Sunday, December 16, 2012

LION KING IN ACTION - IP MADDEN INDUCTS AMBASSADOR YVON


На безмалку еден час пред почетокот на годинешниот 6ти традиционален Црно-бел Бал на средба со пијачка во хотелот БЕЛАТА КУЌА во Битола заедно со дел од моето клубско членство (Даница Дончовска и Александар Зафироски), офицерите на дистриктот (Небојша Давидовски и Слободан Вукичевиќ) и нашите меѓународни гости (Фил и Хајди-Ен Нејтан, Филип и Џеки Гудиер, Брајан и Маргарет Рајли), како и меѓународниот претседател и неговата сопруга (Вејн и Линда Меден) го пречекавме амбасадорот  на Обединетото Кралство и неговата сопруга (Кристофер и Анет Ивон). Се разбира, во сето ова водени од премисата „Претседателот не смее да чека!“, идејата беше претседателот и неговата сопруга да пристигнат последни на балот и да го означат почетокот на овогодинешната забава.

Атмосферата беше повеќе од пријателска и отворена, присутни веќе беа во своите свечени облеки во црна, бела или црна и бела боја, и се разбира подготвени за прекрасна вечер. Се зборуваше за пријателството, филантропијата, за подарувањето, но и за многу други работи, точките на пријателство помеѓу Обединетото Кралство и Македонија и за можностите за продлабочување на тоа пријателство.

По првата здравица, запознавањето и меѓусебното дружење, дојде моментот кој некои од нас го очекуваа. Амбасадорот Кристофер Ивон ја прифати поканата на Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century да биде дел од истиот. Во присуство на сите високи гости, како и на еден дел од клубското членство го замолив меѓународниот претседател да ја води церемонијата за воведување во членство. Знам дека обајцата имаа посебна чест, а сите ние неизмерно задоволство од придобивањето на уште еден член во клубот, односно во асоцијацијата.

Водејќи ја церемонијата, меѓународниот претседател МЕДЕН, вели: „Амбасадоре Ивон, Кристофер, да се биде дел од Lions Clubs International претпоставува повеќе обврски за членот. Членството има повеќе значења:
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се биде дел од најголемата асоцијација на сервисни клубови во светот.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да и се служи на заедницата без оглед каде се наоѓате.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се биде активен член во клубот во кој припаѓате.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да  се подарува нешто свое, дури и тогаш кога немаме отповеќе.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се оддели дел од своето време, да се впрегнат сите знаења и вештини во полза на заедницата на која и се служи.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се донираат своите контакти со цел успех во служењето.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се почитуваат статутот и правилниците на својот клуб, на дистриктот и уставот на меѓународната асоцијација.
    • Да се биде дел од Lions Clubs International значи да се плаќа членарината кон асоцијацијата, како и сите други давачки кои клубот или дистриктот ќе ги наметнат.
Дали ги прифаќаш овие обврски кои произлегуваат од членството? По потврдниот одговор, следуваше: „lion Кристофер Ивон, носи го со гордост ова одбележје на твоето членство во оваа асоцијација“ и му ја додели значката со која се означува членството.

Следуваше уште еден протоколарен дел во кој изразувајќи го своето задоволство од зачленувањето во асоцијацијата, меѓународниот претседател МЕДЕН на lion Кристофер Ивон му подари часовник и една од неговите лични вратоврски. За возврат, lion Кристофер Ивон на меѓународниот претседател и на мене ни подари кристал изрежан во форма на дијамант со холограмски портрет на НВ Кралицата Елизабета Втора во чест на нејзиниот дијамантски јубилеј.

Конечно, во одговор, секако во знак на благодарност за поддршката за овој 6ти Црно-бел Бал, како и за нашата досегашна соработка  и јас имав неколку пригодни подароци за гостите - предмети од охридски бисери во изработка на lion Михајло Филев. На lion Кристофер Ивон и на Анет Ивон, еден пар машки копци за кошула со гравура на логото на меѓународната асоцијација и обетки. Истиот подарок, пар машки копци за кошула со гравура на логото на меѓународната асоцијација од охридски бисер и за Фил Нејтан и Филип Гудиер.

За високите гости од мултидистриктот 105 тоа секако беше прв предмет изработен од охридски бисери, а според зборовите на Кристофер: „во множеството на предмети од охридски бисери во нивниот дом, тоа е првиот што тој ќе може да го носи“.

Monday, December 10, 2012

HONORING OUR FELLOW LIONS



Вториот состанок на Кабинетот на дистриктот беше моментот кој барем во присуство на меѓународниот претседател моравме да го искористиме за да им заблагодариме на заслужните членови за нивниот ангажман, посветеноста и иновативноста. Најнапред на lion Звонимир Цветановски со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за трудот кој го вложува во развојот на лидерство во дистриктот, за изградената структура и успесите во досегашниот период во обука на клубските и дистрикт раководството.

