Friday, July 27, 2012

FIRST ISSUE OF THE "LION" MAGAZINE IN MACEDONIAN

Денес му посакуваме добредојде на првиот број на LION магазинот на македонски јазик. Ова скромно електронско издание на 20тина страници информира за последните случувања во Lions Clubs International, но и во нашиот дистрикт. Магазинот исто така содржи и дел во кој ќе се информира за активностите на клубовите. Во овој број, покрај за 95тата меѓународна конвенција поместени се интервју со Јанез Бохорич, лична порака од Небојша Давидовски, како и информации за активностите на клубовите ДЕСАРЕТИ, ХЕРАКЛЕЈА и СВЕТЛИНА. Се надевам дека токму овој дел ќе биде доволен предизвик сите клубови да информираат за своите активности и на тој начин да порасне нашиот магазин.






На Уредувачкиот одбор, како и на сите што придонесоа со свои текстови, видувања, изјави, интервјуа, фотографии за ова електронско издание им благодарам. Посебна благодарност до Главниот и одговорен уредник lion Јулија ПИШПЕЦКА-ПРОКОПИЕВА и Техничкиот уредник lion Бојан ИВАНОВИЌ од Бригада дизајн за нивните залагања овој број да го види светлото на денот.

Tuesday, July 24, 2012

I INVITED 3 NEW MEMBERS TODAY!

What's the number one reason why people don't join Lions? Because they have never been asked! When was the last time you asked someone to be a part of Lions?

I INVITED 3 NEW MEMBERS TODAY!

Во насока на исполнување на нашата стратегија „LIONS Македонија 2020“ и мојата програма за работа за 2012/2013 година денес имав средба со претставници на една деловна банка со која зборувавме за можностите за соработка и имплементација на еден од годинешните Signature проекти. Бев изненаден од претприемчивоста на „банкарите“ (барем овие со кои денес се сретнав) особено поради фактот дека проектот навистина ми лежи при срце и би сакал да го видам реализиран и институционализиран во рамките на дистриктот за наредните години. Средбата заврши успешно, а за резултатите ќе има опширно известување во августовското директно обраќање до сите членови, како и во соодветниот број на LION магазинот на македонски јазик.

Бидејќи на состанокот имаше навистина пријателска атмосфера, а моите соговорници имаа желба да слушнат и разберат нешто повеќе за Lions Clubs International во текот на целата дискусија вклучував едукативни елементи и општи, но сепак многу важни информации за асоцијацијата. На крајот, кога заминав од зградата веќе имав двајца потенцијални членови кои во догледно време ќе се придружат на два наши клубови и ќе и служат на заедницата. Вечерва пак, прочитав на facebook страната на Lions Clubs International истражување за тоа која е најчестата причина поради која некој не се вклучува во нашата асоцијација. Одговорот беше мошне едноставен: „Никој не ги поканил!“.

По состанокот сретнав една моја дамнешна пријателка, поранешна членка на Leo клубот Скопје, чиј татко e lion. Во разговорот успеав да ја потсетам на убавото дружење во минатото и да ја убедам повторно да ни се приклучи, сега веќе како lion.

Јас денес поканив 3 нови членови во нашиот дистрикт, кога тоа последен пат го стори некој од вас?

Запаметете нашата асоцијација е толку силна, колку што се силни и бројни нејзините членови!

BE A LION - TOUCH A HEART!

DISTRICT 132 MACEDONIA CALENDAR FOR 2012/2013

Јули (July) 2012
Јули 1:
Предивикот е поставен „Биди Lion – допри го срцето“   
Јули 1:
Краен рок за доставување на годишниoт извештаj за Leo дистриктот (Leo-91)
Јули 1:
Краен рок за аплицирање за фондови од Leo Leadership Grant Program за 2012-2013
Јули 1-21:
Отворање на 5тиот Меѓународен летен младински Lions камп – Отвори ги портите за светите мистерии на Македонија
Јули 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 30 јуни 2012 – преку WMMR
Јули 16:
Краен рок за испраќање на фактурите за полугодишната членарина за Lions Д132 Македонија за 2012/2013 година
Јули 21:
Краен рок за намирување на членарината кон Lions Clubs International за периодот 01 јули – 31 декември 2012 година
Јули 25:
Прво месечно обраќање до сите членови
Јули 25:
Прв број на LION магазинот на македонски јазик
Јули 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Јули 2012 – преку WMMR


