Saturday, December 8, 2012

AT THE WHITE HOUSE

Во подготовка на посетата на меѓународниот претседател Вејн МЕДЕН и неговото гостување на 6тиот Црно-бел Бал во Битола на 7 ноември 2012, во предвечерие на Митровден, бев во посета на редовна работна средба на Lions клубот БИТОЛА.
Посетата ми беше исклучително пријатна, БИТОЛА е еден од најактивните клубови и воедно еден од клубовите кои најповеќе држат до традицијат на служењето на заедницата.
Најнапред, на состанокот се дискутираа редовни работни обврски и активности. Послушав за успесите на клубот во оваа есен, за активностите кои ги реализирале, како и за донациите кои ги обезбедиле, имав можност да научам како функционира клубот и како соработуваат членовите. За жал, во клуб во кој членуваат 40 видни битолчани, а на состанокот присуствуваат само 12 членови загубата е евидентна. Немав можност да сретнам многу од членовите кои ги сметам за свои пријатели, за драги луѓе итн. за среќа, претстои Балот, тогаш ќе можам да ги сретнам сите!
Кон крајот откако претседателот на клубот, lion Жико КАЛПАКОСКИ ми даде можност да се обратам одлучив низ шега да им признаам дека не е тоа никаква флоскула и учтивост, туку јас навистина се чуствувам исклучително пријатно на состанокот и среќен сум што вечерта ја поминувам во такво друштво. Веднаш потоа, укажав дека ме радува и фактот дека присуствувам на состанок на еден од 3те најактивни клубови во дистриктот оваа година. На тој начин им честитав за досегашното служење на заедницата, но и го пофалив клубското раководство за нивната административна работа.
На крајот, зборувавме „За lion-истичките работи“: за состојбата со членството и планот за пораст во оваа година; за годишната програма на активности и можноста за вклучување на клубот во истите; за програмата на меѓународниот претседател; за соработката со другите клубови; и секако за предизвикот - Lions клубот БИТОЛА да биде еден од клубовите кои ќе бидат предложени за CLUB EXCELLENCE AWARD. Имавме и мала сесија на прашања и одговори, а на крајот на состанокот, едноставно посакав да останам уште малку.
Колку за пофалба на клубот, едно прекрасно изненадување. На крајот на состанокот, секретарот на клубот ни организираше лотарија на која учествуваа сите присутни, а беа поделени прекрасни награди. Јас бев добитник на најпријатната, ваучер од 1.000,00 денари од Хотелот и Бистро БЕЛАТА КУЌА од lion Тереза ЈАНЧОВСКА.

No comments:

Post a Comment