Monday, July 1, 2013

TWELFTH AND FINAL ADDRESS TO ALL LIONS

Драги пријатели lions-и,

Дојдовме до крајот. Измина и дванаесеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година. Ова е дванаесетто месечно, но и последно обраќање за оваа фискална година преку кое ви велам благодарам на довербата за изборот за гувернер; благодарам на поддршката низ годината; беше задоволство да се служи како гувернер оваа година на така прекрасни lions-и како вас.

Ова беше за мене најинтересната година. Така и започна уште на 21 мај 2012 кога само два дена откако ми ја укажавте довербата да бидам гувернер во фискалната 2012/2013 се роди мојот првороден син. Оттогаш па се до сега имав задача успешно да ги менаџирам своите редовни работни обврски, обврските кон моето семејство и оние кон моето пошироко Lions семејство. Направив се што можев за никој да не се почуствува запоставен, се надевам дека бев успешен во напорите.

Во годината што измина интензивно работевме со клубовите и во дистриктот.
Низ годината организиравме три посебни состаноци за координација за работата во GMT и GLT; четири состаноци на Кабинетот на дистриктот; неколку средби на Советот на гувернери (Почесен комитет на гувернерот на дистриктот); одржавме средби на Советодавните комитети на гувернерот на дистриктот; ги посетив или одржав средба , моја замена во неколку наврати беа моите вице-гувернери, со повеќето од клубовите во дистриктот и ми беше чест да бидам во друштво со сите членови на моето Lions семејство.

Во годината што измина го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во текот на годината иако не толку видливо упорно работевме на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. Оваа година за прв пат здружно го прославувивме новото членство и на сите им посакавме топло добредојде во нашата асоцијација. За прв пат во нашиот дистрикт организиравме прослава на Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day).
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме ПЕТ нови клубови, Lions клубот Битола БАС КАМПУС, Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ, Lions клубот Скопје LUX AETERNA, Lions клубот Скопје ЗОГРАФ и Lions клубот Тетово SEEU. Морам да напоменам дека успехот не е целосен и искрено жалам за загубата на два од нашите клубови Lions клубот Скопје ВОДНО и Lions клубот СТРУГА. На крајот на годината нашиот дистрик брои 42 клубови.
Низ годината во сиот наш напор за проширување на членството успеавме да воведеме нови 356 lions членови во сите категории на членство. Повторно, за жал, успехот на GMT тимот неможе да биде потполн, бидејќи во истото време додека воведувавме во членство нови членови загубивме дури 301 од постоечките членови. Сепак, низ овој процес на обнова на членството успеавме најпрвин да постигнеме нето пораст од 55 членови. Успехот е далеку позначаен поради фактот дека во процесот урнавме една бариера; после четири години напори во таа насока ја надминавме фамозната илјадарка. НАШИОТ ДИСТРИКТ ДЕНЕС БРОИ 1003 LIONS ЧЛЕНОВИ!!!

Во годината што измина го истакнавме дистриктот во рамките на Меѓународната асоцијација.
Благодарение на иновативноста, како и благодарение на упорноста оваа година дистриктот го истакнавме во рамките на Меѓународната асоцијација. Имплементиравме активности во речиси сите области на меѓународната програма: ја пилотиравме програмата Lions Quest; по втор пат, овој пат само по масовно, го спроведовме изборот за најуспешен Постер на мирот; по втор пат, повторно поуспешно, го спроведовме и изборот за најуспешен Есеј за мирот; по прв пат го спроведовме изборот за најубава еко-фотографија и станавме дел од финалистите; за прв пат избравме свој претставник на Lions European Music Competition и Lions European Young Ambassador Competition. Најмасовно учествувавме во имплементацијата на кампањата на нашиот меѓународен претседател за промоција на писменоста и читањето, а ќе бидеме и домаќини на пилот проектот за соработката помеѓу Lions Clubs International и United States Agency for International Development. Верувам дека по овој проект веќе ќе нема такви што нема да знаат за нашата асоцијација и за нашето служење на заедницата.
Благодарение на неговата наклоност, се разбира и на нашата гостопримливост, оваа година дури два пати гостин на нашиот дистрикт беше Меѓународниот претседател Вејн А. МЕДЕН и неговата сопруга Линда МЕДЕН. Почеста беше дотолку поголема бидејќи заедно ги одбележавме нашите два јубилеи, меѓутоа и поради фактот дека во нашата мала Македонија и малиот дистрикт оваа година пристигнаа првиот Lions Ambassador of Good Will Award, три International President’s Medal, два International Leadership Medal и дури тринаесет International President’s Certificate of Appreciation.

Во годината што измина служевме на заедницата, добиравме во срцата на нашите корисници го менувавме општеството во кое живееме.
Годинава клубовите на нашиот дистрикт, сите lions-и, сите офицери во клубовите и во дистриктот најангажирано служеа на заедницата. Бевме вистински Lions-и и допиравме во срцата на многумина. Успеавме да покажеме дека се грижиме и придонесовме кон менувањето на општеството во кое живееме.
Клубовите оваа година имплементираа 467 активности, во точно 22174 часови волонтерска работа и со вредност од 206.706,00 американски долари. Ништо од ова не се обични бројки, тоа е УСПЕХ и, работа и резултат достојни за почит!
Работењето на клубовите и дистриктот беше поддржано и со повеќекратна финансиска помош од Lions Clubs International Foundation во вредност приближна до 70.000,00 американски долари. Успехот беше дотолку позначаен бидејќи оваа година клубовите не само што аплицираа за проекти поддржани од нашата фондација, туку истовремено донираа во неа. Дури пет наши клубови донираа во нашата фондација, а од оваа година братството на Мелвин Џонс (Melvin Jones Fellowship)е побогато за првиот член од дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.

Во годината што измина се грижевме за нашиот подмладок и го организиравме Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, работевме активно на реорганизирањето на нашите Leo клубови; им помогнавме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Се потрудивме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Беше организирам специјална средба на сите Leo клубови, Годишна LЕО конференција, а со тоа го организиравме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА. Првиот претседател на Leo дистриктот е leo Теодор ЈОСИФОВСКИ од Leo клубот Скопје ОМНИА.


На крајот за последен пат потсетувањето на нашиот меѓународниот претседател кој вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликуваше вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.

Во текот на наредната година бидете подеднакво добри lions-и, посветени, ангажирани... Обединети во службата (United in Service)! Продолжете, како што вели идниот наш меѓународен претседател Бери Ј. ПАЛМЕР, и натаму да ги следите вашите сништа (Follow Your Dreams)!


BE A LION – TOUCH A HEART!


Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Tuesday, May 14, 2013

ELEVENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во единаесеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на здравјето и движењето. Ова е единаесетто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да посетам два клубови, како и да учествувам на првата годишна конференција на LEO дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА и на состанок на Советот на LЕО дистриктот.