Следуваше lion Брајан Рајли на кој со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за неговото пријателство и за трудот кој го вложува во правењето на одделни клубови од нашиот дистрикт да бидат исклучителни, а нивните членови вистински lions-и. Воедно, по меѓународниот претседател, јас му реков: „Брајан, ако не беше онаа наша комуникација и случајноста пред неколку години, немаше воопшто да те запознаам. Сношти броевме колку пати досега си бил во Македонија, а јас знам дека секогаш кога доаѓаш неуморно работиш со нашите клубови. Моето пријателство ќе го имаш засекогаш, а сега ја имаш и мојата благодарност.“ Тогаш му доделив District Governor's Appreciation Medal.

Претпоследен во оваа група беше lion Марјан Талев кој од сите зонски претседавачи се истакнува со квалитет и упорност на вистински лидер, ментор, соработник, пријател. Бидејќи е модел, бидејќи од него треба да учат и да се угледуваат другите, меѓународниот претседател на моја препорака му додели International Leadership Medal.


Конечно, последниот во групата не е последниот на кој се сеќаваме, туку напротив првиот кој го споменуваме. Нашиот прв гувернер на дистриктот, lion Небојша Давидовски, затоа што, со зборовите на меѓународниот претседател, „беше одличен ментор на сите наредни гувернери“ му додели International President's Medal.
Сум го видел Небојша израдуван и друг пат, но никогаш повеќе изненаден. Се разбира среќен бев и јас. Последните, наградите, ме израдуваа исклучително многу секоја поразлично од другите.

SECOND DISTRICT CABINET MEETING


На 01 декември 2012 година, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола се одржа средба во проширен состав на Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот. На средбата на која присуствуваа и меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН, поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН, поранешните претседавачи на совет на гувернер на мулти дистрикт 105 Брајан РАЈЛИ и Филип ГУДИЕР се работеше според следниот дневен ред: 


1. Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013 година - 10 минути

    • Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 14 ноември 2012 година. 

Во извештајот кој го презентирав пред сите присутни истакнав дека се од одржувањето на овој состанок во дистриктот функционираат 39 клубови и 940 членови, што е мал пад во однос на почетокот на годината и во однос на економската криза која ја погоди државата.
Кога станува збор за активностите, посочив дека е забележан пораст на активностите, како и пораст на вложеното волонтерско време за спроведувањето на истите. Како за споредба, на крајот на минатата година беа имплементирани 126 активности со приближно 6000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 100.000,00 долари. Оваа година, за само три месеци имплементирани се 106 активности со приближно 5000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 40.000,00 долари.
Клубовите редовно одржуваат состаноци, а во досегашниот период имав можност да посетам дел од нив на нивни редовни средби, прослави, настани и сл. Зонските претседавачи, исто така, редовно одржуваа средби со клубовите, а некои од нив ги свикуваа и Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот за што постојат и писмени белешки. Во претстојниот период ќе продолжи истиот начин на работа, а на средбите на советодавните комитети ќе учествуваат и вице-гувернерите на дистриктот.

2. Годишна програма за 2012/2013 - 25 минути; 

    • Состојба со реализирани активности и постигнати цели за годината 2012/2013.
  • Извештаи од: Региските претседавачи (3 минути)
Елизабета Србиновска-Костовска (Исполнуваме желби) - Во нејзино отсуство известив дека подготвена е платформа за соработка со бизнис заедницата и финансиска конструкција со која ќе може да се започне со работа на фондот во текот на Јануари 2013 година. Предвидено е проширување со дополнителни донации и учесници во фондот, а до крајот на годината ќе се работи само со Детската клиника во Скопје.

Слободан Вукиќевиќ (Прославуваме јубилеи) - Извести дека спроведувањето на проектот е во тек, а досега има неколку клубови кои се вклучени во истиот. Активноста најчесто оди директно од самите клубови, а структурата за координација допрва ќе започне да ги покажува вистинските резултати.
Михајло Ширгоски (Меѓународна програма на активности) - Укажа дека оваа година се преземаат повеќе активности во речиси сите меѓународни програмски активности на LCI. Завршен е националниот натпревар за Peace Poster, во завршна фаза е и оној за есеј, а се подготвува конечната имплементација и на уште неколку други програми. Показател за успешноста е дека за натпреварот за Peace Poster каде имавем очекувања да имаме 50 учесници, добивме дури 150 пријави.
Љубица Ангелкова-Манговска (Комуникации) - Напомена дека годинава се прават многу активности за подобрување на состојбата на комуникациите, а пример се месечните обраќања, магазинот и другите форми на комуницирање. Она што недостига на дистриктот мора да биде надминато во текот на следниов период, а тоа е подготовка и објавување на целосен адресар на сите членови, како и монографија со која ќе се одбележат двата јубилеи 15 и 5 години Lions Clubs International во Македонија и Lions дистрикт 132 Македонија. 

