Оваа година помеѓу 12 кандидати, соработници, помагачи, или пак партнери во служба, на нашите Lions клубови, односно членови во нашите Lions и Leo клубови се бараше млад лидер во заедницата ќе претстави свој проект за натамошен ангажман во заедницата и ќе говори на темата „Јас - In a World of Service“. Пријавените кандидати беа оценувани од специјално составена жири комисија во состав: група образование Венера Новаковска (NOVA International Schools) и проф. д-р Нинко Костовски (Универзитет американски колеџ – Скопје); група локална заедница Дивна Пешиќ (академски сликар и олимпиец) и Влатко Стефановски (композитор, гитарист, уметник); група бизнис заедница Луиза Камиловска (Орифлејм – Македонија) и Божидар Јанковски (Дајнерс Интернационал). Жири комисијата во оценувањето ги зеде предвид посветеност на служењето на заедницата на секој од кандидатите, нивните лидерски способности, академското портфолио итн. По говорот, односно презентацијата, секој од кандидатите имаше кратко интервју со членовите на жири комисијата, а често пати како поставувачи на прашања се јавуваа и некои од ентузијастите постари lions-и од публиката.
Беше исклучително интересно да се слушнат презентациите и настапите на секој од учесниците. Нема подобар доказ од фактот дека во публиката од почеток до крај останаа приближно педесетина lions-и и други гости, кои и покрај тоа што натпреварот беше најавено да трае два, а траеше вкупно четири часа останаа. По завршувањето еден од членовите на жирито дури изјави дека заминува дома уверен дека има надеж за оваа држава каде младите се толку храбри и креативни.
No comments:
Post a Comment