Monday, December 10, 2012

HONORING OUR FELLOW LIONS



Вториот состанок на Кабинетот на дистриктот беше моментот кој барем во присуство на меѓународниот претседател моравме да го искористиме за да им заблагодариме на заслужните членови за нивниот ангажман, посветеноста и иновативноста. Најнапред на lion Звонимир Цветановски со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за трудот кој го вложува во развојот на лидерство во дистриктот, за изградената структура и успесите во досегашниот период во обука на клубските и дистрикт раководството.

Следуваше lion Брајан Рајли на кој со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за неговото пријателство и за трудот кој го вложува во правењето на одделни клубови од нашиот дистрикт да бидат исклучителни, а нивните членови вистински lions-и. Воедно, по меѓународниот претседател, јас му реков: „Брајан, ако не беше онаа наша комуникација и случајноста пред неколку години, немаше воопшто да те запознаам. Сношти броевме колку пати досега си бил во Македонија, а јас знам дека секогаш кога доаѓаш неуморно работиш со нашите клубови. Моето пријателство ќе го имаш засекогаш, а сега ја имаш и мојата благодарност.“ Тогаш му доделив District Governor's Appreciation Medal.

Претпоследен во оваа група беше lion Марјан Талев кој од сите зонски претседавачи се истакнува со квалитет и упорност на вистински лидер, ментор, соработник, пријател. Бидејќи е модел, бидејќи од него треба да учат и да се угледуваат другите, меѓународниот претседател на моја препорака му додели International Leadership Medal.


Конечно, последниот во групата не е последниот на кој се сеќаваме, туку напротив првиот кој го споменуваме. Нашиот прв гувернер на дистриктот, lion Небојша Давидовски, затоа што, со зборовите на меѓународниот претседател, „беше одличен ментор на сите наредни гувернери“ му додели International President's Medal.
Сум го видел Небојша израдуван и друг пат, но никогаш повеќе изненаден. Се разбира среќен бев и јас. Последните, наградите, ме израдуваа исклучително многу секоја поразлично од другите.

No comments:

Post a Comment