  • Одделни координатори во кабинетот на гувернерот (2 минути)
Александар Зафироски - Lions Quest - Извести дека по добивањето на грантот за партнерство со Меѓународните училишта НОВА се очекува обуката на наставниците на 14-15 декември 2012 година и потоа почеток на имплементацијата на проектот во следниот семестар. Дополнително се прават обиди да се прошири проектот со вклучување на други училишта и од јавното образование.

Марина Свиличич - LCIF - Извести дека одлучила да направи измена на досегашната стратегија за работа. Сега веќе активно ги посетува клубовите во кои ја презентира фондацијата и се промовираат можностите за проектни апликации. Според неа постојат најави за уште неколку нови проекти кои целосно ќе ја исполнат, дури и ќе ја надминат квотата дозволена за еден дистрикт, а веќе е поднесена една апликација од Lions клубот СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН.
Гоце Бурзевски - Младинска размена - Извести дека е подготвена програма за младинска размена која во наредната година ќе опфати 12 млади од странство, односно повеќе од 30 млади од Македонија. Според програмата младите од странство ќе престојуваат во Скопје, Битола и во Охрид, а ќе имаат можност да посетат и други градови и да видат дел од природните убавини на Македонија. Дополнително ќе биде подготвена сеопфатна презентација која на членството ќе му биде понудена во наредниот број на LION магазинот на македонски јазик.
Јулија Пишпецка - LION магазин - Потсети дека досега се објавени 4 броеви на LION магазинот на македонски јазик, а во подготовка е 5тиот. Во досегашните изданија третирани се различни теми, а секогаш имало и различни учесници автори, автори на фотографија и соработници.
Емил Лазаревски - International Twinning - Извести дека има направен план според кој ќе може да се влезе во реализацијата на оваа активност. Целта е барем 5 збратимувања на ниво на клубови, односно дистрикт. Финализирањето на оваа активност ќе се случи во текот на месец март 2013 година. 

3. Обраќање на меѓународните гости - 40 минути; 
Во овој дел се случи обраќањето на Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН кој на присутните им зборуваше за повеќе теми. Најнапред во своето обраќање, меѓународниот претседател се осврна на тимската работа и користа од истата, како и на развојот на членството при што спомена дека во досегашниот период забележан е пораст од приближно 12.000 нови членови. Зборувајќи за активностите укажа дека во рамките на неговата кампања за промоција на читањето и борба против неписменоста успешно се реализирани дури 30.000 активности ширум светот. Претседателот не потсети на Club Excellence Award и на условите за нејзиното добивање, а објасни и за можностите кои ги нуди LCIF и другите програми за активирање на клубовите и служење на заедницата. Тој на крајот ги предизвика сите присутни во годината во која зборуваме за служењето во светот или за светот на служењето да се вратиме во своите заедници и да помогнеме преку служењето да се променат, односно да продолжиме да го споделуваме духот на служењето со другите членови на асоцијацијата. Неговите последни зборови беа: „До гледање во Скопје, во мај 2013 година!“

4. Доделување на награди и признанија - 10 минути; 
Ова беше моментот кој меѓународниот претседател го искористи на сите присутни раководители да им подари знаме на пријателството, своја значка и шал за дамите, односно вратоврска за господата. Откако го стори тоа им заблагодаривме на Центарот за култура од Битола за отстапениот простор и опремата, а на директорот lion Борче Димитровски му подари знаме на пријателството.
На крајот на сите им објаснивме дека ова е моментот во кој на заслужните членови треба да им кажеме благодарам за нивниот ангажман, посветеноста и иновативноста. Најнапред на lion Звонимир Цветановски со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за трудот кој го вложува во развојот на лидерство во дистриктот, за изградената структура и успесите во досегашниот период во обука на клубските и дистрикт раководството.
Следуваше lion Брајан Рајли на кој со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за неговото пријателство и за трудот кој го вложува во правењето на одделни клубови од нашиот дистрикт да бидат исклучителни, а нивните членови вистински lions-и. Воедно, по меѓународниот претседател, јас му реков: „Брајан, ако не беше онаа наша комуникација и случајноста пред неколку години, немаше воопшто да те запознаам. Сношти броевме колку пати досега си бил во Македонија, а јас знам дека секогаш кога доаѓаш неуморно работиш со нашите клубови. Моето пријателство ќе го имаш засекогаш, а сега ја имаш и мојата благодарност.“ Тогаш му доделив District Governor's Appreciation Medal.
Претпоследен во оваа група беше lion Марјан Талев кој од сите зонски претседавачи се истакнува со квалитет и упорност на вистински лидер, ментор, соработник, пријател. Бидејќи е модел, бидејќи од него треба да учат и да се угледуваат другите, меѓународниот претседател на моја препорака му додели International Leadership Medal.
Конечно, последниот во групата не е последниот на кој се сеќаваме, туку напротив првиот кој го споменуваме. Нашиот прв гувернер на дистриктот, lion Небојша Давидовски, затоа што, со зборовите на меѓународниот претседател, „беше одличен ментор на сите наредни гувернери“ му додели International President's Medal.

