT CABINET MEETING

На 23 март 2013 година, со почеток во 11.00 часот, во NOVA International Schools во Скопје се одржа третиот состанок на Кабинетот на дистриктот.
Точка 1 - Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013
    • Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 06 февруари 2013 година.
  1. Кабинетот на дистриктот констатираше дека поради финансиска суспензија беа загубени 9 клубови од кои 2 веќе беа вратени во активен статус, а 1 клуб (ВОДНО) донесе одлука за самораспуштање. Долгот кон LCI  е подмирен и од страна на Lions клубот ШТИП, за кој останува да се заврши процесот на реактивација.
  2. Кабинетот одлучи приорет во наредниот период да имаат членовите и оттаму заклучи дека ќе се направат напори за реактивација на сите паднати клубови, односно ќе се префрлат дел од членството на клубовите ТУМБА и ВОДНО во другите клубови.
  3. Задолжени за реактивација на клубовите и задржување на членството од претходниот заклучок се:
    1. ВОДНО (членство) – Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
    2. ДЕНАРИУС – Небојша ДАВИДОВСКИ;
    3. ТУМБА (членство) – Александар МАТЕВСКИ;
    4. ШТИП – Даница ДОНЧОВСКА;
    5. ПРОБИШТИП – Драги ФИЛЕВСКИ;
    6. РАДОВИШ – Слободан ВУКИЌЕВИЌ;
    7. СТРУГА – Андреја СТОЈКОВСКИ.
  1. Кабинетот на дистриктот го поздрави регистрирањето на Lions клубот Битола БАС и им посака добредојде на 24 нови членови. Исто така, Кабинетот ја прифати информацијата за организација на Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ и Lions клубот Скопје ДИПЛОМАТИК.
  2. Кабинетот заклучи да се обноват сите напори за основање на нови клубови во Кавадарци, Неготино, Ресен, Свети Николе, Дебар на Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, како и основањето на уште еден клуб во Струмица – ОДГОВОРЕН за координација на овие напори е GMT координаторот на дистриктот – Соња БОЈАЏИЕВА.
  3. Сите зонски претседавачи во наредниот период, а најдоцна до 15 април 2013 година ќе организираат средби на Советодавните комитети, со своите клубови од зоните, а ќе направат и посета на секој од своите клубови. На средбите: ќе ја потенцираат потребата секој клуб порасне барем за еден (1) член, односно да брои најмалку 25 членови; ќе посочат на потребата натамошно следење на програмата на активности и пријавувањето на истите; ќе посочат на критериумите за CLUB EXCELLENCE AWARD; како и на подготовките за учество на претстојната Национална конвенција и потребата од што поголемо учество на клубовите на истата. Своите извештаи зонските претседавачи, заедно со забелешките за работата и функционирањето на постојните клубови ќе ги изнесат на 4тата средба за координација за GMT/GLT на 15 април 2013 година.
  4. До следната средба за координација за GMT/GLT која ќе се одржи на 15 април 2013 година, а во насока на подобра подготовка на зонските претседавачи и особено оние кои оваа функција ќе ја извршуваат во текот на наредната година, GLT координаторот ќе одбере конкретни теми (точки) за обука соодветни за следните профили за сениор лидери: Guiding Lions, Претседавачи на регион и Претседавачи на зона, по кои ќе биде спроведена обука, односно ќе им бидат поделени за нивно натамошно користење.
  5. Кабинетот го прифати планот за организирање на Worldwide Induction Day на 13 април 2013 година и предвидениот распоред на офицери и учесници; притоа утврди дека:
    1. најдоцна до среда, 27 март 2013 година, ќе бидат утврдени локациите за одржување на настанот и предвидениот говорник од локалната заедница – ОДГОВОРЕН е овластениот офицер за воведување во членство;
    2. најдоцна до среда, 27 март 2013 година, ќе биде изработена единствена презентација за основите на нашето движење во светот и во Македонија која ќе биде доставена до сите утврдени предавачи – ОДГОВОРЕН е GLT координаторот на дистриктот – Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
    3. Најдоцна до петок, 05 април 2013 година, ќе бидат отпечатени меморијални сертификати за сите новопримени членови кои ќе учествуваат на настанот – ОДГОВОРЕН е Давор КАРАКАШЕВ;
    4. На настанот ќе бидат поканети да учествуваат спонзорите на новите членови, другите постојни членови на клубовите и потенцијални членови од други градови каде што не постои Lions клуб.
  1. Покрај редовните работни обврски и координацијата на проекти, региските претседавачи во наредниот период ќе треба да се фокусираат на послабите клубови и да се погрижат истите да издржат до крајот на годината, да се стабилизираат и да го подобрат статусот на своето членство, а ќе работат и на развојот на ново членство:
    1. Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА ќе помогне во задржувањето и зајакнувањето на клубовите: ТЕТОВО и КАЛЕ; а ќе работи на основање на Кампус клуб во Скопје со студенти и наставници од Медицинскиот факултет; Фармацевтскиот факултет и Стоматолошкиот факултет;
    2. Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА ќе помогне во задржувањето и зајакнувањето на клубовите: ХЕРАКЛЕЈА; УИСТ; ПРИЛЕП и ДЕМИР ХИСАР; а ќе работи на основањето на клубот во Ресен;
    3. Слободан ВУКИЌЕВИЌ ќе работи на задржувањето и зајакнувањето на клубот 33; а ќе помогне во основањето на Кампус клуб во Скопје со студенти и наставници од Медицинскиот факултет; Фармацевтскиот факултет и Стоматолошкиот факултет, како и новиот клуб во Струмица;
    4. Михајло ШИРГОСКИ ќе работи на задржувањето и зајакнувањето на клубовите ПАЈКО, МААЛО, ФЕНИКС, ВЕЛЕС и ИДАДИЈА; а ќе работи на можното основање на нов клуб во Битола.
  2. На истекот на Март 2013 година сите клубови оствариле 323 активности, во 16212 волонтерски часови и со вредност од 146.168 американски долари, притоа само 25 клубови оваа година известиле за своите активности.
Точка 2 - Годишна програма за 2012/2013

