Драги пријатели lions-и,
Добредојдовте во шестиот месец од оваа 2012/2013 фискална
година, во месецот на децата. Ова е шестто месечно обраќање за оваа фискална
година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор
за нашите активности.
Во месецот што измина продолжија редовните работни средби
во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот
го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети
на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот
месец имав можност да ги продолжам редовните средби со членовите на клубовите.
Во месецот што измина завшри националниот натпревар за Peace
Poster, а во наредните неколку денови ќе приврши и натпреварот за Peace Essay.
Во изминатиот месец завршија националните натпревари за Peace
Essay Contest, односно Peace Poster
Contest и беа избрани претставници на дистриктот за учество на овие
меѓународни натпревари. Меѓународните натпревари се одржуваат веќе 25 години, а
оваа година темата е „Замислувајќи го мирот“ (Imagine Peace).
Благодарение на учеството на повеќемина наши lions-и,
како и благодарение на најактивната досега координација на учеството дистриктот
далеку ги надмина утврдените индикатори за успехот. Оваа година имавме
пријавени постери од повеќе градови во државата, повеќе клубови и 150 учесници.
Комисиите утврдени од кабинетот на дистриктот ги избраа најдобрите пријави.
Победник на националниот натпревар за Peace Poster 2012 “Imagine Peace” е Денис
Арифов, роден на 29 септември 1999 година (13 години), а неговиот наставник е
Коста Хаџи-Антоновски. Спонзор на победникот е нашиот Lions клуб БИТОЛА. Победникот
на натпреварот за Peace Essay ќе
биде познат во текот на наредната недела по што ќе биде објавен.
Во текот на изминатиот, но и во текот на овој месец ве предизвикувам
да се придружите кон акциската кампања на нашиот меѓународен претседател во
борба против неписменоста.
Според др. Зевс, автор на повеќе детски книги „Колку
повеќе читаме, толку повеќе учиме. Односно, колку повеќе учиме, на толку повеќе
места ќе можеме да патуваме.“ Оттаму борбата против неписменоста замислете ја
како кампања за промоција на книгата и читањето. Нашата асоцијација има
утврдено поголема листа на ресурси кои можете да ги употребите за
спроведувањето на вашите акции, а предлагаат и активности кои можете да ги
преземете. Донирањето на книги, организирањето на поетски читања, снимањето на
аудио книги, печатењето на книги во браево писмо се активности кои не само што
се очекуваат, туку можат да бидат поддржани и од нашата фондација. Повелете
одберете ја вашата активност и потрудетесе вашиот клуб да биде забележан.
Изминатите десетина дена и особено за време на посетата на меѓународниот
претседател МЕДЕН многу од клубовите во нашиот дистрикт учествуваа во оваа
програма и спроведуваа активности насочени во промоција на читањето и борбата
против неписменоста.
Во текот на изминатиот месец, како и во почетокот на овој
месец во посета на нашиот дистрикт ни дојдоа меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН
и неговата сопруга lion Линда МЕДЕН.
Претседателот Меден пристигна во Македонија на 29 ноември
2012 година, а во државата престојуваше до 02 декември 2012 година. За време на
престојот има можност да посети повеќе градови и клубови, а учествуваше и на
повеќе активности спроведени во државата. Секако, во текот на нивната посета
претседателот и г-ѓа Меден беа специјални гости на 6тиот Црно-Бел Бал во
Битола. За време на посетата на
претседателот, во посета на нашиот дистрикт престојуваа и поранешниот
меѓународен директор Фил НЕЈТАН со сопругата, поранешните претседавачи на совет
на гувернери на мулти дистрикт Филип ГУДИЕР со сопругата и Брајан РАЈЛИ со
сопругата. Со цел да се овозможи нашите членови да се сретнат со
претседателот беше организирана средба со претседателите на клубовите која се
одржа паралелно со вториот состанок на Кабинетот на дистриктот, на 01 декември
2012, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола.
Во текот на овој месец ве повикувам да се погрижиме за децата.
Погрижете се, секој од нашите најблиски, меѓутоа и други деца
без родители, или пак деца кои се згрижени во специјализираните установи и
имаат специјални потреби да се почуствуваат сакани, потребни, згрижни, барем еден
месец во годината. Наближуваат новогодишните празници, а радоста на децата е
енормна кога знаат дека „Дедо Мраз“ ги посетил и им донесол подарок. ОДБЕРЕТЕ ГО
ВАШИОТ КОРИСНИК И БИДЕТЕ МУ „ДЕДО МРАЗ“ СЕГА, ВО ОВАА СЕЗОНА НА ПРАЗНИЦИ.
Во текот на овој месец ве повикувам да се придружиме на
нашите LEO-вци во нивната акција „Купете производ +“.
Согласно заклучокот на првиот состанок на Кабинетот на
дистриктот сите lions-и треба да се вклучат во акцијата како волонтери,
поддржувачи, помагачи. Акцијата ќе се одржи на 08 и 09, односно на 15 и 16 декември 2012 година во ВЕРО маркетите во ГТЦ и
во Тафталиџе. Акцијата ќе се
спроведува во периодот помеѓу 10.00
и 18.00 часот, а сите членови кои ќе
одлучат да помогнат можат тоа да го сторат директно со доаѓањето во маркетот.
Собраните производи ќе бидат употребени за изработка на новогодишни пакетчиња
за децата без родители и децата со посебни потреби.
Во текот на овој месец го прославуваме Меѓународниот ден
на LEO клубовите.
LEO-вците се нашата иднина и ако сакаме натаму да се
развиваме правилно, тогаш мора да се грижиме за нив. Нашата асоцијација во
името на оваа грижа, 05ти декември го прогласила за Меѓународен ден на LEO клубовите
– ЧЕСТИТКИ!!!
На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот
претседател вели: “In a world of need and suffering, there is
someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out
among others – Lions Clubs International. That’s what we do.” Темата за оваа
година 2012/2013, “In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги
споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.
BE A LION – TOUCH
A HEART!
Андреја Стојковски, гувернер
на дистриктот 2012/2013
No comments:
Post a Comment