Во текот на изминатиот месец го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во текот на месец март имавме засилена активност на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. Минатиот месец пак го прославувавме новото членство и на сите им посакавме топло добредојде во нашата асоцијација. За прв пат во нашиот дистрикт беше организирана прославата на Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day). Настанот се случи на 13 април 2013 и ги опфати сите клубови и девет градови во Република Македонија. Одбележувањето вклучи дури девет тимови на офицери и предавачи на Националниот институт за развој на лидерство и започна точно во 12.00 часот.
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме уште еден нов клуб, Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ. Во процес на основање се уште неколку нови клубови во главниот град, но и во неколку други градови во државата. Воедно, успеавме да ги реактивираме клубовите ШТИП, ПРОБИШТИП, РАДОВИШ и Куманово ТУМБА, а ни преостануваат уште неколку клубови (СТРУГА и Скопје ДЕНАРИУС) за успехот да биде комплетен.
За потсетување зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член! За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: http://www.lionsclubs.org/EN/becoming-a-lion/how-to-become-a-member/index.php

Во текот на изминатиот месец продолживме да се подготвуваме за 5тата Национална конвенција на дистриктот.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда. Во рамките на подготовките за истата, беше испратен повикот до сите членови за учество на конвенцијата, а беше утврден и дневниот ред на конвенцијата и составени најголемиот дел од материјалите за делегатите и клубовите.

Во текот на изминатиот месец им посветивме внимание на нашиот подмладок.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, минатиот месец работевме активно на реорганизирањето на нашите Leo клубови; им помогнавме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Се потрудивме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Беше организирам специјална средба на сите Leo клубови, Годишна LЕО конференција, а со тоа го организиравме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА. Првиот претседател на Leo дистриктот е leo Теодор ЈОСИФОВСКИ од Leo клубот Скопје ОМНИА.

Во текот на овој месец завршува процесот на избори во клубовите.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, клубовите веќе требаа да го спроведат процесот на избори и за тоа да известат до Lions Clubs International, меѓутоа и до Секретарот на дистриктот користејќи го образецот PU101.

Во текот на наредниот период да не дозволиме повеќе да загубиме ниту еден единствен член, ниту клуб!

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Friday, April 12, 2013

TENTH MONTHLY ADDRESS TO ALL LIONS


Драги пријатели lions-и,

Добредојдовте во десеттиот месец од оваа 2012/2013 фискална година, во месецот на Leo клубовите. Ова е десетто месечно обраќање за оваа фискална година кое треба да ви послужи како извештај или потсетник, и секако како информатор за нашите активности.

Во месецот што измина продолжија редовните работни средби во клубовите.
Согласно статутот и правилниците гувернерот на дистриктот го претставува и застапува дистриктот, а тоа го прави и преку редовните посети на клубовите.
Оттаму, според календарот за годинава, во изминатиот месец имав можност да посетам еден за мене извонредно драг клуб, Lions клубот Скопје СВЕТЛИНА. Воедно, изминатиот месец беше организиран третиот состанок на Кабинетот на дистриктот.

Во текот на изминатиот месец го зајакнавме членството во нашите клубови.
Имајќи ја предвид премисата дека „Повеќе членови значат и повеќе раце во служба на заедницата, а тоа пак од другата страна ќе значи повеќе среќни луѓе чии потреби се задоволени.“ во изминатиот месец имавме засилена активност на поканување и пријавување на нови членови во нашите клубови. На тој начин во нашите клубови внесовме свежина, нови идеи, нови знаења и вештини, нова мрежа на познанства; внесовме нова енергија од ентузијазмот на новите членови.
Работевме кон остварувањето на нашата цел и успешно пријавивме еден нов клуб, Lions клубот Битола БАС, кој е основан во рамките на програмата за кампус клубови. Во процес на основање се уште два нови клубови во главниот град, а се работеше и на реактивирањето на сите паднати клубови.
За потсетување зајакнувањето на членството е едноставна работа. Запаметете, се што треба да сторите е да го поканите новиот член!
За повеќе информации каде да барате нови членови и за програмите за нови членови на Lions Clubs International следете го овој линк: http://www.lionsclubs.org/EN/becoming-a-lion/how-to-become-a-member/index.php

Во текот на изминатиот месец отпочна процесот на избори во клубовите.
Статутот на Меѓународната асоцијација на Lions клубовите и Правилата на Меѓународниот Борд на директори велат дека секој клуб е должен да спроведе избори за клубско раководство најдоцна до 15 април во тековната година. Оттаму, дел од нашите клубови веќе го спроведоа процесот на избори и за тоа веќе не известија до Lions Clubs International, меѓутоа и до Секретарот на дистриктот користејќи го образецот PU101.

Во текот на изминатиот месец го избравме нашиот Lions Young Ambassador.
На 23 март 2013, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, се одржа Националниот натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век. Симона Сарафиновска, ученик од NOVA International Schools и член на Leo клубот Скопје LUMOS е победникот на натпреварот. За својата победа, покрај огромниот аплауз од присутните Симона доби трофеј и диплома, а во октомври/ноември 2013 година ќе го претставува нашиот дистрикт на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција.

Во текот на изминаиот месец ја јакневме меѓународната соработка.
Да создаваат и одгледуваат дух на разбирање и соработка помеѓу луѓето во светот“ е дел од целите на нашата асоцијација, оттаму, интензивно работевме на меѓународното поврзување на дистриктот и нашите клубови:
×           Имав можност да го претставувам дистриктот на одбележувањето на Lions денот во Обединетите нации во Софија, Бугарија (16 март 2013 година);
×           Беше договорено збратимување со Дистриктот 130 Бугарија, а до сите клубови беше испратен повик за збратимување од координаторот Влатко Христовски;
×           Меѓу другото, бевме известени дека обете апликации испратени од клубови во дистриктов ја поминаа првата проверка и ќе бидат предложени за конечна одлука на Извршниот комитет на LCIF.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашите нови членови и ќе организираме Worldwide Induction Day.
Настанот кој ќе се случува на 13 април 2013 ќе ги опфати сите клубови и девет градови во Република Македонија, но и сите останати 742 дистрикти во светот. Светскиот Lions ден за воведување во членство (Lions Worldwide Induction Day) е настан кој ги обединува сите клубови и новите членови ширум светот во активност, и притоа нуди единствена можност за зајакнување на членството и за подигање на свеста кај јавноста за постоењето и работата на Lions Clubs International.

Одбележувањето на 13 април 2013 година, со посебна програма, ќе започне точно во 12.00 часот, а ќе ги опфати сите клубови во следните градови од државата:
1. Битола: Мала сала во Центарот за култура Битола;
Предавач: Марија ДОДОВСКА;
Овластен офицер: Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА;
Гостин говорник: претставник на МКЦ БИТОЛА.

2. Кичево: Свечена сала во хотел „Кичево“;
Предавач: Марјан ТАЛЕВ;
Овластен офицер: Сашо ВАСИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина КИЧЕВО.