    • Извештаи од региските претседавачи и соодветни членови на кабинетот.
  1. Кабинетот на дистриктот заклучи дека поради финансиската состојба дистриктот не е во можност да ја спроведе програмата за младинска размена според утврдениот план.
  2. Кабинетот на дистриктот ги задолжи lion Марјан ТАЛЕВ и lion Зоран ТИЛЕСКИ да помогнат да се обезбеди сместување на пријавените 12 младинци во семејства во клубовите во Битола (Прилеп, Крушево и Кичево), односно во Охрид. Координаторот за младинска размена ќе ја следи состојбата и на следната координација за GMT/GLT на 15 април 2013 ќе го извести Тимот на гувернерот за резултатите и ќе препорача преземање на итни мерки.
ПОРАДИ НЕДОСТАТОК НА ВРЕМЕ РАСПРАВАТА ПО ОВАА ТОЧКА БЕШЕ ОДЛОЖЕНА, А ПРЕДВИДЕНИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ЌЕ БИДАТ ПРОСЛЕДЕНИ ВО ТЕКОТ НА ОВАА НЕДЕЛА ПО Е-ПОШТА.

Точка 3 - Известување за утврдени кандидатури за офицери на дистриктот за 2013/2014
    • Известување од состанокот на Тимот на гувернерот за усвојување на кандидатурите за гувернер на дистриктот 2013/2014 и прв и втор вице-гувернери на дистриктот за истата година.
  1. Тимот на Гувернерот за 2012/2013 на својот последен состанок ги прифати кандидатурите за гувернер на дистриктот, прв и втор вице-гувернери за 2013/2014 и препорача истите да бидат ставени на гласање на 5тата Национална конвенција.
  2. Усвоени се кандидатурите на следните lions-и:
    1. Lion Јелица КРТОЛИЦА за кандидат за гувернер на дистриктот за 2013/2014 година. Lion Кртолица досега ги вршела функциите претседател на својот клуб, претседавач на зона, претседавач на регион, втор вице-гувернер на дистриктот и во оваа година 2012/2013 служи како прв вице-гувернер на дистриктот.
    2. Lion Драги ФИЛЕВСКИ за кандидат за прв вице-гувернер на дистриктот. Lion Филевски досега служел на повеќе функции, меѓу кои претседавач на зона, претседавач на регион, а оваа година 2012/2013 служи како втор-вице гувернер на дистриктот.
    3. Lion Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ за кандидат за втор вице-гувернер на дистриктот. Lion Цветановски досега ги вршел функциите претседател на својот клуб, секретар во својот клуб, секретар на кабинетот, а во последните две години 2011/2013 служи како GLT координатор на дистриктот.
Точка 4 - Подготовки за организирање на 5. Национална конвенција на дистриктот
    • Утврдување на календар за 5. Национална конвенција на дистриктот и програма за конвенцијата. Именување на органи и тела за спроведување на конвенцијата, како и утврдување на листа на делегати на клубовите.