Сум го видел Небојша израдуван и друг пат, но никогаш повеќе изненаден. Се разбира среќен бев и јас. Последните, наградите, ме израдуваа исклучително многу секоја поразлично од другите, а фактот дека успеав во намерата ова да не биде монолог состанок ме воодушеви.

5. Разно - 5 минути. 
Под точката разно немаше дискусија, па на присутните им дадовме можност да уживаат на денот и да се придружат на многуте акции кои ги спроведуваа нашите клубови во градот.

Saturday, December 8, 2012

LION KING VISITING MACEDONIA

Во посета на нашиот дистрикт, како меѓународен претседател и, за прв пат во текот на оваа година дојде нашиот долгогодишен пријател Вејн А. МЕДЕН со својата сопруга Линда МЕДЕН. По неколку дневен престој во Австралија и речиси 30 часовниот лет преку Бангкок, Франкфурт и Виена гостите пристигнаа во Скопје во четврток, 29 ноември 2012. Откако ги пресретнавме со секретарот на кабинетот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и попатно ги оставивме нивните (пре)многу торби во хотелот АРКА, заминавме со гостите на ручек во ресторанот „Стара градска куќа“. На ручекот со избор на традиционална македонска храна од долгата листа на специјалитетите на куќата ни се придружија во посакување на добредојде група на македонски lions лидери кои заедно со гостите имаа можност да позборуваат за нашите активности, но секако и за нивните очекувања од посетата.
Откако завршивме со ручекот, гостите заминаа на заслужениот одмор пред официјално да започнеме со агендата на нивниот престој и средбата со Министерот за надворешни работи, Н.Е. г. Никола Попоски. На средбата која се одржа во просториите на новото Министерство за надворешни работи присуствуваа и lion Абдулкадар Мехмеди, во својство на политички директор во Министерството, како и Горица Атанасовска-Ѓоревска, шеф на кабинетот на министерот. Меѓународниот претседател и министерот Попоски зборуваа за мрежата на асоцијацијата, за меѓународните проекти, за помошта што ја укажува нашата асоцијација на слепите, на болните од сипаници, на дијабетичарите итн. Зборува, секако и за поддршката на младите и програмите како Lions Quest, младинска размена и Leo клубови. Од друга страна, на министерот му беше посочено што е она што може нашата асоцијација и секако клубовите во државата да го направат за локалната заедница и за остварувањето на националните интереси. На крајот на средбата, меѓународниот претседател во знак на благодарност за средбата на министерот Попоски му подари плакета со минатогодишниот победник на натпреварот за Peace Poster и со зборовите „сега веќе сме пријатели“ негово знаме на пријателството, а на lion Абдулкадар Мехмеди една од неговите вратоврски и знаме на пријателството.
  
Вечерта, во периодот 20.30 – 21.30 меѓународниот претседател и г-ѓа Меден учествуваа на волонтерска активност од меѓународната кампања ЧИТАЊЕ ВО АКЦИЈА со Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century (#84018) во куќата број 4 од СОС-ДЕТСКОТО СЕЛО. Пријатна атмосфера, радост на лицата на штитениците во куќата, возбуда кај мајката. Но, возбуда и кај учесниците од клубот, малкумина се нашле во улогата на родител-едукатор, а овие деца и оваа активност го бара токму тоа. Со свежи колачи, книгите во рака и добрата намера сите lions-и влегоа во куќата. Таа вечер за штитениците беа читани дела на Пабло Неруда, Оскар Вајлд, Петре М. Андреевски, дури и од „Писмата до моите ќерки“ на Барак Обама, претседателот на САД. Подоцна, дури и децата извадија дел од своите книги и учествуваа во акцијата, а неколку редови прочита и претседателот Меден. Наредните средби за читање ќе се случуваат на 10, односно на 12 декември 2012, а децата ги побараа своите гости: Дарко ИЛИЕВСКИ, Перо АНТИЌ или Шенка КОЛОЗОВА. Задоволни од учеството во акцијата, со совети како да го подобриме работењето и имплементацијата на оваа активност, заминавме со меѓународниот претседател и г-ѓа Меден, сега веќе на нивниот одамна заслужен одмор.