3. Гевгелија: Сала за состаноци во хотел „Југо“
Предавач: Марина СВИЛИЧИЧ;
Овластен офицер: Михајло ШИРГОСКИ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

4. Охрид: Сала за состаноци во хотел „Ројал Вју“;
Предавач: Зоран ТИЛЕСКИ;
Овластен офицер: Драги ФИЛЕВСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ОХРИД;

5. Прилеп: ОУ Блаже Конески-Прилеп;
Предавач: Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
Овластен офицер: Пеце ПЕТРЕСКИ;
Гостин говорник: претставник на општина ПРИЛЕП;

6. Скопје: Бизнис сала од Мулти-бизнис центарот на Скопски саем;
Предавач: Андреја СТОЈКОВСКИ;
Овластени офицери: Билјана КОСТОВСКА и Зоран ИЛИЌ;
Гостин говорник: проф. д-р Ана МАРТИНОСКА

7. Велес: Сала за состаноци во хотел „Романтик“;
Предавач: Соња БОЈАЏИЕВА;
Овластен офицер: Ангел ГЕОРГИЕВСКИ;

8.Штип: Сала за состаноци во мотел „Ваго“;
Предавач: Даница ДОНЧОВСКА;
Овластени офицери: Небојша ДАВИДОВСКИ и Слободан ВУКИЌЕВИЌ;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

9. Куманово:
Предавач: Александар МАТЕВСКИ;
Овластен офицер: Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА;
Гостин говорник: дополнително ќе биде утврден

На програмата на настанот ќе бидат следните содржини:
-          предавање “Lions Fundamentals” (за основите на и основните податоци за движењето и дистриктот);
-          обраќање на член на заедницата - листата е дадена погоре во распоредот;
-          свечена церемонија за воведување во членство.

Ги повикувам сите нови членови, нивните спонзори, како и сите останати
Lions-и во сабота, 13 април 2013 да се приклучат кон настанот во нивниот град и да учествуваат заедно со останатите 1.4 милиони членови ширум светот.

Во текот на овој месец ќе продолжиме да се подготвуваме за 5тата Национална конвенција на дистриктот.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда.

Во текот на овој месец ќе им посветиме внимание на нашиот подмладок.
Само организација која има добра младина има и иднина! Оттаму, ве повикувам да се потрудиме да ги реорганизираме нашите Leo клубови; да им помогнеме во нивното работење со совет, учество, вештини итн. Да се потрудиме и на дистриктот да му ја обезбедиме иднината. Овој месец ќе организирам специјална средба на сите Leo клубови, а со нивно учество и се разбира со поддршка на нивните спонзорски клубови ќе го организираме и Leo дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА.

На крајот едно потсетување. Нашиот меѓународниот претседател вели: In a world of need and suffering, there is someone to help. And in a world of service, there is one name that stands out among others – Lions Clubs International. That’s what we do.Темата за оваа година 2012/2013, In a World of Service” ги отсликува вредностите кои ги споделуваат членовите на асоцијацијата веќе 95 години.


BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Saturday, April 6, 2013

CELEBRATING IN OHRID

Првиот викенд од април 2013 беше резервиран за посета на Охрид, овој пат повторно со lions повод и со особена намера да бидам на прославата на 4тиот роденден на Lions клубот Охрид ЛИХНИДОС, клуб кој својата посебност, единственост, различност, веќе четири години упорно ја гради преку спецификата на своите активности и посветеноста на создавањето на свест за култура и заштита на животната средина.
Првиот роденден на клубот беше одбележан со театарска претстава, а во годините што следуваа се случуваше најжестока работа за заздравување и целосно заживување на театарот во древниот град. Овој, четврти роденден клубот го одбележа со хуманитарен концерт кој се оддржа во големата сала на општина Охрид. Во салата имаше приближно 80 лица, членови на неколкуте клубови од Охрид, дел од дистрикт раководството (вториот вице-гувернер lion Драги Филевски и претседавачот на зона lion Марјан Талев), претставници на локалната заедница, претставници на локалната самоуправа, почитувачи на уметноста.
На концертот настапија Марко Албрицио, универзитетески професор по пијано и еден од петте најдобри концерт-мајстори во Италија, а музичко-поетски перформанс изведоа lion Емилија Маринова -пиjано и Анџело Филипо Јанони Себастианини директор на „The Music Festival of Nations“ во Рим, голем хуманитарец и активен член на еден од Lions клубовите од Рим. Тој специјално за оваа пригода подготви емотивна поема за љубовта помеѓу една млада охриѓанка и турски заповедник од времето на Отоманската империја.
На вечерта посветена на клубот ЛИХНИДОС имав чест да видам како за неговите заслуги и несебичната помош на хуманитарните проекти претседателот, lion Зоран Тутнев,  Анџело Себастианини за свој почесен член. Од другата страна lion Себастианини се заблагодари на одличен македонски јазик за, како што рече, приемот со отворено срце.
Тогаш дојде мојот ред. Претседателот, lion Зоран Тунтев ме повика да се обратам на присутните. Обраќањето не беше толку тешко, требаше да се биде подготвен да се каже нешто, а мене ми беше најавено дека ме очекуваат нешто да кажам на самиот влез од салата, нејсе... тоа е дел од моите задачи за годинава. Најавата во повикот гласеше, најголемиот lion и човек кој покрај поради својата транспарентност, отвореност и посветеност ќе биде запаметен и по умешноста да врзува вратоврски. 
Благодарам Зоран, реков, верувале или не, повеќе ми е драга оваа вторава титула, бидејќи да се врзуваат вратоврски говори многу за посебноста на личноста. Кога влегував во салата, Зоран ме извести дека ќе ме повика да зборувам. Возбудата, или повеќе одговорноста да се говори убаво ме спречи да го отслушам Мастро Албрицио со сето свое внимание. Но, некаде на неговата последна форца, ми светнаа зборовите што треба да ги кажам. Не така одамна, при основањето на првиот клуб во вашиот град, сретнавме еден судија од Неготино и се обидовме да му објасниме зошто сме тука и која е нашата мисија и цел.  Тогаш, нашиот координатор од Словенија му рече: „Кога во еден град има Lions клуб тој град е облагороден. Кога пак, во еден град има повеќе клубови, тогаш тој град е благословен!“ Да, Охрид е благословен град, не поради тоа што тука „...дарбите свои  природна сила, со сета раскош ги растурила...“ туку поради фактот дека Охрид е дом на повеќе Lions клубови кои знаат што работат и секој од нив помага во различна програма на и на различни корисници правејќи го градот поубаво место за живот. Lions клубот ЛИХНИДОС веќе четири години се грижи за животната средина со своите големи акции за чистењето на Охридското езеро и за културата во градот, а во годината во која рековме дека ќе бидеме вистински lions-и на тој начин што ќе допираме во срцата избирајќи ја музиката успеа да допре во срцата. Верувајте, музиката е единствениот начин да се допре срцето, како со рака која трепери, а притоа да не се остави лузна.

Ви честитам и нека е за многу години!