Август (August) 2012
Август 1:
Почеток на националниот натпревар за учество на Меѓународниот Lions натпревар по еко-фотографија 2012/2013
Август 3:
Краен рок за аплицирање за Стандарден грант, Core 4 грант и грант за меѓународна помош, за грантовите кои ќе бидат одлучени на октомврискиот Меѓународен борд на директори
Август 5:
Второ месечно обраќање до сите членови
Август 15:
Краен рок за предлагање кандидати за наградата Leo Club Excellence
Август 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 јули 2012 – преку WMMR
Август 15:
Краен рок за испраќање на покана и дневен ред за првиот состанок на Кабинетот на дистриктот за 2012/2013
Август 25:
Втор број на LION магазинот на македонски јазик
Август 31:
Краен рок за поднесување на годишниот извештај за младинска размена и меѓународен младински камп (YCE-510A)
Август 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Август 2012 – преку WMMR




Септември (September) 2012
Месец на борба против дијабетесот
Септември 2-5:
Advanced (Senior) Lions Leadership Institute – 2012 Брисел
Септември 5:
Трето месечно обраќање до сите членови
Септември 6-9:
Европски Lions форум (Брисел)
Септември 12:
Отворање на националниот натпревар за учество на Меѓународниот натпревар за постер на мирот 2012/2013
Септември 15:
Прв состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите за GMT и GLT и претседавачите со зона - Гевгелија
Септември 15:
Прв состанок на Кабинетот на дистриктот - Гевгелија
Септември 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 август 2012 – преку WMMR
Септември 16:
Посета на Lions клуб ШТИП
Септември 20:
Посета на Lions клуб ТЕТОВО
Септември 25:
Трет број на LION магазинот на македонски јазик
Септември 26:
Посета на Lions клуб Скопје ГАЗИ БАБА
Септември 27:
Посета на Lions клуб Куманово ТУМБА
Септември 30:
Краен рок за предлагање кандидати за наградите за Club and District Team Excellence
Септември 30:
Краен рок за плаќање на полугодишната членарина за Lions Д132 Македонија за 2012/2013 година
Септември 30:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Септември 2012 – преку WMMR


Октомври (October) 2012
Месец на борба против слепилото
Октомври 1:
Краен рок за купување на пакет за учество на Меѓународниот натпревар за постер на мирот 2012/2013
Октомври 1:
Посета на Lions клуб Битола КАБАДАЈА
Октомври 2:
Состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите во Кабинетот на дистриктот
Октомври 5:
Четврто месечно обраќање до сите членови
Октомври 5:
Посета на Lions клуб ВЕЛЕС
Октомври 9:
Lions светски ден на видот
Октомври 9:
Посета на Lions клуб Охрид ЛИХНИДОС
Октомври 15:
Меѓународен ден на белиот стап
Октомври 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 30 септември 2012 – преку WMMR
Октомври 16:
Посета на Lions клуб ПРИЛЕП
Октомври 20:
Краен рок за аплицирање за Sight First грант за разгледување на јануарскиот Советодавен комитет за SF
Октомври 23:
Посета на Lions клуб Скопје ВОДНО
Октомври 25:
Четврти број на LION магазинот на македонски јазик
Октомври 29:
Посета на Lions клуб Скопје АЛФА
Октомври 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Октомври 2012 – преку WMMR


Ноември (November) 2012
Месец на стари и изнемоштени лица
Ноември 1:
Завршување на регионалниот дел од националниот натпревар за учество на Меѓународниот натпревар за постер на мирот 2012/2013
Ноември 1:
Краен рок за испраќање на покана и дневен ред за вториот состанок на Кабинетот на дистриктот за 2012/2013
Ноември 5:
Петто месечно обраќање до сите членови
Ноември 5:
Втор состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите за GMT и GLT и претседавачите со зона -  Скопје
Ноември 7:
Посета на Lions клуб БИТОЛА
Ноември 12:
Посета на Lions клуб СТРУМИЦА
Ноември 14:
Светски ден на борба против дијабетесот
Ноември 15:
Краен рок за предлагање кандидати за наградата Top Ten Youth Camp and Exchange Chairperson (YCE-110)
Ноември 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 октомври 2012 – преку WMMR
Ноември 25:
Петти број на LION магазинот на македонски јазик
Ноември 27:
Посета на Lions клуб Скопје ЈУСТИНИЈАН
Ноември 29:
Прогласување на победникот од националниот натпревар за учество на Меѓународниот натпревар за постер на мирот 2012/2013
Ноември 29: (tbc)
ПРВА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Пристигнување на меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН
Ноември 30:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Ноември 2012 – преку WMMR
Ноември 30:
ПРВА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Претседателот ги среќава претседателите - Битола


