На 01 декември 2012 година, со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Домот на културата во Битола се одржа средба во проширен состав на Кабинетот на дистриктот и Претседателите на сите клубови во дистриктот. На средбата на која присуствуваа и меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН, поранешниот меѓународен директор Фил НЕЈТАН, поранешните претседавачи на совет на гувернер на мулти дистрикт 105 Брајан РАЈЛИ и Филип ГУДИЕР се работеше според следниот дневен ред:
- Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 14 ноември 2012 година.
Во извештајот кој го презентирав пред сите присутни истакнав дека се од одржувањето на овој состанок во дистриктот функционираат 39 клубови и 940 членови, што е мал пад во однос на почетокот на годината и во однос на економската криза која ја погоди државата.
Кога станува збор за активностите, посочив дека е забележан пораст на активностите, како и пораст на вложеното волонтерско време за спроведувањето на истите. Како за споредба, на крајот на минатата година беа имплементирани 126 активности со приближно 6000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 100.000,00 долари. Оваа година, за само три месеци имплементирани се 106 активности со приближно 5000 волонтерски часови работа и во вредност од приближно 40.000,00 долари.
2. Годишна програма за 2012/2013 - 25 минути;
- Состојба со реализирани активности и постигнати цели за годината 2012/2013.
- Извештаи од: Региските претседавачи (3 минути)
Слободан Вукиќевиќ (Прославуваме јубилеи) - Извести дека спроведувањето на проектот е во тек, а досега има неколку клубови кои се вклучени во истиот. Активноста најчесто оди директно од самите клубови, а структурата за координација допрва ќе започне да ги покажува вистинските резултати.
Михајло Ширгоски (Меѓународна програма на активности) - Укажа дека оваа година се преземаат повеќе активности во речиси сите меѓународни програмски активности на LCI. Завршен е националниот натпревар за Peace Poster, во завршна фаза е и оној за есеј, а се подготвува конечната имплементација и на уште неколку други програми. Показател за успешноста е дека за натпреварот за Peace Poster каде имавем очекувања да имаме 50 учесници, добивме дури 150 пријави.
- Одделни координатори во кабинетот на гувернерот (2 минути)
Марина Свиличич - LCIF - Извести дека одлучила да направи измена на досегашната стратегија за работа. Сега веќе активно ги посетува клубовите во кои ја презентира фондацијата и се промовираат можностите за проектни апликации. Според неа постојат најави за уште неколку нови проекти кои целосно ќе ја исполнат, дури и ќе ја надминат квотата дозволена за еден дистрикт, а веќе е поднесена една апликација од Lions клубот СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН.
Гоце Бурзевски - Младинска размена - Извести дека е подготвена програма за младинска размена која во наредната година ќе опфати 12 млади од странство, односно повеќе од 30 млади од Македонија. Според програмата младите од странство ќе престојуваат во Скопје, Битола и во Охрид, а ќе имаат можност да посетат и други градови и да видат дел од природните убавини на Македонија. Дополнително ќе биде подготвена сеопфатна презентација која на членството ќе му биде понудена во наредниот број на LION магазинот на македонски јазик.
Емил Лазаревски - International Twinning - Извести дека има направен план според кој ќе може да се влезе во реализацијата на оваа активност. Целта е барем 5 збратимувања на ниво на клубови, односно дистрикт. Финализирањето на оваа активност ќе се случи во текот на месец март 2013 година.
3. Обраќање на меѓународните гости - 40 минути;
Следуваше lion Брајан Рајли на кој со Certificate of Appreciation му кажавме благодарам за неговото пријателство и за трудот кој го вложува во правењето на одделни клубови од нашиот дистрикт да бидат исклучителни, а нивните членови вистински lions-и. Воедно, по меѓународниот претседател, јас му реков: „Брајан, ако не беше онаа наша комуникација и случајноста пред неколку години, немаше воопшто да те запознаам. Сношти броевме колку пати досега си бил во Македонија, а јас знам дека секогаш кога доаѓаш неуморно работиш со нашите клубови. Моето пријателство ќе го имаш засекогаш, а сега ја имаш и мојата благодарност.“ Тогаш му доделив District Governor's Appreciation Medal.
Сум го видел Небојша израдуван и друг пат, но никогаш повеќе изненаден. Се разбира среќен бев и јас. Последните, наградите, ме израдуваа исклучително многу секоја поразлично од другите, а фактот дека успеав во намерата ова да не биде монолог состанок ме воодушеви.
Под точката разно немаше дискусија, па на присутните им дадовме можност да уживаат на денот и да се придружат на многуте акции кои ги спроведуваа нашите клубови во градот.
No comments:
Post a Comment