  1. Кабинетот на дистриктот го потврди датумот на 5. Национална конвенција на дистриктот за 24-25 мај 2013 година. Воедно кабинетот на дистриктот го утврди пакетот за 5. Национална конвенција на дистриктот кој ги содржи: Календарот за подготовки и одржување на Националната конвенција (прилог 1); Провизорната агенда за Националната конвенција (прилог 2); Формуларот за пријава на делегати и алтернативни/делегати (прилог 3); Формуларот за замена на делегати и алтернативни/делегати (прилог 4); Формуларот за сертификација на делегатите на Националната конвенција (прилог 5); Објаснувањето – често поставувани прашања за Националната конвенција (прилог 6);
  2. Кабинетот на дистриктот го утврди составот на работните тела за подготовка и спроведување на Националната конвенција:
    1. КОМИТЕТ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА И АКРЕДИТАЦИЈА - го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, Секретарот на кабинетот и двајца други членови, кои не се од редот на функционери на конвенцијата. Комитетот за акредитација ќе ги има овластувањата за сертификација на пријавените делегати/алтернативни делегати и акредитација на нивното учество на конвенцијата. Составот на овој комитет е: Андреја СТОЈКОВСКИ, гувернер на дистриктот; Давор КАРАКАШЕВ, секретар на кабинетот; Лилјана ВЕЛЈАНОВСКА, член (Lions клуб БИТОЛА); Сашо ЉУШЕВСКИ, член (Lions клуб Охрид ДЕСАРЕТИ).
    2. КОМИТЕТ ЗА ИЗБОРИ - Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за избори составен од претседавач и двајца членови. Секој од номинираните кандидати за било која од функциите во дистриктот ќе има можност да предложи набљудувач во комитетот. Комитетот ќе биде задолжен за спроведувањето на изборите (подготовка на материјали, прибирање на гласачките ливчиња, пребројување на гласовите, разрешување на спорови околу гласањето и тн. Одлуката на комитетот е конечна и обврзувачка. Составот на овој комитет е: Давор КАРАКАШЕВ; Димитар ПАНЧЕВСКИ; Соња БОЈАЏИЕВА; Гоце БУРЗЕВСКИ (набљудувач за lion Кртолица); Марјан ТАЛЕВ (набљудувач за lion Филевски); Константин ЦВЕТАНОВ (набљудувач за lion Цветановски).
    3. КОМИТЕТ ЗА РЕЗОЛУЦИИ - Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за резолуции составен од претседавач и двајца членови. Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на работата на конвенцијата и утврдување на нацрт-резолуциите кои ќе бидат усвоени на конвенцијата. Составот на овој комитет е: Ангел ГЕОРГИЕВСКИ; Димитар ПАНЧЕВСКИ; Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ.
    4. КОМИТЕТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА - Комитетот за организација на конвенцијата ќе го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, еден од поранешните гувернери на дистриктот како заменик претседавач и петмина членови. Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на конвенцијата, мотивирање на клубовите за нивно учество на конвенцијата, утврдување на локациите за одржување на конвенцијата и сите дополнителни настани,  организирање на учеството на меѓународните гости и сл. Составот на овој комитет е: Андреја СТОЈКОВСКИ; Небојша ДАВИДОВСКИ; Михајло ШИРГОСКИ; Слободан ВУКИЌЕВИЌ; Александар МАТЕВСКИ; Пеце ПЕТРЕСКИ.

No comments:

Post a Comment