Saturday, December 8, 2012

MEETING AT THE BEAUTIFUL LAKE

Кон средината на ноември, во отсуство на активност на зонскиот претседавач организирав средба на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот за зоната Охридска.
На состанокот учествуваа претставници (претседател или потпретседател, секретар, друг член на Бордот на директори) на 5 клубови: ОХРИД; Охрид ДЕСАРЕТИ; Охрид ЛИХНИДОС; Охрид ДЕНИЦА, како и на клубот од СТРУГА, а имасе присутни и други lions-и, како и членови на Кабинетот на дистриктот кои доаѓаат од овие клубови.
Во отсуство на класичен дневен ред, со присутните зборувавме за потребата од служење на заедницата, административна работа на клубовите, но и во клубовите, проблемите со кои клубовите се соочуваат и сл. Од дискусијата произлегоа неколку заклучоци за кои информирам подолу поврзано со областа на која и припаѓаат.

СЛУЖЕЊЕ НА ЗАЕДНИЦАТА:
На состанокот беше изнесена проектна идеја од Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС за поврзување помеѓу македонските и турските клубови во туристичко одбележување на нашата држава, а секако во врска со потеклото и патешествијата на Мустафа Кемал - Ататурк. Клубот ќе ја образложи својата идеја на Националната конвенција, а за истата ќе биде предложена и резолуција. При формулирањето на резолуцијата и нејзиното процесирање до Националната конвенција, односно претходно до Кабинетот на дистриктот ќе бидеме на располагање заедно со Секретарот на кабинетот.

АДМИНИСТРАТИВНА РАБОТА:
Беше потенцирано дека комуницирањето со LCI преку WMMR и Activity Report го покажува клубот како административно жив. Иако не е суштинско, сепак, воочувањето на недостаток на ваква комуникација укажува на одредени проблеми во клубовите. Постојаното комуницирање на клубовите и нивната меѓусебна соработка ќе придонесе кон здравата конкуренција. Препорачав клубовите да го прифатат предизвикот и да ги комуницираат своите активности, не само преку Activity Report  туку и преку LION магазинот на македонски јазик со цел да известат, да прикажат дека работат, односно да ги мотивираат другите клубови.

ПРОБЛЕМИ НА КЛУБОВИТЕ:
Ако меѓусебната комуникација и дружењето ги прескокнам, тогаш основен проблем е постојаноста и активноста на членството. Заморот на членовите и нивната неактивност го ослабуваат клубот, а се манифестираат и во неплаќање на членарините. Финансиите се следниот проблем за кој мора да се изнајде соодветно решение кое ќе се примени кај проблематичните клубови.
Заклучивме дека Благајникот на кабинетот ќе ги прифати сите известувања од клубовите со цел ажурирање на листата на долгови на клубовите. Клубовите ќе известат со своите потврди за извршени уплати!
Вториот предлог изнесен на состанокот, а кој бара правно ресавање и резолуција на Националната конвенција беше единечното плакање на сите долгови кон LCI за сите клубови од страна на дистриктот. Повторно, Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС ќе ја образложи идејата и ќе предложи Националната конвенција да прифати резолуција со која ќе се предвиди рок за плаќање на членарината и начин за единствено плакање кон LCI. Повторно, при формулирањето на резолуцијата и нејзиното процесирање до Националната конвенција, односно претходно до Кабинетот на дистриктот ќе бидеме на располагање заедно со Секретарот на кабинетот.

РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО и LCIF:
Сите присутни договорија термин за организација на обука за секретарите и другите заинтересирани членови од зоната. Воедно, заклучокот на средбата беше дека во програмата за обуката треба да се вклучи и предавање за LCIF.

Следниот состанок на Советодавниот комитет на гувернерот на дистриктот ќе се одржи најдоцна до 06 февруари 2013 година, истиот ќе го свика претседавачот на зоната, а ќе гостува еден од вице-гувернерите на дистриктот.

No comments:

Post a Comment