Tuesday, April 2, 2013

ANNOUNCING THE 5TH NATIONAL CONVENTION


Драги пријатели lions-и,

Се приближуваме кон крајот на годината и одржувањето на 5тата Национална конвенција.
Петтата национална конвенција на дистриктот 132 МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на 24-25 мај 2013 година во Скопје. На конвенцијата на која ќе имаме можност да ја заокружиме прославата по повод петте години од постоењето на дистриктот и петнаесетте години од функционирањето на Lions Clubs International во Република Македонија со своето присуство ќе не удостои меѓународниот претседател Вејн Меден со неговата сопруга Линда. Во насока на подготовка на конвенцијата, Кабинетот на дистриктот на својата последна средба го утврди календарот за националната конвенција, а ги потврди и комитетите за нејзиното спроведување.

Во календарот се вметнати сите активности на дистриктот, но и оние на клубовите кои и претходат на конвенцијата. Помеѓу вклучените активности на календарот е и известувањето за резултатите од конвенцијата кое следува по завршувањето на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете календарот за имплементација на конвенцијата: Календар за 5тата Национална конвенција

Согласно статутот на дистриктот беа утврдени и сите комитети за имплементација на конвенцијата, а истите ќе се занимаваат со сертификацијата и акредитацијата на делегатите и алтернативните делегати (само сертификуваните делегати и алтернативни делегати ќе имаат право на глас); со спроведувањето на изборите (изборите за функционери кои ќе се одржат ќе бидат со тајно гласање); со утврдувањето на резолуциите (ќе изведеме заклучоци и ќе утврдиме препораки за иднината); со организацијата и подготовката на конвенцијата. За повеќе информации следете го овој линк за да го погледнете организацијата, составот и надлежностите на комитетите: Комитети за имплементација на 5тата Национална конвенција

На крајот би сакал да ве повикам да се подготвите за 5тата Национална конвенција и да учествувате на истата. Воедно напоменувам дека почнувајќи од денес започнуваат да течат сите рокови за сите активности поврзани со конвенцијата.

BE A LION – TOUCH A HEART!

Андреја Стојковски, гувернер на дистриктот 2012/2013

Monday, April 1, 2013

FIVE YEARS OF LIONS CLUBS INTERNATIONAL IN KUMANOVO


На 23 февруари 2013 година имав извонредна можност повторно да прославувам петгодишен јубилеј на еден од нашите Lions клубови. Откако тоа го сторивме во 2 наврати во првата половина од фискалната година, овој пат одбележувањето на овој убав јубилеј ме одведе во родниот град на мојот татко - Куманово.
На влезот од Куманово го избегнавме патот кој водеше до центарот и ја зедовме насоката кон пазарот. На влезот пред „Рим-Парис“ (Roma-Parigi) веќе не пречекаа првите lions-и тоа беа дел од постарите членови во клубот. Внатре пак, приказната зазеде сосема спротивен тек, на самиот влез во ресторанот не пречекаа најмладите членови од клубот. Ова е клубот кој минатата година повикот на нашиот меѓународен претседател др. Вин-Кун Там да веруваме во Lions клубовите како во наше семејство го прифатија целосно и во клубот ги приклучија своите најблиски.
Немаше простор за изненадувања, Lions клубот Куманово не е од оние кои би дозволиле изненадувања, а нивните досегашни и актуелниот лидер се токму вистинските локални лидери кои успешно го водеа клубот во сите досегашни години. Откако го договоривме протоколот на вечерта, на посебна маса не наместија „сите гости од Скопје“ - PDG Давидовски и VDG1 Кртолица, а потоа на истата маса доведоа уште неколку потенцијални членови на нивниот клуб. Немаше многу луѓе, но приближно 60 гости меѓу кои немаше ниту еден друг член освен оние со кои допатувавме заедно покажува за атрактивноста на идејата и движењето, но и за потенцијалот на овој клуб во неговата локална заедница.
Малку подоцна ни се придружи независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски со неговата сопруга Елизабета. Обајцата, барем по посветеноста на градот се потенцијални членови на клубот, а Елизабета ја познавам уште од времето кога одев во забавиште во тогашното ОУ „29 Ноември“ а сега ОУ „Војдан Чернодрински“ - скопјанка на „привремена работа во Куманово“ еве веќе 8 години. Заедно поседовме приближно половина час, а потоа заминаа, рекоа дека мораат во ресторанот „Грација“ на манифестацијата „Вкусно е, од Куманово е“. Очигледно 5тата годишнина на Lions клубот Куманово има сериозна конкуренција. Токму во тој миг и во нашиот ресторан почнаа да ја изнесуваат храната, барем да покажат дека вкусна храна има и кај нив.
На почетокот на свечениот дел од вечерта најпрвин не поздрави актуелниот претседател на клубот, а потоа добив можност да ги поздравам сите присутни. Во моето обраќање меѓу другото зборував за работењето на клубовите и служењето на заедницата, а ги споменав и критериумите за Club Excellence Award. Ја искористив единствената можност да ги поздравам и да им заблагодарам за приемот на новите членови, како и на успешното служење на Куманово и кумановчани во изминатите пет години. Се обидов да евоцирам спомени па реков дека се сеќавам како пред пет години, во 2008 на крајот на јануари, се возевме со моите пријатели од клубот кон Куманово. Бевме неколкумина, стиснати во црвениот Spark на Даница Дончовска чиниш толку е тесно внатре. Оние што паметат, знаат меѓутоа дека тоа не беше од просторот, туку од студот надвор. Мраз на патот, минусни температури, но многу, навистина многу ентузијазам за работа во заедницата и служење на луѓето околу нас. Реков дека овој пат, јас возев, а со мене не беа моите клубски пријатели, но ентузијазмот е се уште висок. Единствената разлика е дека сега служам на заедницата како гувернер на нашиот дистрикт, а богами и времето ни најмалку не потсетува на условите од пред пет години. Беше тоа еден од потоплите денови во зимата.
Тоа беше вистинскиот момент, ги повикав Мирјана Атанасовска, претседател 2008/2009; Марјан Димитриевски, претседател 2009/2010; Сузана Димитриевска, претседател 2010/2011; Гоце Божурски, претседател 2011/2012; и се разбира Драган Петковски, претседател 2012/2013 за да им посакам да продолжат да го чуваат клубот и да го развиваат понатаму. На сите нив им доделив Certificate of Appreciation за нивната работа и за 5тата годишнина на Lions клубот Куманово.

НЕКА Е НА МНОГУ ГОДИНИ!

Sunday, March 31, 2013

LIONS YOUNG AMBASSADOR 2013

На 23 овој месец, во просториите на NOVA International Schools во Скопје, се одржа првиот Национален натпревар за избор на Најдобриот Lions млад амбасадор на 21от век. Организатори на изборот беа Lions клубот Скопје МАКЕДОНИЈА New Century во партнерство со NOVA International Schools, а избраниот амбасадор, победникот на натпреварот, ќе биде нашиот претставник на натреварот за Најдобар млад амбасадор на 21от век на Европскиот Lions форум во Истанбул, Турција во октомври/ноември 2013 година.

