Saturday, July 14, 2012

THE INTERNATIONAL PARADE OF NATIONS IS THE MOST IMPRESSIVE EVENT OF AN INTERNATIONAL CONVENTION

ПАРАДАТА НА НАЦИИТЕ Е НАЈИМПРЕСИВНИОТ НАСТАН НА ЕДНА МЕЃУНАРОДНА КОНВЕНЦИЈА


На 23 јуни 2012 година во рамките на 95тата Меѓународна конвенција во Бусан, Јужна Кореја се случи најимпресивниот настан од конвенцијата. Неколку илјади луѓе, lions-и како претставници на своите дистрикти, но и држави поминаа пеш приближно 5 километри низ градот и на домаќините им ја демонстрираа моќта на асоцијацијата. Согласно правилата на асоцијацијата, секој од дистриктите може да одлучи да учествува во натпреварувачкиот, односно во ревијалниот дел на парадата, а притоа постои можност сите пријавени учесници да парадираат со подиуми, возила, во национални костуми, со музички групи (парадни оркестри), или пак вообичаено во својата Lions униформа.

Оваа година за прв пат немаше посериозна македонска делегација на конвенцијата и единствениот учесник од нашиот дистрикт бев јас, но затоа пак изборот на гардероба и национални обележја за парадата придонесе да бидам еден од најфотографираните. Доказ за интересот е и фактот дека се појавувам во третото кусо видео кое асоцијацијата го изработи за парадата. Во продолжение следат сите 4 официјални видеа:

International Parade Highlights 1


International Parade Highlights 2


International Parade Highlights 3


International Parade Highlights 4


Резултатите на овогодинешната парада изгледаат вака:
Оркестри: Категорија I – Средни училишта
Прва награда: MD 354-356 КОРЕЈА   “DONG-JU HIGH SCHOOL BRASS BAND”

Групи кои покажуваат синхронизирано танцување и движење
Прва награда: MD 330-337 ЈАПОНИЈА   “JAPAN AWA ODORI BAND TEAM”

Униформирано марширање
Прва награда: MD 330-337 JAPAN
Втора награда: MD 307 ИНДОНЕЗИЈА
Трета награда: MD 404 Нигерија

Втор оддел - натреварувачи

Оркестри
Прва награда: MD 13 ОХАЈО   “GYEONG NAM TECHNICAL HIGH SCHOOL BAND”
Втора награда: DISTRICT 303 ХОНГ КОНГ/МАКАО    “SANGJU TECHNICAL HIGH SCHOOL CONCERT BAND”
Групи кои покажуваат синхронизирано танцување и движење 
Прва награда: MD 105 БРИТАНСКИ ОСТРОВИ И ИРСКА    “IRON BUTTERFLY PIPE BAND”
Втора награда: MD 25 ИНДИЈАНА   “GANGNEUNG GREEN SILVER BAND”

За да го почуствувате амбиентот на парадата, а секако и за да ве предизвикам наредната година да ја посетите конвенцијата и за прв пат да имаме делегација во делот на униформирано марширање ви предлагам да ги погледнете следните фотографии:






















No comments:

Post a Comment