Sunday, July 22, 2012

FIRST MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во новата фискална година и пред новите предизвици! На истекот на минатата година усвојувајќи го стратегискиот документ „LIONS Македонија 2020“ презедовме обврска на нашата организација да и дадеме нов фокус, нова димензија и нов начин на работа. Презедовме обврска движењето да го доближиме на секој граѓанин, а управувањето со организацијата на секој клуб и член. Оттаму, ова мое директно обраќање треба да претставува алатка за исполнување на преземените обврски и на дадените ветувања. Сепак се надевам дека ова директно обраќање ќе го чуствувате како допис од ваш пријател, како извештај или потсетник, и секако како информатор. Концептот на обраќањето е да не потсети на програмата и очекувањата во наредниот месец, секако да не извести за успесите од месецот кој изминал. Искрено се надевам дека во моето последно директно обраќање на крајот на јуни следната година ќе можам да погледнам наназад и да кажам дека очекувањата и програмата биле исполнети благодарение на нашата работа, односно, ветувањата дадени пред преземањето на функцијата гувернер на дистриктот за 2012/2013 година се исто така исполнети.

Во годината што претстои ќе се грижиме за децата и младите, но ќе се грижиме и за нашиот подмладок. Зашто само така ќе ја обезбедиме иднината!
Два од нашите signature projects за оваа година се посветени токму на децата и младите: „Исполнуваме желби“ и „Создаваме свест за култура и животна средина“, а во третиот „Одбележуваме јубилеи“ (5 години; 15 години; 95 години) подеднакво се грижиме за подмладокот, но и за нашите постари. Аплицирајќи за Community Partnership грант во рамките на програмата Lions Quest не само што ќе ја донесеме програмата во нашиот дистрикт и во државата, туку и ќе придонесеме за социјалното и сервисно образование на нашите најмлади. Конечно за децата и младите ќе се грижиме имплементирајќи ги и меѓународните програми за Peace Poster Contest и Peace Essay на тој начин зајакнувајќи го присуството на Македонија и нашиот дистрикт дополнително на картата на Lions Clubs International.

Во годината што претстои ќе имплементираме повеќе меѓународни програми. Зашто само така ќе го зајакнеме присуството на дистриктот и Македонија во Lions Clubs International!
Покрај имплементацијата на Peace Poster Contest и Peace Essay, ќе се потрудиме во годината во која прославуваме 15 години Lions Clubs International во Македонија и 5 години Lions Дистрикт 132 Македонија да овозможиме што повеќе клубови да учествуваат во програмата International Twinning, односно дистриктот преку истата програма да се збратими со барем 5 други дистрикти или мулти-дистрикти.

Во годината што претстои ќе комуницираме за да ја информираме заедницата, но и нашите членови и на тој начин да го направиме LIONS поблизок до граѓаните, а дистриктот поблизок до членовите.
Дистриктот веќе имплементира проект за информирање преку изработка на веб-страница и портал, а има и своја профил страница на социјалната мрежа Facebook на која покрај дистриктот за своите активности ќе можат да известуваат и да поставуваат фотографии и клубовите. Наскоро светлото на денот ќе го видат и првиот број од нашиот „LION“ магазин на македонски јазик, а во насока на транспарентност и отчетност веќе го започнав својот „Дневник на гувернерот на дистриктот за 2012/2013“ во форма на блог.

Нашиот меѓународниот претседател вели: “In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години. Нашата организација е мрежа на повеќе од 46.000 клубови ширум светот, а секој од клубовите активно се грижи за својата заедница. Можеби нашите членови се од различни култури и средини, но сите споделуваат една заедничка вредност, мотото СЛУЖИМЕ. Lions-ите ги комбинираат својата посветеност, подготвеност и тимската работа во постигнувањето на извонредност (Club Excellence Award).
ПОСВЕТЕНОСТ Lions-ите служат онаму каде што е потребна помош. ПОДГОТВЕНОСТ Lions-ите го проверуваат постојано својот успех и го одржуваат нивото на ентузијазам и енергија (Pit Stops). ТИМСКА РАБОТА - Lions-ите исклучително високо го вреднуваат тимското работење.

Надополнувајќи го меѓународниот претседател, би го посочил Аристотел кој рекол „Човекот е резултат на она што постојано го прави. Оттаму, извонредноста не е исклучот, туку навика.“  Поради сето ова, но и поради многу повеќе мојот предизвик за вас годинава е, ако сме lions-и, тогаш да бидеме извонредни; да помагаме директно за да допреме во срцето; да правиме едноставни добри дела, зашто тие допираат во срцето; да ја вратиме насмевката на лицето на децата, зашто само така ќе знаеме дека сме допреле во срцето; да одгледаме свесни и одговорни млади, зашто само такви ќе ни помогнат да продолжиме да допираме во срцето.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

No comments:

Post a Comment