Оваа година помеѓу 12 кандидати, соработници, помагачи, или пак партнери во служба, на нашите Lions клубови, односно членови во нашите Lions и Leo клубови се бараше млад лидер во заедницата ќе претстави свој проект за натамошен ангажман во заедницата и ќе говори на темата „Јас - In a World of Service“. Пријавените кандидати беа оценувани од специјално составена жири комисија во состав: група образование Венера Новаковска (NOVA International Schools) и проф. д-р Нинко Костовски (Универзитет американски колеџ – Скопје); група локална заедница Дивна Пешиќ (академски сликар и олимпиец) и Влатко Стефановски (композитор, гитарист, уметник); група бизнис заедница Луиза Камиловска (Орифлејм – Македонија) и Божидар Јанковски (Дајнерс Интернационал). Жири комисијата во оценувањето ги зеде предвид посветеност на служењето на заедницата на секој од кандидатите, нивните лидерски способности, академското портфолио итн. По говорот, односно презентацијата, секој од кандидатите имаше кратко интервју со членовите на жири комисијата, а често пати како поставувачи на прашања се јавуваа и некои од ентузијастите постари lions-и од публиката. 
Беше исклучително интересно да се слушнат презентациите и настапите на секој од учесниците. Нема подобар доказ од фактот дека во публиката од почеток до крај останаа приближно педесетина lions-и и други гости, кои и покрај тоа што натпреварот беше најавено да трае два, а траеше вкупно четири часа останаа. По завршувањето еден од членовите на жирито дури изјави дека заминува дома уверен дека има надеж за оваа држава каде младите се толку храбри и креативни. 



Сите учесници беа победници, поради храброста, креативноста, самодовербата, нивните досегашни ангажмани и поддршката која ни ја укажале на многу пати. Сепак, претставникот на дистриктот можеше да биде само еден. На крајот, по долга и тешка дебата беше прогласен победникот: Симона Сарафиновска, член на Leo клубот Скопје ЛУМОС и ученичка во NOVA International Schools која од дистриктот доби трофеј и диплома. На останатите учесници им беа доделени благодарници за нивното учество и им беше повторено очекувањето дека треба да ги видиме и следната година. Благодарница имаше и за секој од членовите на жирито за нивното партнерство и поддршката во реализирањето на проектот. Да се надеваме дека следната година ќе има повеќе учесници и уште многу интересни проекти.

THE MONTH OF INTERNATIONAL COOPERATION

Во месецот на меѓународната соработка добив извонредна можност да отворам нова страница во соработката на нашиот дистрикт со дистриктот 130 Бугарија. Секогаш доволно близу, но никогаш со толку ентузијазам за промена и подобрување на односите помеѓу обата дистрикти и народите на двете страни од границата како годинава. Гувернерот на дистриктот 130, Екатерина Игнатова од Софија, досега во повеќе наврати се обиде да ја отвори соработката на дистриктите, а конечно првата посета на некој наш актуелен гувернер се случи на 16 март 2013 година. Бугарските lions-и годинава на нивната национална прослава на Lions денот во Обединетите нации беа удостоени од повеќе меѓународни гости, поранешниот меѓународен директор Несим Леви од Турција, поранешниот гувернер на дистрикт и Европски ареа лидер за GMT Ханс-Петер Фишер. Таму беше и вице-гувернерката од Турција Бирсен Леви, а се разбира бевме и јас со мојата сопруга и партнер во Lions служба. 

Домаќините се беа потрудиле исклучително многу настанот да биде интересен и запаметен. Најнапред го избрале прекрасниот и супер модерен хотел ХИЛТОН во Софија за место на одржувањето на настанот; потоа составиле мошне интересна програма, а одбрале и многу интересн гостин говорник; на крајот, паралелен настан на прославата беше и бугарскиот институт за нови лидери кој обединуваше не само учесници од клубовите од Бугарија ами и странци. Сите овие слушатели беа дел од одбележувањето.

Пред почетокот на одбележувањето имав можност да го слушам поранешниот гувернер на дистриктот Неделко Младенов во неговото предавање за јавни настапи и говорништво од кое и покрај сите настапи на ораторските вечери и сето учење за Реториката имав можност да научам и јас.

Во единасет часот сите се наредивме за влез во салата и посета на Националниот Lions ден во Обединетите нации. На влезот од салата „Четири годишни времиња“ банер на дистриктот на кој секој од присутните требаше да остави трага за своето учество, автограми на сите пристуни lions-и, а малку потаму специјална маса на која храбрите учесници можеа да си ги пробаат вештините во правење леб. Меѓу храбрите бевме обајцата македонски учесници на настанот. Рековме ова е можност да бидеме вистински дел од настанот.


Тема на прославата беше лебот и неговите терапевтски својства. Многу lions-и, многу националности, но еден ист производ. Организаторите ветија дека секое замесено парче ќе можеме да ги пробаме веднаш по завршувањето на програмата. 

Како и вообичаено големите lions собири треба да ги искористиме за да им заблагодариме на сите наши соработници и помагачи за нивниот ангажман. Гувернерката Екатерина го стори токму тоа, им заблагодари на сите, нејзините претходници, нејзините соработници, на нејзините lions-и, а на крајот и на нејзините гости. 

Програмата за одбележување на Lions денот во ООН во Бугарија беше посветена на д-р Надежда Савова, професор на Принстон Универзитетот во САД, антрополог на традиционалната кујна, истражувач, патеписец, прогласена за патувач на годината 2012 од National Geographic магазинот. Д-р Савова воедно е основач на меѓународната организација „Куќа на лебот“ каде успешно ги комбинира митологијата на лебот и печката, со лебната терапија во подобрувањето на заедницата во која служи. Во 20 минутното предавање успеавме да слушнеме безброј работи кои навидум познати ни дадоа сосема ново видување за лебот и митологијата поврзана со него. Почнувајќи од печката во која се пече лебот и пештерата во која е роден Исус Христос, па до именувањето на лебот како „телото Христово“ секоја приказна се повеќе наликуваше на оние кои нашите баби ни ги раскажуваа дури месеа леб, или пак не молеа да каснеме залак пред да отрчаме одново по топката. Следуваше претставувањето на бугарскиот победник од натпреварот за еко-фотографија, интересна фотографија од пештерска уметност која своето светло на денот веќе го беше видела во National Geographic Traveler магазинот, како и претставувањето на други успеси на дистриктот во изминатата година. Крајот на прославата го одбележа мирисот на тазе испечен леб и прекрасните вина на винаријата „Ахаја Клаус“ основана во далечната 1854 година во Патрас, Грција, кои во Софија ги претстави lion Христос Мојсидис од Lions клубот ПАТРАС од Грција. Со „телото и крвта Христови“ (н.з. леб и вино) наздравивме за успесите на Lions дистриктот 130 Бугарија и идната поблиска соработка со нашиот Lions дистрикт 132 Македонија. Служиме - за многу години!