Декември (December) 2012
Месец на децата
Декември 1:
Краен рок за испраќање на победничкиот постер за учество на Меѓународниот натпревар за постер на мирот 2012/2013
Декември 1:
ПРВА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Втор редовен состанок на Кабинетот на дистриктот - Битола
Декември 1:
ПРВА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Годишен „Црно-бел бал“ – Битола (Година на пријателството помеѓу Обединетото кралство и Македонија)
Декември 1:
Краен рок за испраќање на годишниот извештај за младинска размена и меѓународен младински камп (YCE-1450)
Декември 2:
Акција – Lions-и купија производ плус, купи и ти!
Декември 5:
Меѓународен Leo ден
Декември 5:
Шестто месечно обраќање до сите членови
Декември 5:
Посета на Lions клуб Скопје СВЕТЛИНА
Декември 11:
Посета на Lions клуб ГЕВГЕЛИЈА
Декември 15:
Краен рок за испраќање на победничкиот есеј за учество на Меѓународниот натпревар за есеј за мирот 2012/2013
Декември 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 30 ноември 2012 – преку WMMR
Декември 17:
Посета на Lions клуб Скопје 33
Декември 25:
Шестти број на LION магазинот на македонски јазик
Декември 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Декември 2012 – преку WMMR


Јануари (January) 2013
Месец на гладните
Јануари 5:
Седмо месечно обраќање до сите членови
Јануари 13:
Роденден на Мелвин Џонс
Јануари 14-18:
Недела на LCIF
Јануари 15:
Завршување на регионалниот дел од националниот натпревар за учество на Меѓународниот Lions натпревар по еко-фотографија 2012/2013
Јануари 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 декември 2012 – преку WMMR
Јануари 16:
Краен рок за испраќање на фактурите за полугодишната членарина за Lions Д132 Македонија за 2012/2013 година
Јануари 21:
Краен рок за намирување на членарината кон Lions Clubs International за периодот 01 јануари – 30 јуни 2013 година
Јануари 21:
Посета на Lions клуб Скопје ИДАДИЈА
Јануари 23:
Состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите во Кабинетот на дистриктот
Јануари 25:
Седми број на LION магазинот на македонски јазик
Јануари 28:
Посета на Lions клуб Охрид ДЕСАРЕТИ
Јануари 31:
Посета на Lions клуб КУМАНОВО
Јануари 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Јануари 2012 – преку WMMR


Февруари (February) 2013
Месец на борба против глаукомот
Февруари 5:
Осмо месечно обраќање до сите членови
Февруари 6:
Трет состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите за GMT и GLT и претседавачите со зона
Февруари 6:
Посета на Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН
Февруари 9:
Краен рок за испраќање на покана и дневен ред за третиот состанок на Кабинетот на дистриктот за 2012/2013
Февруари 11:
Посета на Lions клуб РАДОВИШ
Февруари 13:
Краен рок за аплицирање за Стандарден грант, Core 4 грант и грант за меѓународна помош, за грантовите кои ќе бидат одлучени на априлскиот Меѓународен борд на директори
Февруари 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 јануари 2012 – преку WMMR
Февруари 19:
Посета на Lions клуб Скопје ВАРДАР
Февруари 25:
Посета на Lions клуб ПРОБИШТИП
Февруари 25:
Осми број на LION магазинот на македонски јазик
Февруари 28:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Февруари 2012 – преку WMMR