Наредниот ден, петок, 30 ноември 2012, денот го започнавме со посета на студиото на КЛУБ ФМ радио каде што се сретнавме со lion Ѓоре САВЕВ од Lions клубот Скопје ЈУСТИНИЈАН, еден од сопствениците на радиото. Откако ни посака добредојде, Ѓоре не запозна со нашата домаќинка за утрото, уредничката Маргарита Столевска која го водеше интервјуто со нашиот претседател. Инаку, колку за информација, Lions клубот Скопје ЈУСТИНИЈАН и КЛУБ ФМ радио ќе реализираат радио програма за промоција на читањето и писменоста со продукција на емисија во која членовите на клубот ќе читаат заедно со други познати личности од државата. Се задржавме повеќе одошто имавме утврдено време, веќе доцневме на следниот настан, но вредеше. Интервјуто беше прекрасно, се зборуваше за многу работи, важни за асоцијацијата, за меѓународната програма и секако за меѓународниот претседател.

Од радиото, сериозно задоцнети заминавме на следната волонтерска активност од кампањата за ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ, но и од кампањата ЧИТАЊЕ ВО АКЦИЈА. Овој пат бевме гости на Lions клуб Скопје СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (#61061) во Заводот за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Интересно осмислена активност, како и секогаш lion Гоце (George) Бурзевски се надмина себе си, штитениците на заводот го обработија менито на DOMINO'S PIZZA и го отпечатија во браево писмо. Не чекаа од нас награда, самите ја порачаа својата пица и со насмевки и изненадување на брзата услуга ја поделија со останатите другарчиња. Во меѓувреме, сите присутни членови на клубот, на меѓународниот претседател и на г-ѓа Меден им ја покажаа нивната традиционална и долгорочна активност во Заводот, како и нацртот на проектот за последниот повик на нашата фондација.
Кога Господ ни одзема едно сетило, ги засилува останатите, она што можевме да го видиме во керамичката работилница на Заводот и клубот СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН беше извонредно. Обата гости заминаа среќни и задоволни, а добија и неколку ситници за спомен на нивната посета.
Мирисот на вкусната пица, одминатото време не натера да го одложиме тргнувањето за Прилеп и Битола. Се разбира, дури и да сакавме, немаше никаква можност веднаш да тргнеме „возот од Индија“ се уште не беше натоварен. Кебапчилница 5ка беше нашата следна дестинација, кус одмор, вкусна храна, добро друштво и можност за кус разговор со поранешниот гувернер на дистриктот Небојша ДАВИДОВСКИ. Претходно, во четири очи малу договори со претседателот за натамошниот дел од посетата, а потоа знаејќи дека е така најдобро ги оставив гостите во друштво на Небојша.

За Прилеп тргнавме речиси во 13.00 часот. Знаев дека нема да можеме да стигнеме навреме, сепак, не бев премногу загрижен позитивноста на претседателот во неговите средби ќе не оправда. По пат, во неколку наврати разговаравме со нашиот домаќин кој не очекуваше, lion Пеце Петрески од Lions клубот ПРИЛЕП. На влезот на градот добивме инструкции веднаш да се упатиме кон зградата на општината, не очекувал и градоначалникот Маријан РИСТЕСКИ. Следуваа протоколарни муабети, се зборуваше за активности, за меѓународната асоцијација, за локалните клубови, соработката... Градоначалникот од друга страна го претстави градот и неговото искуство со клубот во Прилеп, а зборуваше и за културните настани кои ги организираат. Се разбира, фокусот беше ставен на фестивалот на пивото и карневалот. На крајот на средбата, размена на подароци, претседателот на градоначалникот плакета со минатогодишниот победник на натпреварот за Peace Poster, знаме на пријателството и една од неговите вратоврски. Откако претходно му дошепнав дека портокаловата е партиската боја на градоначалникот, додаде „Се надевам дека ќе ви одговара оваа вратоврска и за вашите партиски активности, слушнав дека портокаловата била ваша боја.“
Откако заврши протколарната средба, имавме сосем куса закуска со неколку од членовите на клубот. Ќе останевме уште многу подолго, ако претходно не добив порака „Немојте ни случајно да задоцните, сите сме на местото на настанот и ве очекуваме!“ во потпис „чичко Драги“. Довозевме до Битола и веднаш во НУ Завод и музеј на Битола каде што сите членови на Lions клубот БИТОЛА, многу граѓани, дел од членството на Сојузот на слепи лица од Битола, претставници на музејот и нашите гости од мулти дистриктот 105.
Со мало задоцнување пристигнавме на волонтерска активност - ДОНАЦИЈА ЗА МУЗЕЈОТ НА БИТОЛА и активност од кампањата ЧИТАЊЕ ВО АКЦИЈА на Lions клубот БИТОЛА (#99545). На акцијата почесно место имаа lion Весна ЃОРШЕВСКА-ПАЛМЕР и lion Жико КАЛПАКОСКИ како донатор, односно претседател на Lions клубот БИТОЛА. Во чело на сите гости донацијата, повеќе од 200 години стар египетски кревет со балдахин со мошне интересна приказна. Покрај донацијата lions-ите читаа од делата на Ацо ШОПОВ, читаа за „Чудесна Македонија“, читаа од сопственото срце за членовите на Сојузот на слепи лица од Битола, а на крајот и јас ја прочитав својата песна од Шопов и потоа на присутните им се обрати меѓународниот претседател МЕДЕН. Продолжи ноќта на музеите, водичите беа подготвени на сите присутни да им ги раскажат и најмалите тајни за секој експонат, за секое ќоше на прекрасната зграда на некогашната кадетска школа во која учел и Мустафа Кемал - Атататурк.