COMMITTEES OF THE 5th NATIONAL CONVENTION

На својата последна седница, 23 март 2013 година, Кабинетот на дистриктот ги утврди и комитетите за спроведување на националната конвенција 2013 година. Во продолжение следуваат комитетите, нивната организација и надлежности, како и нивниот состав:

КОМИТЕТ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА И АКРЕДИТАЦИЈА 
Комитетот за сертификација и акредитација на Националната конвенција ќе го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, Секретарот на кабинетот и двајца други членови, кои не се од редот на функционери на конвенцијата. Комитетот за акредитација ќе ги има овластувањата за сертификација на пријавените делегати/алтернативни делегати и акредитација на нивното учество на конвенцијата. 
СОСТАВ НА КОМИТЕТОТ: 
  1. Андреја СТОЈКОВСКИ, Гувернер на дистриктот; 
  2. Давор КАРАКАШЕВ, Секретар на кабинетот; 
  3. ЧЛЕН 1: Лилјана ВЕЛЈАНОВСКА;
  4. ЧЛЕН 2: Сашо ЉУШЕВСКИ;


КОМИТЕТ ЗА ИЗБОРИ
Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за избори составен од претседавач и двајца членови. Секој од номинираните кандидати за било која од функциите во дистриктот ќе има можност да предложи набљудувач во комитетот. 
Комитетот ќе биде задолжен за спроведувањето на изборите (подготовка на материјали, прибирање на гласачките ливчиња, пребројување на гласовите, разрешување на спорови околу гласањето и тн. Одлуката на комитетот е конечна и обврзувачка. 
СОСТАВ НА КОМИТЕТОТ: 
  1. Давор КАРАКАШЕВ, Секретар на кабинетот; 
  2. ЧЛЕН 1: Димитар ПАНЧЕВСКИ, Координатор во Кабинетот на дистриктот; 
  3. ЧЛЕН 2: Соња БОЈАЏИЕВА, GMT Координатор; 
  4. НАБЉУДУВАЧ 1: Гоце БУРЗЕВСКИ
  5. НАБЉУДУВАЧ 2: Марјан ТАЛЕВ;
  6. НАБЉУДУВАЧ 3: Константин ЦВЕТАНОВ;


КОМИТЕТ ЗА РЕЗОЛУЦИИ 
Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за резолуции составен од претседавач и двајца членови. 
Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на работата на конвенцијата и утврдување на нацрт-резолуциите кои ќе бидат усвоени на конвенцијата. 
СОСТАВ НА КОМИТЕТОТ: 
  1. Ангел ГЕОРГИЕВСКИ, Поранешен гувернер на дитриктот; 
  2. ЧЛЕН 1: Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ, GLT Координатор;
  3. ЧЛЕН 2: Давор КАРАКАШЕВ, Секретар на кабинетот;


КОМИТЕТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА 
Комитетот за организација на конвенцијата ќе го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, еден од поранешните гувернери на дистриктот како заменик претседавач и петмина членови. 
Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на конвенцијата, мотивирање на клубовите за нивно учество на конвенцијата, утврдување на локациите за одржување на конвенцијата и сите дополнителни настани, организирање на учеството на меѓународните гости и сл. 
СОСТАВ НА КОМИТЕТОТ: 
  1. Андреја СТОЈКОВСКИ, Гувернер на дистриктот; 
  2. Небојша ДАВИДОВСКИ, Поранешен гувернер на дитриктот; 
  3. ЧЛЕН 1: Слободан ВУКИЌЕВИЌ, Претседавач на регион; 
  4. ЧЛЕН 2: Александар МАТЕВСКИ, Претседавач на зона; 
  5. ЧЛЕН 3: Давор КАРАКАШЕВ, Секретар на кабинетот; 
  6. ЧЛЕН 4: Михајло ШИРГОСКИ, Претседавач на регион;
  7. ЧЛЕН 5: Пеце ПЕТРЕСКИ, Претседавач на зона;

5th NATIONAL CONVENTION CALENDAR

На својата последна седница, 23 март 2013 година, Кабинетот на дистриктот го утврди календарот за спроведување на националната конвенција 2013 година. Во календарот се вметнати сите активности на дистриктот, но и оние на клубовите кои и претходат на конвенцијата. Помеѓу вклучените активности на календарот е и известувањето за резултатите од конвенцијата кое следува по завршувањето на конвенцијата.

1. НАЈАВА ЗА НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА - 01 април 2013 година
Гувернерот на дистриктот ќе направи најава за 5тата Национална конвенција на почетокот на месецот во кој се прават триесет (30) дена пред датумот утврден за нејзиното одржување. Во најавата ќе биде назначен денот на одржување на истата.

2. РЕЗОЛУЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА - 16 април 2013 година

Клубовите во дистриктот ќе можат да упатат предлог на резолуција најдоцна петнаесет (15) дена од датумот во кој е направена најавата за 5тата Национална конвенција. 
3. РЕЗОЛУЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА - 21 април 2013 година
Секретарот на кабинетот сите примени предлози за резолуции ќе ги достави до Комитетот за резолуции за претходно разгледување најдоцна пет (5) дена од завршувањето на рокот за предлагање, а најдоцна на денот на упатувањето на отворениот повик за Националната конвенција и до сите клубови во дистриктот. 

4. ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА - 
24 април 2013 година
Гувернерот на дистриктот ќе упати отворен повик до целото членство за учество на 5тата Национална конвенција најдоцна триесет (30) дена пред датумот утврден за нејзиното одржување. Во отворениот повик ќе бидат назначени локацијата, местото на одржување, денот и часот во кој истата ќе започне. 

5. КЛУЧЕН ДАТУМ, ИЛИ ПРЕСЕК ЗА УЧЕСТВО НА КОНВЕНЦИЈАТА - 01 мај 2013 година 
Сите новопријавени клубови, односно сите новопријавени членови во постојните клубови заклучно со утврдениот датум ќе бидат земени предвид при пресметувањето на бројот на дозволени делегати од клубовите. 

6. ПРИЈАВИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА - 10 мај 2013 година 
Клубовите во дистриктот откако ќе одлучат за своите делегати/алтернативни делегати ќе ги достават пријавите за нивна сертификација најдоцна до почетокот на месецот во кој се одржува конвенцијата, а барем десет (десет) дена по упатувањето на отворениот повик за истата. 

7. ПРИЛОЗИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНИОТ И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ - 10 мај 2013 година 
Клубовите во дистриктот ќе ги одберат своите најуспешни активности (најмногу 5) од 2012/2013 година и за истите ќе достават фотографии и текст за објаснување (текстот може да биде најмногу од 150 карактери) кои ќе бидат вклучени во првиот дел од годишниот извештај посветен на работата на клубовите. Избраните материјали клубовите ќе ги достават до Секретарот на кабинетот најдоцна петнаесет (15) дена по упатувањето на Отворениот повик за националната конвенција. 

8. ДНЕВЕН РЕД НА КОНВЕНЦИЈАТА - 14 мај 2013 година 
Гувернерот на дистриктот ќе го утврди дневниот ред на Националната конвенција и истиот ќе го достави до сите клубови најдоцна десет (10) дена пред одржувањето на истата. 

9. УЧЕСТВО НА КЛУБСКА ВЕЧЕР - 19 мај 2013 година 
Секој член на дистриктот може да учествува на „Клубската вечер“ која се организира на 24 мај 2013 година. Пријавите на учесниците и уплатата на сумата за вечерата ја прави секретарот на секој клуб најдоцна пет (5) дена пред одржувањето на настанот. 

10. МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОНВЕНЦИЈАТА - 19 мај 2013 година 
Секретарот на кабинетот ќе ги достави на сите пријавени делегати/алтернативни делегати поголемиот дел од материјалите за конвенцијата вклучувајќи ги тука и годишниот и финансискиот извештај, предлозите за резолуциите, како и биографиите на кандидатите за офицери на дистриктот најдоцна пет (5) дена пред почетокот на конвенцијата. 

11. ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ - 19 мај 2013 година 
Комитетот за избори ќе го утврди конечниот изглед на гласачкото ливче најдоцна пет (5) дена пред одржувањето на конвенцијата. 

12. ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗАВРШЕНАТА КОНВЕНЦИЈА - 24 јули 2013 година 
Секретарот на кабинетот во рок од шеесет (60) дена по затворањето на Националната конвнеција, ќе достави една копија од официјалниот извештај од Конвенцијата до Меѓународната асоцијација. На барање на одреден клуб од дистриктот ќе му биде доставен истиот извештај. 

Monday, March 25, 2013

THIRD DISTRICT CABINET MEETING

На 23 март 2013 година, со почеток во 11.00 часот, во NOVA International Schools во Скопје се одржа третиот состанок на Кабинетот на дистриктот.
Точка 1 - Статус на дистриктот и развој на членство и лидерство во 2012/2013
    • Извештај од одржаната координативна средба за GMT/GLT со Тимот на гувернерот на дистриктот од 06 февруари 2013 година.
  1. Кабинетот на дистриктот констатираше дека поради финансиска суспензија беа загубени 9 клубови од кои 2 веќе беа вратени во активен статус, а 1 клуб (ВОДНО) донесе одлука за самораспуштање. Долгот кон LCI  е подмирен и од страна на Lions клубот ШТИП, за кој останува да се заврши процесот на реактивација.
  2. Кабинетот одлучи приорет во наредниот период да имаат членовите и оттаму заклучи дека ќе се направат напори за реактивација на сите паднати клубови, односно ќе се префрлат дел од членството на клубовите ТУМБА и ВОДНО во другите клубови.
  3. Задолжени за реактивација на клубовите и задржување на членството од претходниот заклучок се:
    1. ВОДНО (членство) – Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
    2. ДЕНАРИУС – Небојша ДАВИДОВСКИ;
    3. ТУМБА (членство) – Александар МАТЕВСКИ;
    4. ШТИП – Даница ДОНЧОВСКА;
    5. ПРОБИШТИП – Драги ФИЛЕВСКИ;
    6. РАДОВИШ – Слободан ВУКИЌЕВИЌ;
    7. СТРУГА – Андреја СТОЈКОВСКИ.
  1. Кабинетот на дистриктот го поздрави регистрирањето на Lions клубот Битола БАС и им посака добредојде на 24 нови членови. Исто така, Кабинетот ја прифати информацијата за организација на Lions клубот Скопје ХИПОКРАТ и Lions клубот Скопје ДИПЛОМАТИК.
  2. Кабинетот заклучи да се обноват сите напори за основање на нови клубови во Кавадарци, Неготино, Ресен, Свети Николе, Дебар на Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, како и основањето на уште еден клуб во Струмица – ОДГОВОРЕН за координација на овие напори е GMT координаторот на дистриктот – Соња БОЈАЏИЕВА.
  3. Сите зонски претседавачи во наредниот период, а најдоцна до 15 април 2013 година ќе организираат средби на Советодавните комитети, со своите клубови од зоните, а ќе направат и посета на секој од своите клубови. На средбите: ќе ја потенцираат потребата секој клуб порасне барем за еден (1) член, односно да брои најмалку 25 членови; ќе посочат на потребата натамошно следење на програмата на активности и пријавувањето на истите; ќе посочат на критериумите за CLUB EXCELLENCE AWARD; како и на подготовките за учество на претстојната Национална конвенција и потребата од што поголемо учество на клубовите на истата. Своите извештаи зонските претседавачи, заедно со забелешките за работата и функционирањето на постојните клубови ќе ги изнесат на 4тата средба за координација за GMT/GLT на 15 април 2013 година.
  4. До следната средба за координација за GMT/GLT која ќе се одржи на 15 април 2013 година, а во насока на подобра подготовка на зонските претседавачи и особено оние кои оваа функција ќе ја извршуваат во текот на наредната година, GLT координаторот ќе одбере конкретни теми (точки) за обука соодветни за следните профили за сениор лидери: Guiding Lions, Претседавачи на регион и Претседавачи на зона, по кои ќе биде спроведена обука, односно ќе им бидат поделени за нивно натамошно користење.
  5. Кабинетот го прифати планот за организирање на Worldwide Induction Day на 13 април 2013 година и предвидениот распоред на офицери и учесници; притоа утврди дека:
    1. најдоцна до среда, 27 март 2013 година, ќе бидат утврдени локациите за одржување на настанот и предвидениот говорник од локалната заедница – ОДГОВОРЕН е овластениот офицер за воведување во членство;
    2. најдоцна до среда, 27 март 2013 година, ќе биде изработена единствена презентација за основите на нашето движење во светот и во Македонија која ќе биде доставена до сите утврдени предавачи – ОДГОВОРЕН е GLT координаторот на дистриктот – Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ;
    3. Најдоцна до петок, 05 април 2013 година, ќе бидат отпечатени меморијални сертификати за сите новопримени членови кои ќе учествуваат на настанот – ОДГОВОРЕН е Давор КАРАКАШЕВ;
    4. На настанот ќе бидат поканети да учествуваат спонзорите на новите членови, другите постојни членови на клубовите и потенцијални членови од други градови каде што не постои Lions клуб.
  1. Покрај редовните работни обврски и координацијата на проекти, региските претседавачи во наредниот период ќе треба да се фокусираат на послабите клубови и да се погрижат истите да издржат до крајот на годината, да се стабилизираат и да го подобрат статусот на своето членство, а ќе работат и на развојот на ново членство:
    1. Елизабета СРБИНОВСКА-КОСТОВСКА ќе помогне во задржувањето и зајакнувањето на клубовите: ТЕТОВО и КАЛЕ; а ќе работи на основање на Кампус клуб во Скопје со студенти и наставници од Медицинскиот факултет; Фармацевтскиот факултет и Стоматолошкиот факултет;
    2. Љубица АНГЕЛКОВА-МАНГОВСКА ќе помогне во задржувањето и зајакнувањето на клубовите: ХЕРАКЛЕЈА; УИСТ; ПРИЛЕП и ДЕМИР ХИСАР; а ќе работи на основањето на клубот во Ресен;
    3. Слободан ВУКИЌЕВИЌ ќе работи на задржувањето и зајакнувањето на клубот 33; а ќе помогне во основањето на Кампус клуб во Скопје со студенти и наставници од Медицинскиот факултет; Фармацевтскиот факултет и Стоматолошкиот факултет, како и новиот клуб во Струмица;
    4. Михајло ШИРГОСКИ ќе работи на задржувањето и зајакнувањето на клубовите ПАЈКО, МААЛО, ФЕНИКС, ВЕЛЕС и ИДАДИЈА; а ќе работи на можното основање на нов клуб во Битола.
  2. На истекот на Март 2013 година сите клубови оствариле 323 активности, во 16212 волонтерски часови и со вредност од 146.168 американски долари, притоа само 25 клубови оваа година известиле за своите активности.
Точка 2 - Годишна програма за 2012/2013

