Monday, December 31, 2012

HAPPY HOLIDAYS (BE A LION - TOUCH A HEART)

Драги lions-и,

Полека навлегуваме во сезоната на празници. Дојде времето да се потсетиме на убавините на изминатата година и да ги изброиме благослови кои ги добивме во оваа година.
Со мојата сопруга, оваа 2012 година го добивме најголемиот подарок на светот. Оваа година, заедно со вас активно и служиме на заедницата и споделуваме време со саканите членови lions-и; учествувавме на нашата национална конвенција; се среќававме и дружевме на состаноците на клубовите, на волонтерските акции, на забави и charter вечери; патувавме заедно во низ Македонија и ширум Светот (Виена и Брисел); споделувавме професионални, лични и lions успеси и моменти на среќа. Со други зборови, бевме среќни што го поминавме времето со секој lion!
Ако ова досега беше одлична година, ако ова полугодие беше полугодие на нови успеси, тогаш наредниот период нека биде исполнет со РЕКОРДИ!
Се надевам дека вагајќи ги своите благослови паланзата ви е преполна со успеси.

За Новата 2013 година ви посакуваме за подарок вера, за благослов надеж, а за мир љубов.

Искрено ваши,
гувернер на дистриктот Андреја Стојковски со семејството



No comments:

Post a Comment