Преполнетиот ден заврши со најпријателската софра и во најпрекрасното друштво. Секој си ја доби својата задача и придонесе на некаков начин, а гостите беа навистина одбрани: IP Вејн А. Меден и Линда Меден, PID Фил Нејтан и Хајди-Ен Нејтан, PCC Брајан Рајли и Маргарет Рајли и PCC Филип Гудиер и Џеки Гудиер. На македонската страна: Драги Филевски и Силвана Филевска, Љубица Ангелковска-Манговска и Зоран Манговски, Марјан Талев и Мими Талева, Давор Каракашев и Ирена (наскоро Каракашева) Бачановиќ и јас и Жижи Костовска-Стојковска. Отсуствуваа само малиот Алексеј Стојковски кој сонуваше и растеше во хотелот БЕЛАТА КУЌА под будното око на неговата nanny Марјана Стојковска. Пријатни разговори проследени со врвно македонско вино и вкусна храна подготвена од вештите раце на силната македонска делегација за целосно уживање, а доцна во ноќта на заслужен одмор. Конечно, утре е нов ден и бара од нас целосна посветеност.

Саботата, 1 декември 2012, започна многу рано, веројатно прерано за уморот на сите вклучени во неа. Веднаш по појадокот, заедно со Марјан Талев заминавме со меѓународниот претседател и со г-ѓа Меден на разгледување на отворениот дел на археолошкиот локалитет ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС.  Воодушевени од она што го гледаат и секако од она што го слушнаа, обајцата Меденови изговорија во еден миг „Кога ќе го споредам ова што го слушам со историјата на САД... Само 200 години државност...“ По разгледот на локалитетот, во сабота традиционално на кафе на Широк Сокак и подготовка за состанок, а дамите во заслужениот шопинг и уживање во она што Битола може да го понуди.


Откако заврши состанокот, во периодот помеѓу 13.30 и 14.30 сите присутни беа повикани и учествуваа на волонтерската активност организирана од Leo клубот Битола АЛФАLeo клубот Битола КАБАДАЈА и Lions клубот Битола КАБАДАЈА (#105516), а за одбележување на СВЕТСКИот ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА под мотото „Сидата чини цел живот, а кондомите само 100 денари“ која се одржа на Широк Сокак. Многу насмеани лица, по некој засрамен минувач кој се обидува да го скрие кондомот кој го добил од нашите Leo-вци, небаре е нешто срамно и многу lions-и кои беа дојдени да им честитаат на најмалите на нивата активност.

Денот имаше уште многу време до крајот, а нашите преморени нозе бараа одмор.

MEETING AT THE BEAUTIFUL LAKE

Кон средината на ноември, во отсуство на активност на зонскиот претседавач организирав средба на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот за зоната Охридска.
На состанокот учествуваа претставници (претседател или потпретседател, секретар, друг член на Бордот на директори) на 5 клубови: ОХРИД; Охрид ДЕСАРЕТИ; Охрид ЛИХНИДОС; Охрид ДЕНИЦА, како и на клубот од СТРУГА, а имасе присутни и други lions-и, како и членови на Кабинетот на дистриктот кои доаѓаат од овие клубови.
Во отсуство на класичен дневен ред, со присутните зборувавме за потребата од служење на заедницата, административна работа на клубовите, но и во клубовите, проблемите со кои клубовите се соочуваат и сл. Од дискусијата произлегоа неколку заклучоци за кои информирам подолу поврзано со областа на која и припаѓаат.

СЛУЖЕЊЕ НА ЗАЕДНИЦАТА:
На состанокот беше изнесена проектна идеја од Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС за поврзување помеѓу македонските и турските клубови во туристичко одбележување на нашата држава, а секако во врска со потеклото и патешествијата на Мустафа Кемал - Ататурк. Клубот ќе ја образложи својата идеја на Националната конвенција, а за истата ќе биде предложена и резолуција. При формулирањето на резолуцијата и нејзиното процесирање до Националната конвенција, односно претходно до Кабинетот на дистриктот ќе бидеме на располагање заедно со Секретарот на кабинетот.