    • Извештаи од региските претседавачи и соодветни членови на кабинетот.
  1. Кабинетот на дистриктот заклучи дека поради финансиската состојба дистриктот не е во можност да ја спроведе програмата за младинска размена според утврдениот план.
  2. Кабинетот на дистриктот ги задолжи lion Марјан ТАЛЕВ и lion Зоран ТИЛЕСКИ да помогнат да се обезбеди сместување на пријавените 12 младинци во семејства во клубовите во Битола (Прилеп, Крушево и Кичево), односно во Охрид. Координаторот за младинска размена ќе ја следи состојбата и на следната координација за GMT/GLT на 15 април 2013 ќе го извести Тимот на гувернерот за резултатите и ќе препорача преземање на итни мерки.
ПОРАДИ НЕДОСТАТОК НА ВРЕМЕ РАСПРАВАТА ПО ОВАА ТОЧКА БЕШЕ ОДЛОЖЕНА, А ПРЕДВИДЕНИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ЌЕ БИДАТ ПРОСЛЕДЕНИ ВО ТЕКОТ НА ОВАА НЕДЕЛА ПО Е-ПОШТА.

Точка 3 - Известување за утврдени кандидатури за офицери на дистриктот за 2013/2014
    • Известување од состанокот на Тимот на гувернерот за усвојување на кандидатурите за гувернер на дистриктот 2013/2014 и прв и втор вице-гувернери на дистриктот за истата година.
  1. Тимот на Гувернерот за 2012/2013 на својот последен состанок ги прифати кандидатурите за гувернер на дистриктот, прв и втор вице-гувернери за 2013/2014 и препорача истите да бидат ставени на гласање на 5тата Национална конвенција.
  2. Усвоени се кандидатурите на следните lions-и:
    1. Lion Јелица КРТОЛИЦА за кандидат за гувернер на дистриктот за 2013/2014 година. Lion Кртолица досега ги вршела функциите претседател на својот клуб, претседавач на зона, претседавач на регион, втор вице-гувернер на дистриктот и во оваа година 2012/2013 служи како прв вице-гувернер на дистриктот.
    2. Lion Драги ФИЛЕВСКИ за кандидат за прв вице-гувернер на дистриктот. Lion Филевски досега служел на повеќе функции, меѓу кои претседавач на зона, претседавач на регион, а оваа година 2012/2013 служи како втор-вице гувернер на дистриктот.
    3. Lion Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ за кандидат за втор вице-гувернер на дистриктот. Lion Цветановски досега ги вршел функциите претседател на својот клуб, секретар во својот клуб, секретар на кабинетот, а во последните две години 2011/2013 служи како GLT координатор на дистриктот.
Точка 4 - Подготовки за организирање на 5. Национална конвенција на дистриктот
    • Утврдување на календар за 5. Национална конвенција на дистриктот и програма за конвенцијата. Именување на органи и тела за спроведување на конвенцијата, како и утврдување на листа на делегати на клубовите.
  1. Кабинетот на дистриктот го потврди датумот на 5. Национална конвенција на дистриктот за 24-25 мај 2013 година. Воедно кабинетот на дистриктот го утврди пакетот за 5. Национална конвенција на дистриктот кој ги содржи: Календарот за подготовки и одржување на Националната конвенција (прилог 1); Провизорната агенда за Националната конвенција (прилог 2); Формуларот за пријава на делегати и алтернативни/делегати (прилог 3); Формуларот за замена на делегати и алтернативни/делегати (прилог 4); Формуларот за сертификација на делегатите на Националната конвенција (прилог 5); Објаснувањето – често поставувани прашања за Националната конвенција (прилог 6);
  2. Кабинетот на дистриктот го утврди составот на работните тела за подготовка и спроведување на Националната конвенција:
    1. КОМИТЕТ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА И АКРЕДИТАЦИЈА - го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, Секретарот на кабинетот и двајца други членови, кои не се од редот на функционери на конвенцијата. Комитетот за акредитација ќе ги има овластувањата за сертификација на пријавените делегати/алтернативни делегати и акредитација на нивното учество на конвенцијата. Составот на овој комитет е: Андреја СТОЈКОВСКИ, гувернер на дистриктот; Давор КАРАКАШЕВ, секретар на кабинетот; Лилјана ВЕЛЈАНОВСКА, член (Lions клуб БИТОЛА); Сашо ЉУШЕВСКИ, член (Lions клуб Охрид ДЕСАРЕТИ).
    2. КОМИТЕТ ЗА ИЗБОРИ - Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за избори составен од претседавач и двајца членови. Секој од номинираните кандидати за било која од функциите во дистриктот ќе има можност да предложи набљудувач во комитетот. Комитетот ќе биде задолжен за спроведувањето на изборите (подготовка на материјали, прибирање на гласачките ливчиња, пребројување на гласовите, разрешување на спорови околу гласањето и тн. Одлуката на комитетот е конечна и обврзувачка. Составот на овој комитет е: Давор КАРАКАШЕВ; Димитар ПАНЧЕВСКИ; Соња БОЈАЏИЕВА; Гоце БУРЗЕВСКИ (набљудувач за lion Кртолица); Марјан ТАЛЕВ (набљудувач за lion Филевски); Константин ЦВЕТАНОВ (набљудувач за lion Цветановски).
    3. КОМИТЕТ ЗА РЕЗОЛУЦИИ - Пред конвенцијата, гувернерот на дистриктот ќе именува комитет за резолуции составен од претседавач и двајца членови. Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на работата на конвенцијата и утврдување на нацрт-резолуциите кои ќе бидат усвоени на конвенцијата. Составот на овој комитет е: Ангел ГЕОРГИЕВСКИ; Димитар ПАНЧЕВСКИ; Звонимир ЦВЕТАНОВСКИ.
    4. КОМИТЕТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА - Комитетот за организација на конвенцијата ќе го сочинуваат Гувернерот на дистриктот, како претседавач, еден од поранешните гувернери на дистриктот како заменик претседавач и петмина членови. Комитетот ќе биде задолжен за подготовка на конвенцијата, мотивирање на клубовите за нивно учество на конвенцијата, утврдување на локациите за одржување на конвенцијата и сите дополнителни настани,  организирање на учеството на меѓународните гости и сл. Составот на овој комитет е: Андреја СТОЈКОВСКИ; Небојша ДАВИДОВСКИ; Михајло ШИРГОСКИ; Слободан ВУКИЌЕВИЌ; Александар МАТЕВСКИ; Пеце ПЕТРЕСКИ.