Tuesday, July 24, 2012

I INVITED 3 NEW MEMBERS TODAY!

What's the number one reason why people don't join Lions? Because they have never been asked! When was the last time you asked someone to be a part of Lions?

I INVITED 3 NEW MEMBERS TODAY!

Во насока на исполнување на нашата стратегија „LIONS Македонија 2020“ и мојата програма за работа за 2012/2013 година денес имав средба со претставници на една деловна банка со која зборувавме за можностите за соработка и имплементација на еден од годинешните Signature проекти. Бев изненаден од претприемчивоста на „банкарите“ (барем овие со кои денес се сретнав) особено поради фактот дека проектот навистина ми лежи при срце и би сакал да го видам реализиран и институционализиран во рамките на дистриктот за наредните години. Средбата заврши успешно, а за резултатите ќе има опширно известување во августовското директно обраќање до сите членови, како и во соодветниот број на LION магазинот на македонски јазик.

Бидејќи на состанокот имаше навистина пријателска атмосфера, а моите соговорници имаа желба да слушнат и разберат нешто повеќе за Lions Clubs International во текот на целата дискусија вклучував едукативни елементи и општи, но сепак многу важни информации за асоцијацијата. На крајот, кога заминав од зградата веќе имав двајца потенцијални членови кои во догледно време ќе се придружат на два наши клубови и ќе и служат на заедницата. Вечерва пак, прочитав на facebook страната на Lions Clubs International истражување за тоа која е најчестата причина поради која некој не се вклучува во нашата асоцијација. Одговорот беше мошне едноставен: „Никој не ги поканил!“.

По состанокот сретнав една моја дамнешна пријателка, поранешна членка на Leo клубот Скопје, чиј татко e lion. Во разговорот успеав да ја потсетам на убавото дружење во минатото и да ја убедам повторно да ни се приклучи, сега веќе како lion.

Јас денес поканив 3 нови членови во нашиот дистрикт, кога тоа последен пат го стори некој од вас?

Запаметете нашата асоцијација е толку силна, колку што се силни и бројни нејзините членови!

BE A LION - TOUCH A HEART!

No comments:

Post a Comment