АДМИНИСТРАТИВНА РАБОТА:
Беше потенцирано дека комуницирањето со LCI преку WMMR и Activity Report го покажува клубот како административно жив. Иако не е суштинско, сепак, воочувањето на недостаток на ваква комуникација укажува на одредени проблеми во клубовите. Постојаното комуницирање на клубовите и нивната меѓусебна соработка ќе придонесе кон здравата конкуренција. Препорачав клубовите да го прифатат предизвикот и да ги комуницираат своите активности, не само преку Activity Report  туку и преку LION магазинот на македонски јазик со цел да известат, да прикажат дека работат, односно да ги мотивираат другите клубови.

ПРОБЛЕМИ НА КЛУБОВИТЕ:
Ако меѓусебната комуникација и дружењето ги прескокнам, тогаш основен проблем е постојаноста и активноста на членството. Заморот на членовите и нивната неактивност го ослабуваат клубот, а се манифестираат и во неплаќање на членарините. Финансиите се следниот проблем за кој мора да се изнајде соодветно решение кое ќе се примени кај проблематичните клубови.
Заклучивме дека Благајникот на кабинетот ќе ги прифати сите известувања од клубовите со цел ажурирање на листата на долгови на клубовите. Клубовите ќе известат со своите потврди за извршени уплати!
Вториот предлог изнесен на состанокот, а кој бара правно ресавање и резолуција на Националната конвенција беше единечното плакање на сите долгови кон LCI за сите клубови од страна на дистриктот. Повторно, Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС ќе ја образложи идејата и ќе предложи Националната конвенција да прифати резолуција со која ќе се предвиди рок за плаќање на членарината и начин за единствено плакање кон LCI. Повторно, при формулирањето на резолуцијата и нејзиното процесирање до Националната конвенција, односно претходно до Кабинетот на дистриктот ќе бидеме на располагање заедно со Секретарот на кабинетот.

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО и LCIF:
Сите присутни договорија термин за организација на обука за секретарите и другите заинтересирани членови од зоната. Воедно, заклучокот на средбата беше дека во програмата за обуката треба да се вклучи и предавање за LCIF.

Следниот состанок на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот ќе се одржи најдоцна до 06 февруари 2013 година, истиот ќе го свика претседавачот на зоната, а ќе гостува еден од вице-гувернерите на дистриктот.

AT THE WHITE HOUSE

Во подготовка на посетата на меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговото гостување на 6тиот Црно-бел Бал во Битола на 7 ноември 2012, во предвечерие на Митровден, бев во посета на редовна работна средба на Lions клубот БИТОЛА.
Посетата ми беше исклучително пријатна, БИТОЛА е еден од најактивните клубови и воедно еден од клубовите кои најповеќе држат до традицијат на служењето на заедницата.
Најнапред, на состанокот се дискутираа редовни работни обврски и активности. Послушав за успесите на клубот во оваа есен, за активностите кои ги реализирале, како и за донациите кои ги обезбедиле, имав можност да научам како функционира клубот и како соработуваат членовите. За жал, во клуб во кој членуваат 40 видни битолчани, а на состанокот присуствуваат само 12 членови загубата е евидентна. Немав можност да сретнам многу од членовите кои ги сметам за свои пријатели, за драги луѓе итн. за среќа, претстои Балот, тогаш ќе можам да ги сретнам сите!
Кон крајот откако претседателот на клубот, lion Жико КАЛПАКОСКИ ми даде можност да се обратам одлучив низ шега да им признаам дека не е тоа никаква флоскула и учтивост, туку јас навистина се чуствувам исклучително пријатно на состанокот и среќен сум што вечерта ја поминувам во такво друштво. Веднаш потоа, укажав дека ме радува и фактот дека присуствувам на состанок на еден од 3те најактивни клубови во дистриктот оваа година. На тој начин им честитав за досегашното служење на заедницата, но и го пофалив клубското раководство за нивната административна работа.
На крајот, зборувавме „За lion-истичките работи“: за состојбата со членството и планот за пораст во оваа година; за годишната програма на активности и можноста за вклучување на клубот во истите; за програмата на меѓународниот претседател; за соработката со другите клубови; и секако за предизвикот - Lions клубот БИТОЛА да биде еден од клубовите кои ќе бидат предложени за CLUB EXCELLENCE AWARD. Имавме и мала сесија на прашања и одговори, а на крајот на состанокот, едноставно посакав да останам уште малку.
Колку за пофалба на клубот, едно прекрасно изненадување. На крајот на состанокот, секретарот на клубот ни организираше лотарија на која учествуваа сите присутни, а беа поделени прекрасни награди. Јас бев добитник на најпријатната, ваучер од 1.000,00 денари од Хотелот и Бистро БЕЛАТА КУЌА од lion Тереза ЈАНЧОВСКА.

Friday, December 7, 2012

6TH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во шестиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на децата. Ова е шестто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да ги продолжам редовните средби со членовите на клубовите.