Март (March) 2013
Месец на меѓународната соработка
Март 1:
Краен рок за испраќање на победничката фотографија за учество на Меѓународниот Lions натпревар по еко-фотографија 2012/2013
Март 4:
Посета на Lions клуб Скопје ЦЕНТАР
Март 5:
Деветто месечно обраќање до сите членови
Март 9:
Трет редовен состанок на Кабинетот на дистриктот - Охрид
Март 9:
Посета на Lions клуб Охрид ДЕНИЦА
Март 14:
Национална прослава на Lions денот во Обединетите нации - Меѓународен ден на збратимување на клубови и дистрикти
Март 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 28 февруари 2013 – преку WMMR
Март 20:
Посета на Lions клуб Скопје ФЕНИКС
Март 21-23:
Медитеранска Lions конференција (Љубљана)
Март 25:
Деветти број на LION магазинот на македонски јазик
Март 25:
Посета на Lions клуб Битола ХЕРАКЛЕЈА
Март 30:
Краен рок за плаќање на полугодишната членарина за Lions Д132 Македонија за 2012/2013 година
Март 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Март 2012 – преку WMMR


Април (April) 2013
Месец на Leo клубовите
Април 1:
Упатување на отворен повик до сите клубови и сите членови за учество на 5тата национална конвенција на Lions Д132 МАКЕДОНИЈА
Април 4:
Посета на Lions клуб Скопје ПАЈКО МААЛО
Април 5:
Десетто месечно обраќање до сите членови
Април 5:
Краен рок за испраќање на фактури за конвенциската давачка 2013
Април 6:
Состанок на гувернерот на дистриктот со координаторот за Leo клубови и Советот на Leo дистриктот - Прилеп
Април 8:
Посета на Lions клуб СКОПЈЕ
Април 15:
Краен рок за аплицирање за Стандарден грант, Core 4 грант и грант за меѓународна помош, за грантовите кои ќе бидат одлучени на јунскиот Меѓународен борд на директори
Април 15:
Посета на Lions клуб ОХРИД
Април 15:
Четврти состанок на гувернерот на дистриктот со координаторите за GMT и GLT и претседавачите со зона - Охрид
Април 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 март 2013 – преку WMMR
Април 16:
Посета на Lions клуб Скопје ДЕНАРИУС
Април 21:
Светски ден на воведување во членство
Април 22:
Светски ден на планетата земја
Април 24:
Краен рок за објавување на дневниот ред за 5тата национална конвенција на Lions Д132 МАКЕДОНИЈА
Април 24:
Краен рок за испраќање на покана и дневен ред за четвртиот состанок на Кабинетот на дистриктот за 2012/2013
Април 25:
Десетти број на LION магазинот на македонски јазик
Април 30:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Јануари 2012 – преку WMMR


Мај (May) 2013
Месец на здравјето и движењето
Мај 1:
Краен рок за испраќање на кандидатурите за награди за меѓународно знаме на мирот, билтен, размена на значки и веб-страна на клуб и дистрикт
Мај 5:
Единаесетто месечно обраќање до сите членови
Мај 6:
Посета на Lions клуб Скопје КАЛЕ
Мај 12-18:
Недела на белиот стап
Мај 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 30 април 2013 – преку WMMR
Мај 20:
Посета на Lions клуб Скопје МАКЕДОНИЈА
Мај 20:
Единаесетти број на LION магазинот на македонски јазик
Мај 23: (tbc)
ВТОРА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Пристигнување на меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН
Мај 23: (tbc)
ВТОРА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Welcoming Party – Претседателот ги среќава претседателите
Мај 24:
ВТОРА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Четврти состанок на Кабинетот на дистриктот - Скопје
Мај 25:
ВТОРА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
5та Национална конвенција на Lions Д132 Македонија
Мај 25:
ВТОРА ПОСЕТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ
Гала вечера по повод 5тата национална конвенција на Lions Д132 МАКЕДОНИЈА
Мај 31:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Мај 2012 – преку WMMR


Јуни (June) 2013
Јуни 1:
Краен рок за испраќање на предлози за наградата Leo of the Year (Leo-LOY)
Јуни 5:
Дванаесетто месечно обраќање до сите членови
Јуни 5:
Ден на Хелен Келер
Јуни 5:
Светски ден на животната средина
Јуни 15:
Завршен состанок на Кабинетот на дистриктот
Јуни 15:
Краен рок за известување за направените промени во ченството заклучно со 31 мај 2013 – преку WMMR
Јуни 15:
Дванаесетти број на LION магазинот на македонски јазик
Јуни 20:
Краен рок за пријавување на нови клубови во 2012/2013 година
Јуни 30:
Краен рок за известување за спроведените активности во месец Јуни 2013 – преку WMMR
Јуни 30:
Завршно обраќање до сите членови
Јуни 30:
Специјален број на LION магазинот на македонски јазик по повод крајот на фискалната 2012/2013 година