Во месецот што измина завшри националниот натпревар за Peace Poster, а во наредните неколку денови ќе приврши и натпреварот за Peace Essay.
Во изминатиот месец завршија националните натпревари за Peace Essay Contest, односно Peace Poster Contest и беа избрани претставници на дистриктот за учество на овие меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Благодарение на учеството на повеќемина наши lions-и, како и благодарение на најактивната досега координација на учеството дистриктот далеку ги надмина утврдените индикатори за успехот. Оваа година имавме пријавени постери од повеќе градови во државата, повеќе клубови и 150 учесници. Комисиите утврдени од кабинетот на дистриктот ги избраа најдобрите пријави. Победник на националниот натпревар за Peace Poster 2012 “Imagine Peace” е Денис Арифов, роден на 29 септември 1999 година (13 години), а неговиот наставник е Коста Хаџи-Антоновски. Спонзор на победникот е нашиот Lions клуб БИТОЛА. Победникот на натпреварот за Peace Essay ќе биде познат во текот на наредната недела по што ќе биде објавен.

Во текот на изминатиот, но и во текот на овој месец ве предизвикувам да се придружите кон акциската кампања на нашиот меѓународен претседател во борба против неписменоста.
Според др. Зевс, автор на повеќе детски книги „Колку повеќе читаме, толку повеќе учиме. Односно, колку повеќе учиме, на толку повеќе места ќе можеме да патуваме.“ Оттаму борбата против неписменоста замислете ја како кампања за промоција на книгата и читањето. Нашата асоцијација има утврдено поголема листа на ресурси кои можете да ги употребите за спроведувањето на вашите акции, а предлагаат и активности кои можете да ги преземете. Донирањето на книги, организирањето на поетски читања, снимањето на аудио книги, печатењето на книги во браево писмо се активности кои не само што се очекуваат, туку можат да бидат поддржани и од нашата фондација. Повелете одберете ја вашата активност и потрудетесе вашиот клуб да биде забележан. Изминатите десетина дена и особено за време на посетата на меѓународниот претседател МЕДЕН многу од клубовите во нашиот дистрикт учествуваа во оваа програма и спроведуваа активности насочени во промоција на читањето и борбата против неписменоста.

Во текот на изминатиот месец, како и во почетокот на овој месец во посета на нашиот дистрикт ни дојдоа меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговата сопруга lion Линда МЕДЕН.
Претседателот Меден пристигна во Македонија на 29 ноември 2012 година, а во државата престојуваше до 02 декември 2012 година. За време на престојот има можност да посети повеќе градови и клубови, а учествуваше и на повеќе активности спроведени во државата. Секако, во текот на нивната посета претседателот и г-ѓа Меден беа специјални гости на 6тиот Црно-Бел Бал во Битола. За време на посетата на претседателот, во посета на нашиот дистрикт престојуваа и поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН со сопругата, поранешните претседавачи на совет на гувернери на мулти дистрикт Филип ГУДИЕР со сопругата и Брајан РАЈЛИ со сопругата. Со цел да се овозможи нашите членови да се сретнат со претседателот беше организирана средба со претседателите на клубовите која се одржа паралелно со вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, на 01 декември 2012, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола.

Во текот на овој месец ве повикувам да се погрижиме за децата.
Погрижете се, секој од нашите најблиски, меѓутоа и други деца без родители, или пак деца кои се згрижени во специјализираните установи и имаат специјални потреби да се почуствуваат сакани, потребни, згрижни, барем еден месец во годината. Наближуваат новогодишните празници, а радоста на децата е енормна кога знаат дека „Дедо Мраз“ ги посетил и им донесол подарок. ОДБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ КОРИСНИК И БИДЕТЕ МУ „ДЕДО МРАЗ“ СЕГА, ВО ОВАА СЕЗОНА НА ПРАЗНИЦИ.

Во текот на овој месец ве повикувам да се придружиме на нашите LEO-вци во нивната акција „Купете производ +“.
Согласно заклучокот на првиот состанок на Кабинетот на дистриктот сите lions-и треба да се вклучат во акцијата како волонтери, поддржувачи, помагачи. Акцијата ќе се одржи на 08 и 09, односно на 15 и 16 декември 2012 година во ВЕРО маркетите во ГТЦ и во Тафталиџе. Акцијата ќе се спроведува во периодот помеѓу 10.00 и 18.00 часот, а сите членови кои ќе одлучат да помогнат можат тоа да го сторат директно со доаѓањето во маркетот. Собраните производи ќе бидат употребени за изработка на новогодишни пакетчиња за децата без родители и децата со посебни потреби.

Во текот на овој месец го прославуваме Меѓународниот ден на LEO клубовите.
LEO-вците се нашата иднина и ако сакаме натаму да се развиваме правилно, тогаш мора да се грижиме за нив. Нашата асоцијација во името на оваа грижа, 05ти декември го прогласила за Меѓународен ден на LEO клубовите – ЧЕСТИТКИ!!!

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013